Добиените права веќе не се губат,и 15% да излезат тие пак ќе бидат исти,ама вака од секоја гледна точка мислам дека се околу 1/4 според мои проценки..ако ги гледаме бројките и 2014 и 2016 Албанското гласачко тело некаде е 260-280.000 гласови во целост..ако ги додадеме и децата тогаш некаде треба да дојди 350-360.000 што би требало според бројката на населението да се 25-26% бидејќи во МКД преку сила нема шанси да жиеват повеќе од 1.400.000 народ..мислам си има евиденција во здравството по здравствени картички/книшки и можи да се заклучи до некоја груба бројка колку сме што сме ама треба да се земи во предвид дека и Македонци од прилика сме 800.000 (горе/долу)...останатите се Ѓупци(за овие нема никаква евиденција),Турци и Торбеши..(Србите,Власите и Бугарите се претопени во Македонци).
А за попис никако неможи да се направи,нема шанси искрено..како ќе го спроведат?..оние со Бугарски пасоши што 6 месеци возат камиони во Шведска и 6 месеци шо го прчат тука како ќе ги водат?..ете ти си од Битола самиот знајш колку такви ги има..оние од источна МКД што работат во Италија со БГ пасоши како ќе ги водат?..оние што живеат и работат во Германија со работна виза како ќе ги водат?..има еден куп Албанци што на секои 3 мсеци ја менуваат локацијата МКД/Швајцарија како сезонска работа нив како ќе ги водат?..многу комплицирано е да се направи попис, не е ова плукни залепи..ние немаме никаква структура,институции,ниту капацитет да направиме попис..нема теорија тоа да се случи и ако се случи пак ќе биди исполитизирано до максимум.