Малку доцнам, ама гледам дека никој не ти одговорил, па ај, секако ќе се најде постов и за други:
Од 18 до 25 денари парче, зависно од производителот, складиштето од каде ги купуваш, и видот на циглата, секако (12X25X25cm, 16X20X25cm, 16X40X25cm, 20X25X25, монта-цигла...).
Пак зависи од складиштето од каде купуваш, дебелината на арматурата, дали е ребраста или обична, дали се шипки или мрежа... Пример - обична шипка со пречник од 6мм. (се користи за правење на узенгии) е 60 ден. парче од 6m, што значи - 10 ден. од метар. Наспроти неа, шипка Ф-12mm. ребраста е 400 ден. парче од 6m., што значи 66 ден. од метар. Мрежа 20X20 cm. Ф-6mm. е околу 1000 ден. парче. А не зеборавај дека потребни ти се и жици (за армирање и шалување), шајки и сл. а сето ова се продава по 60-70 ден. по kg.
Цементот е 300 до 350 ден. од вреќа, Усјемалот (за малтерисување) е 280 до 330 ден. вреќа.
Зависи каков: 1m кубен мешана песок (за бетонирање) е 1100 - 1300 ден, 1m кубен ситна песок (за малтерисување) е 1400 - 1500 ден., чакалот е 700-900 ден. од кубик... Секако - никој не ти носи само еден кубик за без пари. Минимум што можат да ти донесат е еден трактор - 2m кубни
Кога ќе стигнам до кровот на мојата куќа, ќе ти кажам

NOTE: Цениве се ептен тазе, од оваа пролет!