Многу погрешно му кажувате на човекот и многу погрешно го упатувате.
Законски не смее да собере другари, роднини или непознати мајстори, да си купи материјали и да почне да гради. Мора лиценцирана фирма да му ја гради куќата, да има проект направен од архитект и да има надгледувач додека се гради објектот. Времето на ќе соберам мајстори, еден ќе меша со мешалицата за бетон, еден со лопатата, трет ќе ѕида, а јас ќе им носам манџи и ракии, е оддамна поминато.
Јас му предложив да си најде една градежна фирма со квалитетна работна рака со која ќе склучи договор да ја плаќа само работната рака. Така работната рака ќе му се фати нешто поскапо, но сепак ќе знае дека вложил само квалитет, а и цената не дека нешто ќе биде многу поразлична, пак ќе се врти околу 380 евра од квадрат. Ќе платиш некоја фирма која ќе ти стави кинески прозори и врати, тенка и неквалитетна изолација, и за неколку години пак ќе ги дадеш парите што си можел да ги вложиш во квалитетните производи. А квалитетните производи на пазарот се доволно познати и единствени по своите карактеристики за да можат да се разликуваат од останатите. Младост, Еленица, Усје, Nexe, Bramac, Knauf, Ursa, Salamander и уште одредени други се поим за тоа што е квалитет, а со цените се тука некаде со останатите производи.
И некој имаше напишано дека изградбата на куќа не е некоја филозофија. Изградбата на куќа или било кој друг вид на објект е голема филозофија. Многу луѓе така размислуваат, па затоа после одреден број на години викаат како имале високи сметки за струја, мувла почнало да им се појавува, фасадата почнала да пука, нешто кровот закапел и еден куп други проблеми.
Но за 380 евра од квадрат би требало да се добие куќа/објект со доста добар квалитет. Само
@Peja989 верувај дека не се само 380 евра од квадрат, тргни се некои пари и за непланирани работи од типот овде прокапело, овде пропуштило. Додека градиш куќа ќе бидеш под тешки нервози, обврски и стравови, така да ти посакувам многу среќа, па во иднина може како покана за отварањето на куќата да направиш таму една Кајгана собиранка
И за се што те буни или ти е сумљиво при градбата прашај, за тоа сме тука