Уште еднаш се покажа какво пиче од тренер е Алегриво.Последниве 4-5 меча тимов со 4 во одбрана играше солидно и уиграно и сега најде да игра со тројца во одбрана затоа што Лихт е суспендиран за утакмицава.Искочи со 3-5-2(ваљда ради одбраната Киелини-Бонучи-Барза,која патем беше катастрофа мечов) формација со која играме катастрофално сезонава и капак на све еден од тие тројца во средина ти е Стураро кој не знае топка да смири.Типов треба да влага само од клупа или по потреба против малите екипи ако некој е повреден или суспендиран,никако во прва постава особено во вакви мечеви.А го остави на клупа Пјанич кој има највеќе асистенции во тимов и е втор најдобар стрелец.Патем не ни влезе ни од клупа Миралем
Шест месеци поминаа а Алегри не најде соодветна формација да го искористи потенцијалов на тимот(кој несомнено го има).Треба што побрзо да се помири со фактот дека не е Конте и никад Јуве нема да игра онака добро во 3-5-2 како што играше под негово водство.Точка,крај на приказната.
Нека ја игра онаа формација за која има играчи и која ја фурал во текот на кариерата.Првата сезона кога дојде го наследи цел тим од Конте и природно беше бар во Серија А да игра со 3-5-2,али од тој тим денес остана само одбраната и Маркизио.Така да не проаѓа причата дека тимов е уигран во 3-5-2,кога денес,а и претходно се виде дека не е и дека боље се снаоѓаат играчите во 4-3-1-2 или 4-3-2-1.Напаѓачите доаѓаат во повеќе шанси и сме поопасни за разлика од денес каде во саат време игра немавме удар кон гол,па откако го стави Пјаца почнавме да играме нешто што пак не беше доволно за реми.А и незаслужено ќе беше да извадиме бод од гостувањево,ако глеаме реално.
Нејќам ни да ги коментирам за ова вечерва,катастрофа сите до еден.Кедира на последниве неколку меча не трча воопшто за позицијата која ја игра,нема ни придинес напред за разлика од лани каде не ретко знаеше да се уфрла и да дава голови.
Разочаран сум од повеќе работи не само ради ова вечерва,се изјавуваше дека после паузата ќе сме глеале нов Јуве уигран кој ќе атакува и во Серија А и во ЛШ,али од тоа не глеам ништо дури и бетер ми изглеа играва.Нема тренеров наш нит концепт нит примарна формација и по пола сезона помината,сеуште експерементира со формацииве и играчиве и тоа ни се враќа во глава и сега и со мечот со Џенова,Милан,Интер.Да не зборам дека бевме очајни и на многу други мечеви,а ги добивме ради некој индивидуален потег.
Сигурно дека и Марота има дел од кривица што не донесоа АМ или играч кој ќе замени некој од Погба/Видал,али доволно време имаше Алегриво да смисли некоја формација со која ќе ги покрие недостатоците на тимот.Го има и Игуаин кој е гол машина,Дибала,Пјаца,Куадрадо,Пјанич од офанзивциве и не глеам како и поред овие играчи успеавме денес со поставата што ја пушти од првата минута да неаме шут во гол 60 минути,Сфаќам дека Виола е секад незгодна екипа против нас и дерби меч и све,али девета на табела е побогу,не игравме против Баерн или Реал.
Така да нема оправдувања за ова до сега,рибата смрди од главата.