Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од rarbg тој до 53% е ама кога и да го отворам никогаш не симнува. Ко да има еден сидер со голем аплоуд и ми прави пали гаси на неколку секундиDzimi go smenil.Inace pravilno ke bese.
I staj mu na lunacy ocena kaj mene!
I kaj mene ne simnuva. Koj se snajde neka pomaga!
Ја би частел и на почеток, вие само викајте. И онака сте меѓу последните од подфорумов кои не ги запознав во живо.Џимеј knows what is up, сакам да пијам пиво со него, да кршиме кикирики и да збориме за врски. А ако му се допадне на Злате, ќе го натерам ко у Clockwork Orange да го гледа пак Love. Па ќе го викнеме и него, да части на крај.
Од кај дојде? <3Од филмов не очекував нешто посебно и за жал ми ги оправда очекувањата. Според приказната, целната публика е младата генерација со невозвратена љубов, можеби некој од нив ќе се препознае во ликовите. Но не се доволно изградени ниту ликовите ниту нивните мотиви за да може и пошироката публика да се соживее со нивните проблеми. Многу дијалог без некоја суштина или поента. Знам дека обидот е да се прикажат секојдневни ликови исправени пред секојдневни предизвици, меѓутоа не треба да биде дијалогот на ниво на некое реално шоу. Па и таму ќе се најдат поинтересни муабети.
Светлото на повеќепати ми беше чудно, ликовите беа осветлени со светла за кои немаше оправдување од каде се. Еден пример, во една од сцените кога двајцата седеа на кауч, осветелни беа позадински со жолто светло, зад нив прозор со облачно и темно небо а до нив исклучена столна лампа. Значи не е тоналитетот на кадарот во светли и топли бои, туку само позадинското светло. Вакви грешки забележив и во други сцени. Грешки, затоа што не беа доследни за да може да се каже дека се работи за стил или намера.
Затоа пак намерни беа тонските преклопи при промената на сцени, ништо ново или невообичаено освен што започнуваа премногу рано па напати создаваа забуна за изворот на звукот.
Музиката беше фина, избрана да го надополнува расположението на главниот лик, но имав впечаток дека се работи за една иста песна само со различен текст. Како и да е, доколку требаше да има некоја драмска функција освен илустративна, не ја исполни целта.
Филмов е сниман според книга, а со оглед дека ја немам читано истата не можам да одредам дали се работи за лоша екранизација на книгата или лоша е и самата книга.
Од мене за филмов една петка (од десет).