ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Сите линии кај што имаше и државни и приватни се дадени на користење само на приватниците, со исклучок мислам само на 22ка.
Државна 9ка, па и 19ка нема.
А за ова со седењево, кошјо, жити се` не се радувај предвреме, сега ќе видиш кога и економското и тоа другото кај орлето школо ќе се полнат во приватниве, а тек и пензионерите ... Јас кај Стопанска станицата некогаш не можев да се качам во државното, не па сега :D

Нема врска братче, јас 9ка и онака чекам пред Моша... прва станица, за мене секад ќе има место :D
 
Нема врска братче, јас 9ка и онака чекам пред Моша... прва станица, за мене секад ќе има место :D
Ахахаха е јбг, за мене нема да има :pos: Освен ако не се правам пензионер па да замарам деца да стануваат :anco:
 
Ниту јас имам видено државна 9ка, а и од септември се збореше дека ќе ги укинат државните.
Единствен плус е што приватните автобуси речиси никогаш не доцнат. Државна може да нема и саат време, а за тоа време ќе поминат четири приватни. Е сеа колку ќе остане тоа така не знам. :P Ноќна линија секако нема да воведат...
Ај баш да видиме дали ќе ги укинат државните 22ки. :D Ама не бe, кај може да укинат нешто шо иде до Карпош, може само плус линија да стават. Подобро да живееш во Волково и во Драчево, него ли на оваа страна на Вардар. Барем поише автобуси ќе имаш, не за друго.
 
На 5 км имаат по еден пункт,пред тие за сликање имаат редица која иде до надвор со метри, одиш да извадиш картичка и ти вика : Се потрошија :cuc:
 
Тоа се тие феноменални потези.
Коа имаш најголемо загадување у свет, ти искомплицирај го вадењето билет и поскапи го јавниот превоз.(y)
Да не беше овој маестрален потег на нашава власт, туку на некоја друга, ќе се изначудев.
 
не е поскапен превозот, а билетите важеа до 31.12.2016 така да логично е сеа да се продолжат, за ова дробеа со месеци дека ќе се унифицира превозот сеа што нас не мрзи да земеме картичка е друга работа
 
Доаѓа на еден ден човек од Крива Паланка, за да заврши некоја работа. Колку треба да плати денес за едно/две возења, а колку пред месец дена?
 
Доаѓа на еден ден човек од Крива Паланка, за да заврши некоја работа. Колку треба да плати денес за едно/две возења, а колку пред месец дена?

у право си за тоа не викам не, има опција за плаќање со телефон, може таа да ја искористи
 
у право си за тоа не викам не, има опција за плаќање со телефон, може таа да ја искористи
ОК, колку е билетот со таа опција-телефон денес, а колку беше пред месец дена да го извади билетот?
пак 5 денари поскапо
 
ОК, колку е билетот со таа опција-телефон денес, а колку беше пред месец дена да го извади билетот?
пак 5 денари поскапо

берик дај не го тупи за 5 денари, еднаш ќе дојде тој од крива паланка годишно и ќе даде 5 денари плус, голема работа.
 
берик дај не го тупи за 5 денари, еднаш ќе дојде тој од крива паланка годишно и ќе даде 5 денари плус, голема работа.
Така е, не е ништо тоа, се слагам.
Сега се враќаме на почеток - поскапено е или не е?
 
„ЈСП СКОПЈЕ ги дематира шпекулациите на одредени медиуми дека билет за едно возење во јавниот превоз ќе изнесува 60 денари. Ја информираме јавноста дека оваа информција е неточна, ЈСП СКОПЈЕ ниту дала таква информација, ниту пак има било какви индиции за такво нешто.“

Пишале таму и дека отсега за линиите 9, 19 и 20 ќе има само приватни автобуси, за другите линии нема ограничување најверојатно. Шубаво летно време на +40, без прозорци и без клима во нив ќе си се печеме. :D
 
Прво цената на билетот во приватен автобус беше 25 денари а на државен во билетара беше 30 денари а во автобус 35, се додека не го укинаа билетот во билетарите поради новиот систем на здружување на превозниците.
Второ имаше билет за 10 возења во градски автобуси кој траеше временски неограничено, се додека не го сменија на 15 дена.
Најавија дека билетот купен во автобус ке чини 60 денари, за веќе следниот ден поради големата реакција на граѓаните рекоа дека ке чини 35 денари и ќе даваат фискална сметка за секој таков билет. За сега повторно да се премислат и потполно го укинуваат тој билет, а наместо тоа после фебруари ке се продаваат припејд картички со две возења кои ќе чинат 150 денари, што за провинцијалци е многу незгодно, посебно за тие што ретко доаѓаат во Скопје.
 
не е поскапено, кога си се возел последен пат во автобус?
Зошто упорно идеш со глава у ѕид ?
Карта у автобус за едно возење беше 35 денари, сеа прво не можеш таква да купиш, второ едино можеш да платиш со телефон и цената ти е 40 денари.
Шо не ти е јасно у математикава ?

А тие муабети „шо се 5 денари“ ќе си ги остаиш за дома.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom