Еве мое постаро мислење, ѕирни го, може ќе ти помогне.Ај кој знае и кој правел нека ми го каже следново.
Значи се работи за стара куќа, 60м квадратни, куќата е на два спрата, тотално е уништена значи не да се замачкува туку да се кутне и наново да се прави. Се исто како што е сега само од темел да се изгради.
Значи близок од семејствово е главен мајстор, градежничар преку 50 години, ќе најде негови луѓе кои што ќе ја средат за брзо време, 1 месец, максимум 2 месеца доколку испадне нешто неочекувано.
Значи он си прави се, план, екипа или тим и започнува, е сега ме интересира колку би коштало сето тоа, односно колку би коштал материјалот, за рака не е проблем пошто ќе се најде за евтино, ако има некој да ми даде приближна цена тогаш тоа би било супер. Според план се очекува да биде до 10к евра максимум.
Малку доцнам, ама гледам дека никој не ти одговорил, па ај, секако ќе се најде постов и за други:
Од 18 до 25 денари парче, зависно од производителот, складиштето од каде ги купуваш, и видот на циглата, секако (12X25X25cm, 16X20X25cm, 16X40X25cm, 20X25X25, монта-цигла...).
Пак зависи од складиштето од каде купуваш, дебелината на арматурата, дали е ребраста или обична, дали се шипки или мрежа... Пример - обична шипка со пречник од 6мм. (се користи за правење на узенгии) е 60 ден. парче од 6m, што значи - 10 ден. од метар. Наспроти неа, шипка Ф-12mm. ребраста е 400 ден. парче од 6m., што значи 66 ден. од метар. Мрежа 20X20 cm. Ф-6mm. е околу 1000 ден. парче. А не зеборавај дека потребни ти се и жици (за армирање и шалување), шајки и сл. а сето ова се продава по 60-70 ден. по kg.
Цементот е 300 до 350 ден. од вреќа, Усјемалот (за малтерисување) е 280 до 330 ден. вреќа.
Зависи каков: 1m кубен мешана песок (за бетонирање) е 1100 - 1300 ден, 1m кубен ситна песок (за малтерисување) е 1400 - 1500 ден., чакалот е 700-900 ден. од кубик... Секако - никој не ти носи само еден кубик за без пари. Минимум што можат да ти донесат е еден трактор - 2m кубни
Кога ќе стигнам до кровот на мојата куќа, ќе ти кажам
NOTE: Цениве се ептен тазе, од оваа пролет!
Кажи ми како си задоволна од лимот?Затоа што беше поефтино, и полесно за одржување, и со добра изолација мислам дека е подобро
Ќерамиди тондакс беа 32,5 (13 во м2) некаде 422 ден - тие ги планиравме има и по 26 ден ама не е квалитет
Лим ребраст најскапиот е 330 од м2 цената зависи од дебелината. Има и од 250. Додај и изолација 35 ден од м2. Веројатно ќе земиме од 330 сега се правеше кровот па се припокри со табли заврна, чекаме сонце , и немаме одлучено боја. Инаку и работната рака за ќерамиди ставање ќе ти ја зголеми цената, лим се става побрзо. Ти почекај ако згрешиме ќе ти кажам )) мислам дека е подобро лим.
Засега не му најдовме маана на кровот, добро е. Нема уште паднато некој подебел снег. Летоска исто беше како со ќерамиди, некој викаа дека со лим е пожешко ама во главно свежи беа собите.Кажи ми како си задоволна од лимот?
Мило ми е што се сте средиле. Само кажи ми што не ти се свиѓа кај ламинатот, од кај го земавте и што пари?Засега не му најдовме маана на кровот, добро е. Нема уште паднато некој подебел снег. Летоска исто беше како со ќерамиди, некој викаа дека со лим е пожешко ама во главно свежи беа собите.
Незнам што кажав на почетокот кога почнавме да градиме (планиравме поефтини варјанти ама се премисливме). Сега по сите пресметки за 40м2 доградба и реновирање на дел од старото потрошивме може 4,5 - 5000 евра, со нов кров над старото и новото, пвц врати прозори на мое жалење со ламинат
Убав дел од работната рака ни беше бесплатен и тука спасивме многу.
Е незнам зошто мислам дека овде се што се продава се продава скапо, а сигурно е набавено ефтино, сите знаат дека некој работи „мора“ ама зошто мора никој не знае, мислам дека индустријава за градежни материјали добро го користи народов што не знае што е добро. Ич не сум среќна со пвц прозорите сакав дрвени ама ме надгласаа дома. Демек поефтино не чинело. Многу сакав поприродни материјали, да беше до мене и вар ќе останеше на ѕидовите немаше да премачкаат со поликолор. Се е многу стокмено од сегде е изолирано нема никаква грешка, и некако е многу вештачко неприродно.
Зато јас не се шминкам една година маж ми да има нешто природно по дома Инает...
Прво и основно, јас би ти препорачал да си најдеш квалитетна фирма на која ќе и ја плаќаш само работната рака, поточно ќе ги плаќаш само мајсторите, а материјалите сам ќе си ги купуваш, затоа што само така имаш сооднос квалитетни материјали - квалитетна работа.Некој да препорача градежна фирма за систем клуч на рака, во Скопје.
Ако јас купувам материјали, ќе изгубам 100 години, пошто нит имам желба, нит познавање од градежни материјали. Нит знам каде да ги барам, нит знам што е добро а што не.Прво и основно, јас би ти препорачал да си најдеш квалитетна фирма на која ќе и ја плаќаш само работната рака, поточно ќе ги плаќаш само мајсторите, а материјалите сам ќе си ги купуваш, затоа што само така имаш сооднос квалитетни материјали - квалитетна работа.
Иначе како добри фирми за градење куќа со ситемот клуч на рака би ти ги препорачал Никоб Инженеринг, Аце Градба (распрашај се дали работат и во Скопје), Zana-Prom (распрашај се дали работат и во Скопје), Братинг, како и фирми за монтажни куќи Хот-Хот, Гео-Инг.
Има уште еден куп други фирми, но која и да ја избереш гледај истата до сега да има работено на повеќе објекти и тоа на поголеми и истата да ги исполнува сите стандарди за една квалитетна градба. Гледај наместо плоча со монти да одиш на опција целосно бетонска плоча, доволно дебели столбови со доволно арматура, исполнети со квалитетен бетон, ѕидање со поставување малтер од сите страни на циглата, во одредените редови цигли да има фиксатори помеѓу ѕидот и столбот и секако не штеди на изолација, но се ова е нешто од кога ќе ја избереш фирмата.
Верувај дека најдобро е сам да купуваш. За наоѓање не е проблем, познатите и квалитетни производи се издвојуваат на пазарот. Верувај подобро е сам да купиш квалитетни прозори, квалитетни цигли и квалитетна изолација, отколку да добиеш прозори кои ќе почнат да се уништуваат по неколку години, цигли кои ќе се ронат и изолација со низок квалитет која можеби е и штетна за човековото здравје.Ако јас купувам материјали, ќе изгубам 100 години, пошто нит имам желба, нит познавање од градежни материјали. Нит знам каде да ги барам, нит знам што е добро а што не.
Најдов фирма, ми бараат 380 евра од квадрат со подрум/гаража (75 метри квадратни) карабина и куќа (75 метри квадратни) клуч на рака, со три полочи (подрумска, приземјна и за прв спрат, да би можел да надоградувам во иднина). Мислам дека е солидна цена ама пак, се распрашувам за да видам попогодни решенија.
Доколку сам си ја градиш куќата би те чинело 200-250е квадрат, карабина би те чинело 100-150е, се зависи од квалитетот на материјалот и дали ќе го купиш на големо или мало,Некој да препорача градежна фирма за систем клуч на рака, во Скопје.
Брат, не можам да ја градам сам од повеќе причини.Доколку сам си ја градиш куќата би те чинело 200-250е квадрат, карабина би те чинело 100-150е, се зависи од квалитетот на материјалот и дали ќе го купиш на големо или мало,
380е е премногу за мене, за тебе незнам, сепак ако имаш готов проект, таму ти пишува што се ќе употребиш и количина, па распрашај се за цените на материјалите и пресметај, ќе видеш дека стварно е многу поефтино.
Заборавив да пишам, манџата и пивото ти се плус трошок
Дај ги на мене тие 28к јас ќе соберам тајфа и ќе ти ја изградамБрат, не можам да ја градам сам од повеќе причини.
1. Не се разбирам
2. Немам луѓе што можат да ми помогнат до толку
3. Сам ако ја правам, ќе ја прават 5 години
4. Не сакам нит имам толку време за чекање
380 евра по квадрат можеби е многу ако добијам само 75 метри квадратни ама вака би добил 3 плочи, кров, буквално клуч на рака за 28000 евра.
Простата математика вели 33 квадратен стан во Ѓорче со 28000 евра