Сеа знам дека е лошо не викам не да не моеш да земеш карта во автобус али ете им текнало и така го направија да биде, не останува ништо друго освен да се адаптираме.
Зошто сме на ова дереџе.
Треба да се навикнеме на дебилизам, повторно?
Ова е најморонскиот потег кој ЈСП можеше да го спроведе. Ако веќе сакаа да го натераат народот да се „модернизира“, имаа многу повеќе опции. Но со тие опции не можеш да го покрадеш неписмениот Македонец.
Најголемиот „аргумент“ за воведување на електронските билети им беше: „Да не му пречиме на возачот со купување карта.“
И на крај пак испадна да остават да можеш да купиш кај возачот, и да му сметаш. Ама што е разликата? Ааааа да, 5 денари е поскапа картата сеа! Пет по пет, 25, по пет, по пет ете оооп полн буџет на Коце за уште едно ново панорамско тркало.
Ако толку сакаа да не му сметаме на возачот решението беше попросто и од нововработен полицаец: Ставање на електронски печатачи на карти во автобусите или постројките. Нешто што го има СЕКАДЕ во нормалниот модерен свет.
Simple, влагаш у бус, ставаш 35 денари у машината (оние налик кафемати и банкомати), ти печати билет. ЕУРЕКА!
Или пак ако сакаш да се оттарасиш од хартија, купуваш електронска картичка, ги трошиш поените, влагаш у бус, ја ставаш картичката во машина, ставаш 35 денари, ласерот го минува чипот, платено, земаш картичката и седнуваш на место.
Ако пак им е опасно (што е реалност) во автобусите да чуваат машини пуни со кеш, ради потенцијални грабежи, можеа да инсталираат барем на секоја трета автобуска постројка во градот, место каде што може да купиш карта на овој начин.
Ова ќе им вреди единствено ако сега направат пунктови на секоја станица каде што ќе можеш да ја надополниш картичката или наједноставно, тоа да го направиш онлајн.
Вака е само непотребно глупирање.
И да, да стават возењата кои ќе ги купиш да бидат со неограничен рок. Кој е тој дебилитет бе да те тера 15 возења да искористиш за 15 дена? Што ако сум во Скопје по 2 дена во неделата?
Да не збориме што и 35 денари беше скапа карта за возење во град ко Скопје, на било која релација и локација. Сулудо е да чини 35 да се возиш од Аеродорм до Центар и истата цена да е од Автокоманда до Ѓорче. Да бевме во понапредна средина ќе се размислуваше за воведување зонско возење.
Некаде каде што стварно нормално размислуваат за модернизација, има електроски картички на кои купуваш минути. Пример, плаќаш 1 евро и имаш 25 минути возење во јавниот превоз. Па така ако се возиш од Влае до Лептокарија ќе потрошиш само 10 минути од тие, 15 ќе ти останат. Ако се возиш подолго, ќе си потрошиш повеќе минути.
Ама тоа е за во напредниот свет, ние сеуште живееме во 19 век, затоа што сите обиди за модернизирање ни се утнати и погрешни.