Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Go izgubile ili im izbegalo kuceto?
Stom pronaogacot gi nasol gazdite,a ne obratno, toj ne ni zasluzuva da go cuva. Se gleda i od nagradata sto ti ja dale.
Е тоа веќе незнам, знам само дека мајка ми ги нашла луѓето и дошле да си го земат кучево, а што понатаму ќе прават нивна работа, сеедно мајка ми не би го чувала, ни има услови за тоа.
 
Здраво, да прашам. Имам хаска 5 години стар.

Денеска забележав како да му е изретчено крзното под окото(1 см2) и како иритирана изгребана кожа да му е.

Како да препознаам шуга и сл?

Инаку го чувам во двор, изолиран од други животни освен кога го шетам.

И да додадам, пред десет дена додека го шетав се задави со скитник и има рана на носот што никако да му заздрави целосно. Контактирав ветеринар, ми кажа дека од ладново поспоро му зараснува.
 
Купи Бетадин за надворешна употреба од аптека. Тоа е всушност јод и се користи за дезинфекција на кожата и спречува инфекции. Купи и памучиња. Мачкај ги и двете рани со бетадинот два пати дневно. Тенок слој. Ако за 2 дена не гледаш дека се тргнати накај заздравување носи го на ветеринар.
 
Приметив дека на кучево сосема малку носот од скроз црн малку како на розе боја почна да добива, ама ептен бледо, по средината. Можно ли е да е од ладново и дали ќе му се врати пигментот дали некој знае?
 
Кај жолтиве лабрадори знае тоа да се случува, ако имаат црн нос на крајот носната печурка им станува розеникава во зимскиот период. Потоа си се враќа назад. Така да мислам дека е истиот случај.
 
Здраво, може ли да ми пише порака некој што чува/л самојед, или некој што се разбира во дресирање на кучиња, ме интересираат некој работи. Фала, поз.
 
Здраво, може ли да ми пише порака некој што чува/л самојед, или некој што се разбира во дресирање на кучиња, ме интересираат некој работи. Фала, поз.
Дресирање САМОЈЕД GOOD LUCK MY FRIEND, еве после 5 години чување на расата морам да признаам дека има напредок одличен сум во однесување, мирен на прошетки и многу слушам. Знам дека бев тежок за дресура ама затоа сега сум одличен сопственик кој нема веќе нерви да се расправа со тврдоглави кучиња.

Се надевам разбра што сакав да ти кажам со тоа погоро, ако нешто ти значи со таткото на едно од моиве дресер работеше скоро 3 години и на крај дресерот се откажа
 
Не ми е проблемот дресирањето, го чувам само 1 недела, вдомено од улица, старо е 7-8 месеци, кога ќе кажам седни и го допрам само над опашката седнува, кога го водам на поводник и кажам застани/ седни го прави тоа, исто кога ќе му фрлам нешто ми го враќа само не го пушта и сака да си игра. Проблемот ми е лаењето, го чувам во голем двор, ама кога е само почнува да лае... кога ќе искочи некој е мн мирно... лае и гледа цело време накај вратата од куќата кога е само, посебно навечер, преку ден не толку. Некое чаре ?
 
Еми чаре..... не сака да биде само. Или да пробаш да го чуваш внатре, ако си во можност или, штом е голем дворот, вдоми уште едно куче за да му прави друштво. Ако и ова не бива, можеш та пробаш со разни играчки, ама тие се слаба замена за друштво.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: X3m
Еми чаре..... не сака да биде само. Или да пробаш да го чуваш внатре, ако си во можност или, штом е голем дворот, вдоми уште едно куче за да му прави друштво. Ако и ова не бива, можеш та пробаш со разни играчки, ама тие се слаба замена за друштво.
Играчки му купив 5 уште првиот ден кога го вдомив, 3 се некаде закопани, 1 не сака ни да ја види, а омилена и е јажето за теглење но за тоа треба 2ца :D Размислував да вдомам уште едно куче кое многу ми се допадна, но моментално не сум финансиски подготвен, но понатаму ќе биде и тоа.
 
Дали имал некој проблем со куче и трева во двор и како го решил? Од прекрасна трева прво имавме скапана а сега немаме никаква, само земја остана :D. Некое поотпорно семе да се земе или што? Кој има совет го молам да сподели.
 
Дали е можно да се спарат кучиња, без да се залепат?
Пошто 3 дена имам кучка дома и песов мој само пробува нешто, ама не знам дали дошло до тој момент.
 
Здраво сакам да земам Ротвајлер ја сакам премногу расата и затоа бидејќи сум почетник во чување куче би ве замолил да ми дадете совети тие што чувате кучиња како да го учам и како да му се наметнам како Алфа. Не пробајте да ме разубедите да не земам Ротвајлер зошто веќе сум се одлучил само кажете некои совети и препорачајте добра одгледувачилнинца.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom