Пломбиран заб ме боли веќе два дена, ненормално, ама не можам за празнициве да одам на заболекар. Аналгин не ми помага воопшто, а вентор фифти/фифти колку да не спобудалам.
Знам дека венторот не е баш препорачлив, до сеа се напив двапати на 12 саати, ама кај и да е, пак ќе морам зошто многу ме боли.
Само сакав да прашам со венторов не знам дали и како да продолжам, ама многу ме боли пустото...
...несоодветно третиран заб во смисол на,,лекот,, што се поставува во каналот на забот може да доведе до појава на болка која ако трае повеќе денови и треба повторно да се отвори и стоматолошки исчисти или со аналгетик би требало да се смири постепено за некој ден , но ако не се смирува тогаш до посета на стоматологот единствено решение е да ја откачиш пломбата и да го отвориш забот ,,да диши,, остани така со ,,отворен,, заб ...
или издржи и пиј анагетик и не јади на таа страна и да не го загризуваш тој заб каде ја имаш пломбата... би рекла дека имаш амалгамска пломба ама денес ретко поставуваат ваква амалгамска пломба, инаку во тој случај се користи циментна подлога за зацврстување и тие имаат кисела течна фаза која се причинители на неколкудневна болка ама кај тебе имаме интензивна болка што највероватно е реакција на нервот на лекот ( параформалдехид) кој е поставен при полнење на каналот и пулпата реагира со болка па ако не можеш да издржиш извади го ,,лекот,, нервот ке се ослободи и не ќе реагира...[DOUBLEPOST=1483803614][/DOUBLEPOST]
Се прибрав дома и не наидов на многу добри вести. Ми треба некој совет од вас. Имено пред некој ден татко ми беше настинат. Во 3 ноќта му се згадило нешто и пошол да се напие вода ама на пат кон ВЦ паднал во бессознание. Се освестил, пробал да стане и пак паднал. Тогаш мајка ми го слушнала станала го подосвестила и му измерила притисок. Притисокот му бил 60/40. Се напил Кока Кола, го кренал малку и заминале во болница на инфузија. Сега е добар сполај му на Бога, го боли само реброто што го набил при падот, ама притисокот му варира често. Пред да се случи ова тој примаше терапија за висок притисок оти веќе некое време му се движи околу 150-170 со 100-120. Сега некогаш му е висок 160-100, некогаш ќе го намали на 110-70. Инаку во болница му направиле и крвна слика и ЕКГ и демек се е добро. Пред тоа исто имаше правено крвна слика и имаше високи триглицериди (дури 5).
Закажавме комплетен срцев преглед во вторник, ама немам мира некако и не можам да издржам до тогаш за да ги видам резултатите. Имате некој идеја што можело да се случи во организмот за да му се случи тоа што му се случило?
... многу е важно што лекови пиел татко ти, оти истите имаат несакани дејства баш во тој контекс на нагла дилатација и намалување на крвниот притисок и добро што му дошло мука и се разбудил, оти се превзело нешто во моментот, а не ќе било во сон што често има фатални ситуации за време на сонот... не си спомнал години кои исто се важни, како и начинот на живеење, стресот што го има секојдневно, исхраната цигарите и алкохолот што дополнително придонесува за потенцирање на дисбалансот на телото искажано со варирање на крвен притисок и покачени триглицериди често се и од друга причина, а не само од преобилна исхрана (има луѓе со голема телесна тежина, со изобилие на јајца, торти во исхрана, а липидниот статус односно конкретно триглицириди се во нормала) односно алкохолот, пушењето како и пореметен метаболизам на јетрата се главни причинители за покачен триглицериди кои над 5,0 ммол/л доведува до воспаление на јетрата, на панкреасот кои се уште поопасни од процесот на атеросклероза како последица на покачен липиден статус т.е. триглицериди... тоа што му се слоши со гадење всушност е поради опаѓање на волуменот на крвта низ крвните садови со што се повлекуваат механизми во организмот на тахикардија, грозница да би се забрзало од крвта што останало во циркулација до важните органи (срце, мозок) и грозница со нагло стеснување на крвните садови за да би имало доволно крв, како и нагон за пиење вода за дополнување на волуменот, но грешката на нагло станување од кревет и недостиг на крв во мозокот ја даде безсознание ситуација мал прекин поради недоволно крв до мозокот што би требало да при мерење на притисокот веднаш да се легне и да се дигнат нозете нагоре да би дошло крвта во срце и мозок, а не обратно со станување од кревет да спадне цела крв доле на екстремитети и да се случи тоа што се случи... значи спаѓа притисок како ќе го зголемиме волуменот? со вода пиење дома и јадење солено сирење на пример за да влече вода и да се зголеми волуменот... т.е му дале инфузија во болница како волумен на крвта и му дошло добро...
сега прашање дали татко ти под инерција пие лекови редовно за покачен кр,притисок иста јачина и доза секој ден имал немал покачен кр.притисок ( без да истиот го мери) или воопшто не пие лекови за покачен крвен притисок без да го мери крвниот притисок мислејќи дека нема потреба оти му е нормален... едно од правилата што се последица на многу несакани ситуации е баш ваква, лековите за покачен кр,притисок на таа возраст или со медицинска историја на таа појава се пијат доживотно но мноооооооогу важно е да се мери кр.притисок секој ден во период кога мислиме дека истиот ни се покачува и да се земе соодветно комбинација на повеќе лекови за крв притисок доколку е мн висок или да се прилагоди помала доза половина дури и четвртинка од лекот или намалено наместо два пати на ден еднаш само дневно или ако сепак има пак намален кр,притисок се исфрлува на пример еден од лековите дали диуретик, дали АКЕ инхибиторот или бета блокаторите или калциеви антагонисти, НО НИКОГАШ НЕ СМЕЕ ДА НЕ СЕ ЗЕМЕ НИШТО ОД ТИЕ ЛЕКОВИ иако кр.притисок е нормален или низок некој период секогаш мора барем најмала доза од еден лек... јас мислам дека нема органски промени, а со тоа и промена на функцијата на истите органи па да се ,,гледа,, нешто на ЕКГ или ЕХО ( можеби јетрата нешто) и дека вакви работи му се случиле моментално поради некој вкрстен куршлус,но како стои со пушењето и алкохолот ове денови се празнува нели ? да не претерал ?