Даниел Јовески, кој важи за еден од нашите најпознати режисери, реши да направи несекојдневен гест
Познатиот режисер на видеоспотови Даниел Јовески од Охрид, кој досега соработувал со многу наши ѕвезди, но и познати пејачи од соседството, реши да направи несекојдневен гест за да ѝ помогне на нашата естрада.
Даниел во 2017 година на пет наши естрадни уметници бесплатно ќе им сними видеоспотови и песни.
Ваквата акција Јовески ја објави на својот профил на Фејсбук, а сè што е потребно е да гласате за вашиот омилен пејач, пејачка или бенд.
- По повод 5 години од мојата успешна работа наградена на балканско ниво, одлучив да ја освежиме македонската естрада на тој начин што заедно ќе одбереме 5 од овие 50 македонски пејачи/групи, кои ќе добијат подарок - по еден видеоспот и песна/аудиозапис.
Ви посакувам среќни новогодишни и божиќни празници и да ја негуваме македонската музика - напишал Јовески на својот профил.
Гласањето ќе трае до петти јануари 2017 година, на овој ЛИНК.
Текст преземен од Телеграф.мк