Може некој да ми објасни како се движат казните за брзо возење во населено место(булеварот у автокоманда),само ми требаат точни бројки а не рекла казала муабети.Возев вчера 80 на булеварот после Континентал и кај пешачкиот мост имаше Јети и едно запрено возило, но проблемот е што имаше една камера и се плашам да не ми стигне отпосле некоја казна.
Член 35
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 10 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина