Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
The Secret Life of Pets - какво филмче е. Уште си имам блажена насмевка од животинчињава. Преубаво филмче, п-р-е-у-б-а-в-о. Зоотопиа г**на да јаде. :D
 
H

HoT IcE

Гостин
Ева Грин е брилијантна.
Не беше ништо посебно, мене лично она ми е врв во Penny Dreadful. Ама сепак некако оверејтед ми е филмчево. Ја не ни знаев додуша какви му се оценките и слично дур не го изгледав, баш кога го завршив викам чекај баш да ѕирнам какви му се оценкиве и не знам, мислам дека е оверејтед.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.717

6.9/10 IMDb
63% Rotten Tomatoes
Според ова, објективно, не е преценет филмот.
 
ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
The Secret Life of Pets - какво филмче е. Уште си имам блажена насмевка од животинчињава. Преубаво филмче, п-р-е-у-б-а-в-о. Зоотопиа г**на да јаде. :D
Зоотопија, меех. Просек ептен некако :| се мислев дали да го глеам the secret life of pets или тој..
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Зоотопија, меех. Просек ептен некако :| се мислев дали да го глеам the secret life of pets или тој..
Види добар е Зоотопија, ама Миленичињава ме стопија, буквално ко го изгледав еден саат бев со насмевка на лицето, секој лик беше толку сладок. :ljubove:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.612
Поени од реакции
36.299
The Secret Life of Pets - какво филмче е. Уште си имам блажена насмевка од животинчињава. Преубаво филмче, п-р-е-у-б-а-в-о. Зоотопиа г**на да јаде. :D
Колку само не. Мене ми беше еден од послабите годинава. Дури и канадскиот Snowtime! повеќе ми се допадна. Illumination некако ко најслабо од сите студија ми делува. Еве сега и за Sing почнаа со лоши критики. Изгледа некако само Despicable Me успеаја да го стокмат ко што треба и сега ко да се фураат на стара слава.
 
B

Blade Torch

Гостин
Старворсон леееј лудило ејјј. Фелисити Џонс бејбиии... Дет ес!
7.5 (мислам оцена на филмот) :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.612
Поени од реакции
36.299
American Honey - кул филмче. Друго очекував, ама сепак ми се допадна. Саша Лејн мене ми беше малку антипатична, ама дека имаше хемија меѓу неа и Шиа, имаше. Најјака сцена за мене оваа, сепак:

Ме наежи!

А крајот? What happened? Што мислите?
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.717
А крајот? What happened? Што мислите?
Нишо бе, шо крајот?
Оваа цело време спасуваше животни/инсекти, овој и даде желче, го спаси оваа и желчето и можеби сакаше да си почувствува и она дека е спасена па си влезе во вода да си се олабави малку.
Сепак жена го има режирано филмот.
А дали ќе продолжи со бандата, не ја ебам 2%.

Мене најдобра сцена ми беше онаа на почетокот, кога се ѕиркаа во супермаркетот и кога урлаа на We Found Love од Ријана.

„Сакам да ме гледа како Саша што го гледа Шија во Американски мед“.

Патем, 90% од филмот типката беше у профил. У анфас е малку... така... како тињичка.
 
Е да бе, сакала да се почувствува слободна како желчето па влегла во вода. А нели не знаеше да плива? Како наеднаш ѝ текна да се потопи цела во вода?

А за жената (режисерката), ѝ симнувам капа. Кастингот го правела по улици, плажи... со луѓе кои помалку или повеќе го живеат ова што е прикажано. Дури и Саша Лејн е исто така најдена - и пришла на некоја плажа и ја прашала дали сака да снимаат филм, на што оваа и некој нејзин пријател(ка) се исплашиле мислејќи дека им зборува за порнич, па прифатила дури на второто видување откако Арнолд и објаснила троа повеќе.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.717
Е да бе, сакала да се почувствува слободна како желчето па влегла во вода. А нели не знаеше да плива? Како наеднаш ѝ текна да се потопи цела во вода?
Хмм, да бе. Па може сакала и да се самоубие...
Жена бе, може сакала да се самоубие, може сакала да си проба нешто, демек јака сум сеа неам страв...
У секој случај ако сакала да се самоубие, одлично што не го стори тоа.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.612
Поени од реакции
36.299
Хмм, да бе. Па може сакала и да се самоубие...
Жена бе, може сакала да се самоубие, може сакала да си проба нешто, демек јака сум сеа неам страв...
У секој случај ако сакала да се самоубие, одлично што не го стори тоа.
Мене ми изгледаше само како приказ на соочување со стравот: од една страна - стравот од водата, што и не беше баш суптилно, и од друга - стравот да се остави Џек зад себе и да се почне од ново. Е сега, што се случи по тоа, не сум сигурен: дали излегувањето од водата по што ги немаше гласовите на останатите значеше дека успеала да се ослободи од неговите стеги и се претопила до таа мера во групата со што веќе не и сметаат нивните гласови, или ги напуштила/одлучила да ги напушти, па оттаму отсуството на гласовите... Или нешто трето, што знам?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.160
Поени од реакции
10.111
Колку само не. Мене ми беше еден од послабите годинава. Дури и канадскиот Snowtime! повеќе ми се допадна. Illumination некако ко најслабо од сите студија ми делува. Еве сега и за Sing почнаа со лоши критики. Изгледа некако само Despicable Me успеаја да го стокмат ко што треба и сега ко да се фураат на стара слава.
па ја не би рекол. Се фураат сериозни теми во анимирани филмчиња, пред сè наменети за деца. Не ми беше важно што нема јака поента филмов, не ми беше важно што нема „smart“ хумор, не ми беше важно што материјата е џвакана, џвакана, па преџвакана, ме опушти, ме стопи и од мене има висока оцена.
Ми е гајле искрено за лошите критики, обично тоа што се фура ко wow и феноменално е крш и сите го лајкаат зашто немаат мадиња да кажат дека не им се свиѓа.

Ако филм ме удави од досада, нека освои и 10 оскари ако сака, од мене ќе добие ниска оцена и крај, а кај Зоо иако бев одморен кога го гледав ми здосади едно време.
 
B

Blade Torch

Гостин
Ретко некој што кажал Петс>Зоо . Јас бев ептен хајпнат за Петс, а Зоо баш онака го пуштив. Резултатите обратнопропорционални кај двата. Добар им беше трејлерот на Петс, и на крај не(ме) разочараа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.612
Поени од реакции
36.299
па ја не би рекол. Се фураат сериозни теми во анимирани филмчиња, пред сè наменети за деца. Не ми беше важно што нема јака поента филмов, не ми беше важно што нема „smart“ хумор, не ми беше важно што материјата е џвакана, џвакана, па преџвакана, ме опушти, ме стопи и од мене има висока оцена.
Ми е гајле искрено за лошите критики, обично тоа што се фура ко wow и феноменално е крш и сите го лајкаат зашто немаат мадиња да кажат дека не им се свиѓа.

Ако филм ме удави од досада, нека освои и 10 оскари ако сака, од мене ќе добие ниска оцена и крај, а кај Зоо иако бев одморен кога го гледав ми здосади едно време.
Ама еве, да ги оставиме на страна тие анимирани кои фураат такви сериозни теми, како што ти викаш (веројатно алудираш на феноменалниот The Red Turtle кој несомнено е еден од најдобрите годинава, но во друг ранг со овие, американскиве). Да ги оставиме на страна и тие кои имаат феноменални рецензии и огромни оценки, па заради тоа сите „ги сакаат“. Еве, земаме само две филмчиња кои влегуваат во иста категорија како и The Secret Life of Pets, како што ти викаш (значи филмчиња со не така добри оценки, со не така одлични рецензии и кои се даааалеку од освојување на Оскар, а и двата се исто така од 2016). Ги земам за пример само Snowtime! и Storks - и едниот и другиот се многу подобри од The Secret Life of Pets кој некако делуваше како рециклиран производ на старите филмови на Illumination и со многу „крадени“ идеи и од другите студија, во кој не видов буквално ни една оригинална фора и кој ме остави со „пааа, добро“ израз на лицето по гледањето. Snowtime! и Storks делуваа многу посвежо, пооригинално, повеќе успеаја да ме орасположат, да ме насмеат (а и да ме растажат на моменти), т.е. повеќе допреа до мене, а верувам повеќе би допреле и до било кое дете.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom