Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Барав твое лично мислење.
Мое лично мислење е секој кој ја злоупотребил функцијата мора да оди во затвор, вклучително и Никола Груевски доколку се докаже вината на независен судски процес.[DOUBLEPOST=1484069041][/DOUBLEPOST]
Значи дали некој ќе оди во затвор или не зависело од бројката на граѓани кои те подржуваат а не од обвиненија, докази и судски одлуки.

Ама нема везе, битно оние кои мораат да бидат македонци ќе бидат македонци.
Поентата на постот ми е далеку од таа што сакаш да ја прикажеш. Еве земи го на пример Рамуш Харадинај кој е обвинет за воени злосторства, но сепак скоро сите од неговата матична држава застанаа во негова одбрана. Доколку не излезеше од Косово, немаше да биде уапсен. Земи го вториот пример со Заев, позади кој застанаа 440К луѓе и е обвинет во неколку случаи. Доколку се случи да го затворат одма ќе биде судството обвинето за политички процес и ќе излезат тие 440К на протести. Исто ти е и со Грујо, додека има поддршка од партијата, тешко дека ќе може да се осуди.

Доколку било кој ја прифати платформата која ја испорачаа Албанците, тој полека ќе почне да ја губи поддршката од своите гласачи за да на крај заврши во затвор, па ако треба и со политички процес.

А како што кажа Фрчко, дури и да не се прифати платформата, секогаш ќе има место за сомнеж кај народот.

Значи правдата е едно, желбите се друго, а реалноста е трето.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
ДУИ ја демантира веста дека в петок ќе ја објави коалицијата ВМРО-ДПМНЕ. Веста попладнево како ексклузивна ја објави порталот на весникот на албански јазик Лајм.мк, повикувајќи се на неименувани партиски извори од ДУИ.

Сепак, во ДУИ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека не е вистина оти в петок ќе ја објават коалицијата. Во ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски вчера од претседателот Ѓорге Иванов го доби мандатот за нова влада, се недостапни за коментар на оваа вест од „Лајм“.

На денешната средба на ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери тема биле изборите и случувањата околу изборите, како и поддршката и легитимитет што Груевски ги имал како мандатар, рече Илија Димовски по средбата.

„Од оваа коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се дел сите помали етнички заедници во Македонија, имаше видливо негодување во врска со платформата и сведување на некаков си бинационален дијалог“, рече Димовски и додаде и дека за барањата на ДУИ, ставовите на ВМРО-ДПМНЕ биле посочени преку интервјуто на Груевски во „Дневник“.

Под наслов „ Ексклузивно: Груевски и Ахмети во петок ќе ја објават коалицијата, еве ги условите!“, „Лајм“ пишува дека иако го нема легитимитетот на албанските гласачи, ДУИ и нејзиниот претседател Али Ахмети се пред финализирање на разговорите за формирање на новата влада. Според партиски извори, врз основа на динамиката на преговорите, извесно е дека ќе се постигне договор до петок навечер, а се истакнува дека после последното интервју на Груевски за весникот Дневник“, ништо не е исто.

„До пред ова интервју расположението на ДУИ, вклучително и на самиот претседател Али Ахмети, беше убедливо против коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, изгледа дека Груевски преку ова интервју испрати неколку шифрирани пораки кои го исплашија Ахмети и ситуацијата веднаш се измени, велат партиски избори во ДУИ. Според нив, сменети се веќе и односите во преговорите и не е веќе ДУИ таа што ги поставува условите, туку условите ги диктира ВМРО-ДПМНЕ. Овие извори додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има список на кадри на ДУИ кои нема да ги прими во Владата, па дури ниту како преговарачи на оваа партија за постигнување на договор за коалиција“, пишува „Лајм“ и додава:

„ВМРО претпочита преговарачи да бидат Муса Џафери и Беким Незири, а не новите министри. Груевски прифатил некои од барањата на ДУИ, со кои оваа партија ќе го оправда договорот. Според сите изгледи, претседател на парламентот ќе биде од ДУИ, можеби и министерот на финансии, додека пак законот за јазиците ќе претрпи уште една козметичка измена, која ДУИ ќе ја претстави како голема победа. ДУИ формално, веројатно ќе го добие и Министерството за финансии, меѓутоа со овој ресор фактички ќе продолжи да раководи ВМРО-ДПМНЕ. Груевски, всушност, ќе ги прифати сите барања на ДУИ, но нивната реализација ќе остане за двете последни години од мандатот. ДУИ на овој начин ќе има алиби повторно да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, иако членството и Албанците се против, додека пак после две години ќе се прогласат нови предвремени избори, кои што ДУИ ќе ги искористи како алиби за да го оправда нивното неисполнување“.

„Лајм“ пишува дека се обиделе да контактираат со портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, но тој бил недостапен.

„Во ДУИ владее паника од реакцијата на Албанците кон оваа коалиција, затоа намерно е избран петокот вечерта, како термин за објавување на договорот, затоа што потоа следи викенд кога граѓаните вообичаено не се интересираат обично за политичките настани. Партиските извори велат дека владата ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ ќе ја гласаат и двата пратеника на ДПА, иако оваа партија нема да има ниту министри, ниту функционери во извршната власт“, пишува „Лајм“.

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.176
Поени од реакции
16.311
1. Зошто кај Рама не беше и Заев, па да си расчистат се со разноразни платформи и друго?
2. Зошто Заев 24/7 виси кај амбасадори, а сега кога е важно не оди кај францускиот да ја среди работата со неговиот пријател Харадинај?
Сега ни се закануваат анонимуси со акции на Балканот... нека прават акции, ама во Париз, не тука, таму си е уапсен овој
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.293
Владе ај сега што може да се случи. Ај размисли убаво што ќе се случи. Веќе напишав дека ќе падне пазар со Албанците доколку некоја партија прифати коалиција а барањата на Албанците се дебели. Допрва доаѓа најлошото ќе ти стане јасно понатаму на што сум мислел цело време. Можеби и нема, се надевам дека грешам...
.
Ти тоа што го мислиш јас сум го напишал тука месеци месеци претходно, можеби и години.[DOUBLEPOST=1484082713][/DOUBLEPOST]
Треба да направат праксата да стане стандард пред македонските судови.

Утре со комшијата кога ќе се спориш за меѓа, судот ќе одлучи врз основа на тоа кој ќе донесе повеќе луѓе како подршка.

Ете така они ја перцепираат судската власт. Чим 450 илјади го гласале, нема зошто да оди во затвор.
Касниш малце, добро не малце туку тро повеќе. СДСМ си ја воведе таа пракса многу многу оддамна ама не видов дека нешто се бунеше околу тоа тогаш. Се сеќавам оддамна беше го фатија еден жив дека во нивата си посадил марихуана. Арно ама тој некој да ти биди локален угледен селанец од СДСМ. И нормално протести пред судот, море коси корнење, море телевизии, море новинари, политички хајки, местенки што ти ли не. Налет тоа тој угледен член од СДСМ имал и неколку пријави поткрепени со лекарско дека женаму му служела како боксерска вреќа на која редовно си вежбал.
Немораш да ми веруваш на збор, слободно провери. Намерно не ти кажувам за кој станува збор за да се помачиш малце и сам да откриеш и после дојди и кажувај ни од кога е воведена таа пракса и од кој.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сакам да го прашам господинот @Ѓорѓи Н. , познат експерт по Уставно право, по кој член од Уставот Претседателот Иванов му го даде мандатот на Груевски и дали таквата постапка е согласно или е спротивна на Уставот.
Да, според уставот е. Партијата со најмногу пратеници.

Член 90

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Инаку, мислам дека ова е многу непрецизно дефинирано и дека треба да се прецизира точно постапката, сем ако не е дефинирана во некој друг закон.

А јас не сум експерт, туку само за уставноста на СЈО сум дискутирал, читајќи го членот во уставот во врска со јавното обвинителство.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Да, според уставот е. Партијата со најмногу пратеници.
Да а? А тие пратеници гласаа ли за да Грујо биде мандатар? 61 пратеник имаат на хартија, дали тие 61 гласаа? Вака ли се почитува Уставот? Па уште глуп се праиш.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Да а? А тие пратеници гласаа ли за да Грујо биде мандатар? 61 пратеник имаат на хартија, дали тие 61 гласаа? Вака ли се почитува Уставот? Па уште глуп се праиш.
Повеќе пати сум ти рекол да не бидеш простак. Разговарај човечки, не користи уличарски навреди.
Претседателот мандатот го дава на најбројната „пратеничка група“ според изборите. Според твоиве толкувања, на никого не треба да го даде мандатот, сите имаат пратеници на хартија. Сега зборуваме за почитување на уставот. Затоа владата се гласа во Собранието.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Да, според уставот е. Партијата со најмногу пратеници.

Член 90

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Инаку, мислам дека ова е многу непрецизно дефинирано и дека треба да се прецизира точно постапката, сем ако не е дефинирана во некој друг закон.
O, eксперте колку си грешка, цитираш член а погоре кажуваш своја интерпретација. Не е на партијата/партиите со најмногу пратеници, убаво си вика Уставот, на оној кој има мнозинство пратеници, а од 120, 51 не е мнозинство. Но во делот дека е непрецизно дефинирано си во право, претходно никогаш не се поставило како прашање затоа што секогаш разликите во пратеници биле поголеми, во ваков случај се работи за кршење на Уставот, требаше партиите од моментот кога ги добија уверенијта за пратеници до истекот на рокот за давање мандат да состават постизборни коалиции и да му укажат за тоа на Претседателот за да го даде мандатот.

Чудно како ти ревносен борец за Уставот не реагираше на оваа очигледно прекршување на истиот.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Повеќе пати сум ти рекол да не бидеш простак. Разговарај човечки, не користи уличарски навреди.
Претседателот мандатот го дава на најбројната „пратеничка група“ според изборите. Според твоиве толкувања, на никого не треба да го даде мандатот, сите имаат пратеници на хартија. Сега зборуваме за почитување на уставот. Затоа владата се гласа во Собранието.
Се праиш глуп значи, за да не признаеш дека врска немаш. Не треба ли да го гласаат мандатарот? Нели тие 61 пратеник да гласаат ЗА Грујо? Не е така ли? Сите имаат да, затоа фикусот требаше на тој што ќе собере 61 пратеник да му го даде мандатот а не на тој што на хартија има. Од кај знаеш дека кога би го гласале Грујо мандатар дека 61 пратеник ќе има? Може 51 ќе има. Затоа треба фикусот да каже, да Вмро победи Грујо треба да е мандатар, повелете 61 пратеник гласајте го. Ако нема тогаш вториот. Јасно ли ти е ова или пак по твое ќе тераш?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
...пратеници до истекот на рокот за давање мандат да состават постизборни коалиции и да му укажат за тоа на Претседателот за да го даде мандатот.
Чудно како ти ревносен борец за Уставот не реагираше на оваа очигледно прекршување на истиот.
Размислувањава се сосема на место, „о аматеру“, ама кога се толкуваат правни норми не треба да се толкува по свое видување или емоции, како ти сега. Ова е само твое видување „како треба“, ама не е дефинирано во уставот (или закон) па не оди тоа така. Како може да се достават предизборни коалиции? А што ако некој „лаже“? Како можеш да бараш од пратеници да „потпишат“ дали и како ќе гласаат во однос на предложената влада? И така да мора да гласаат? Тоа е нивно право во моментот на гласање.
Затоа, велам дека уставот не е прекршен, но сум убеден дека е многу лошо дефиниран овој член. Еве, да претпоставиме дека сегашниот мандатар (Груевски) нема да состави влада, според уставот претседателот не е обврзан да го даде мандатот на некој друг.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Размислувањава се сосема на место, „о аматеру“, ама кога се толкуваат правни норми не треба да се толкува по свое видување или емоции, како ти сега. Ова е само твое видување „како треба“, ама не е дефинирано во уставот (или закон) па не оди тоа така. Како може да се достават предизборни коалиции? А што ако некој „лаже“? Како можеш да бараш од пратеници дали и како ќе гласаат во однос на предложената влада? Тоа е нивно право во моментот на гласање.
Затоа, велам дека уставот не е прекршен, но сум убеден дека е многу лошо дефиниран овој член. Еве, да претпоставиме дека сегашниот мандатар (Груевски) нема да состави влада, според уставот претседателот не е обврзан да го даде мандатот на некој друг.
Исто и ти го толкуваш по свое убедување, своите тези не ги црпиш стрикно од пишаното право, туку по свои толкувања и интерпретации, го дефинираш терминот „мнозинство“ како “најмногу пратеници“ а јасно дека не е така. На Претседателот самиот член во Уставот му дава право да побара од партиите да му достават доказ дека имаат подршка од 61 пратеник, тоа не значи дека тие и ќе гласаат за владата, не може никој однапред тоа да го каже пред да биде дефинирана програмата и кадровските решенија.

И тоа второто е дискутабилно, зошто да не го даде мандатот на друг, членот од Уставот му го дава тоа право, ако испадне друга партија и каже- имаме договор со друга партија/коалиција, имаме 61 пратеник по кој основ не би го дал мандатот. Всушност така требаше и првично да се постапи, сега Груевски е мандатар, хипотетички може да имаме ситуација каде он е мандатар со 51 пратеник а во меѓувреме некој друг да објави дека има постизборна коалиција со 61 (или повеќе) пратеници, и тогаш што правиме? Правен преседан.

Затоа требаше, а и во иднина треба, или постапката да се допрецизира со закон, или да се постапува како што напишав погоре, ако никој не обезбеди 61 пратеник во рокот даден во Уставот, нови избори, што на крај и сега може да се случи, нешто со самиот Али Ахмети го најави.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Се праиш глуп значи, за да не признаеш дека врска немаш. Не треба ли да го гласаат мандатарот? Нели тие 61 пратеник да гласаат ЗА Грујо? Не е така ли? Сите имаат да, затоа фикусот требаше на тој што ќе собере 61 пратеник да му го даде мандатот а не на тој што на хартија има. Од кај знаеш дека кога би го гласале Грујо мандатар дека 61 пратеник ќе има? Може 51 ќе има. Затоа треба фикусот да каже, да Вмро победи Грујо треба да е мандатар, повелете 61 пратеник гласајте го. Ако нема тогаш вториот. Јасно ли ти е ова или пак по твое ќе тераш?
Гледај како сам се заплеткуваш. Велиш, „од каде знаеш дека 61 пратеник ќе гласа за предложената влада?“. А јас те прашувам, од каде знаеш дека и да има партиски договор меѓу 2-3 партии за нова влада дека пратениците ќе ја изгласаат? По „дифолт“? А зошто па на вториот да мора да го даде мандатот? Во уставот тоа не го пишува. А како се дифинира тоа „собирање на 61 пратеник“? Такво нешто не постои во уставот. Ниту е тоа валидно. Никој пратеникот не може да го натера да каже како ќе гласа и дека ќе мора да гласа онака како што навестил дека ќе гласа.[DOUBLEPOST=1484126203][/DOUBLEPOST]
Исто и ти го толкуваш по свое убедување, своите тези не ги црпиш стрикно од пишаното право, туку по свои толкувања и интерпретации, го дефинираш терминот „мнозинство“ како “најмногу пратеници“ а јасно дека не е така. На Претседателот самиот член во Уставот му дава право да побара од партиите да му достават доказ дека имаат подршка од 61 пратеник, тоа не значи дека тие и ќе гласаат за владата, не може никој однапред тоа да го каже пред да биде дефинирана програмата и кадровските решенија.

И тоа второто е дискутабилно, зошто да не го даде мандатот на друг, членот од Уставот му го дава тоа право, ако испадне друга партија и каже- имаме договор со друга партија/коалиција, имаме 61 пратеник по кој основ не би го дал мандатот. Всушност така требаше и првично да се постапи, сега Груевски е мандатар, хипотетички може да имаме ситуација каде он е мандатар со 51 пратеник а во меѓувреме некој друг да објави дека има постизборна коалиција со 61 (или повеќе) пратеници, и тогаш што правиме? Правен преседан.

Затоа требаше, а и во иднина треба, или постапката да се допрецизира со закон, или да се постапува како што напишав погоре, ако никој не обезбеди 61 пратеник во рокот даден во Уставот, нови избори, што на крај и сега може да се случи, нешто со самиот Али Ахмети го најави.
Мнозинство можеме да го толкуваме единствено партија/коалиција со најмногу мандати, според уставот. Не постои начин да докажеш дека имаш мнозинство од 61 пратеник. Можеш да доставиш листа на пратеници со потписи (иако тоа не е пропишано), но таа листа не е валидна дека така мора да се гласа и при избор на влада. Така е сегашниот член на уставот... мора најпрецизно да се дефинира тоа.
Не може никој да објавува дека има коалиција од 61 пратеник... како што пишав, не би било валидно. Може и Љубчо Георгиевски (со Љубе и Стојанче) да објават дека имаат постизборна коалиција од 61 пратеник... и ќе треба ли да добие мандат?
Ти ги разбирам намерите, ама не оди тоа така, со изјави и декларации. Мора да се има јасни и прецизни правила. До тогаш, ќе се постапува по постоечките.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.269
Поени од реакции
8.646
Прашање за правниците на темава -- дали е возможно и веројатно ова Павле Богоевски што го зборува?

Богоевски: Мандатот на СЈО може да се продолжи и без ДПМНЕ

Груевски ќе ја искористи секоја секунда за да одолговлекува, иако знае дека нема да може да формира Влада. Затоа ДПМНЕ за прв пат инсистираше Велјановски да биде претседавач на конститутивната седница на Собранието наместо како до сега, најстариот пратеник/чка.

Но, колку и да даваат отпор, ако кај другите постои реална волја, мандатот на СЈО може да биде продолжен и покрај препелкањето на фамилијата во калта:

20 Пратеници можат да побараат свикување на седница на Собранието.
61 Пратеник можат да изберат нов Претседател на Собранието кој нема да биде Трајко, ниту од ДПМНЕ.
1 Пратеник може да побара од новиот Претседател да закаже седница за продолжување на мандатот на СЈО и менување на законите за заштита на сведоци и свиркачи,
61 Пратеник можат да го продолжат мандатот и да ги изгласаат законските измени.

А Груевски може слободно да си го гушне мандатот овие дваесет дена, бидејќи никогаш повторно нема да види такво нешто.
http://www.plusinfo.mk/vest/101311/bogoevski-mandatot-na-sjo-moze-da-se-prodolzi-i-bez-dpmne
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Размислувањава се сосема на место, „о аматеру“, ама кога се толкуваат правни норми не треба да се толкува по свое видување или емоции, како ти сега. Ова е само твое видување „како треба“, ама не е дефинирано во уставот (или закон) па не оди тоа така. Како може да се достават предизборни коалиции? А што ако некој „лаже“? Како можеш да бараш од пратеници да „потпишат“ дали и како ќе гласаат во однос на предложената влада? И така да мора да гласаат? Тоа е нивно право во моментот на гласање.
Затоа, велам дека уставот не е прекршен, но сум убеден дека е многу лошо дефиниран овој член. Еве, да претпоставиме дека сегашниот мандатар (Груевски) нема да состави влада, според уставот претседателот не е обврзан да го даде мандатот на некој друг.
.............честа појава е некои дилетанти од класата MDI емотивно да јадат бурек у стил како мали џокица замишља или пак како се баби хтило тако се баби снило... :) :) Председателот на државата го дава мандатот на партијата или коалицијата која добила...... има НАЈМНОГУ пратеници на изборите во однос на другите. Во случајов онаа која ја преставува вмро. Колку знам не е сам вмро во тоа.
Е сеа.. вообичаено е мандатар да биде претседателот на партијата која е најголема во таа група илити адмиралскиот брод. Во случајов за среќа според едни , за несреќа според други , ама тоа си е така секогаш, тоа е Грујо. Некои опасно патат заради тоа па у бунило им се привидуат Катици, плажи на топли мориња, милијарди и зандани... :) :) Позната појава.
Друга работа е што Грујо е т'нок во бројката потребна за формирање на ЈАКА ВЛАДА па очигледно има проблем, бидејќи на сцена во моментов е вековната глупоќа на македонскиот народ која до сега го напраи тоа што го напраи, но сега има шанса дефинитивно да не сотре и да промовира преседан каде едно малцинство со сесрдна помош на големиот брат и неговите гавази, кучиња , хиени, зајаци и слични...ќе не напраи потстанари со опција на селење у секој момент во сопствената куќа.......
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Прашање за правниците на темава -- дали е возможно и веројатно ова Павле Богоевски што го зборува?
Ниту сум јас правник, но апсолутно е можно да се продолжи рокот на СЈО, односно да се изгласа закон во Собранието, со мнозинство. Но, се очекува, како и досега, овие работи да се прават како и до сега со заеднички „договор“, како и до сега, преку „Пржино“. И ВМРО ДПМНЕ немаше обврска да го гласа формирањето на СЈО, па „се договорија“ 4 партии да се формира, па се изгласа таков закон (кој е според мноооогу правници неуставен, но тоа е друга тема).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom