FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
The Shop Around The Corner.
8/10

Мене ме бендиса, рамо до рамо некако до You've Got a Mail кој реално повеќе ме “разнежни“. Сцената кога таа е во ресторанот и го чека нејзиниот непознат пријател е скоро истата, но не можам да ги споредам Том Хенкс и Мег Рајан за овие великани. Не сметам дека ова е дебилен филм, далеку од тоа, многу интелегентен текст и нешто што сега веќе не е толку многу застапено. Дијалози, дијалози, смешни ситуации, убава атмосфера. Последната сцена и мене не ми беше баш нешто, ама сепак убав крај кога ѝ призна дека тој е непознатиот пријател.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
*Кинематографија. Секој детал си е на место на субјективно од мене најдобриот филм на Џармуш.
Хемијата помеѓу Тилда и Том + саундтракот = атмосфера и возење на ниво.
Можи да пишувам повеќе ама само ќе се поврторувам со wot и grande-juve па да кажам само дека цел тој меланхоличен сетинг ми креира носталгија за некое поминато време, време со сите морални вредности бла бла бла.
8/10 нормално.


@Zlatikevichius не е проблем што улетав на темава, така ? :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.889
Завршија и Вампирските дневници на Џармуш. Резултатот - пак деветмина го гледале, колку и претходниот. Го испуштија: @MyloXyloto , @Џонтра Волта , @devilko , @џимеј , @wicked_1 и @bobipp (кој воедно и се откажа од клубот. Секако, се надеваме дека ќе ја преиспита својата одлука и дека ќе се врати). Позитивно е што имаме дури двајца нови членови истовремено, и и двајцата почнаа одлично, со големи плусеви. Средната оценка за хипстерскиот трипи филм на Џармуш е 7,3.

И, драги мои, особено ми е мило што заедно сите го заокруживме проектов Film Club 2016, кој секако тука нема да застане - ќе продолжи и наредната 2017, со нови сили, во нова формација, но со истите правила. Не можевме да посакаме поубав крај од годинава од тоа последниот филм за 2016 да го предложи, за прв пат, нашиот драг модератор и уште подраг човек (море ЧОВЕЧИШТЕ!), - @џимеј . Ќе го почекаме до вечер да пише кој е филмот, ако не, јас ќе ви го презентирам.

И ви благодарам на сите за секое зборче и за секој, макар и најмал придонес во темава која беше можеби една од најактивните на подфорумов. Анализата ќе ја направиме дополнително, но 71 страница и преку 1000 мислења во една година сепак не се за потценување и фрлање. Вие сте тимот! :cuc:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.901
Поени од реакции
6.978
Јас и понатаму ќе ве пратам иако не активно. Темата ми е на следење и ќе бидам во тек со новите предлози, па можда некогаш ќе ми фати око некој да изгледам. На тие што остануваат активни ви посакувам богата филмска 2017-та :)
 
G

grande-juve

Гостин
Или... Некој филм во врска со филм. :LOL:
Јас сум за овие бе!

Можно е некој од Big Fish или Blow-Up :D

апдејтирана претпоставка после постот на Злате дека неаме шанси да погодиме:
Туки Буки од Џибрил Сисе и Папа Буба Диоп... и Нианг во напад
 
Последно уредено од модератор:

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
The Big Lebowski!!! Ако ништо друго конечно ќе го изгледам и него :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Ја типувам на When Harry Met Sally или Chasing Amy. Иако потајно се надевам на Јодоровски. :D

Oдлична година дечки. Се надевам ќе продолжиме и догодина со почетниот ентузијазм како и оваа.
Имаше одлични филмови и моменти, хајлајтс за мене беа Short Film About Love, кој мене ми беше еден од полошите предложени а мислам изнуди најмногу дискусија, дури и вон филмот, општо за љубовта, се до предлогот на Турви Lunacy кој мене ми беше спот он филм за филмски клуб, едно што најтешко ми беше да го пуштам, а сепак се форсирав и го изгледав, впрочем тоа е најмногу поентата да гледаме ново, различно... филм со кој имам 100 учинок, све изгледано, па ќе искористам постот воедно за оцена и бележење. Ми беше тежок а сепак доста интересен, муабетите на Маркис ги следев со голема концентрација. 7ка од мене ама одличен предлог со одличен крај. И супер ми беше за вежбање чешкиот.

Ако мора да бирам омилен предложен најверојатно тоа би било Grave of the Fireflies, но не сакам да наградувам такви предлози од причини кои ги имам спомнувано низ темата. Не мора 10/10 култни филмови на кои 90 посто им е гледан, така ништо не добиваме.

Сега за месец не очекува Оскаровска сезона, па почнуваме наново! Едвај чекам!
И дај, стварно, предложувајте квалитетни филмови, ме измачивте годинава... :P
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Злате, ова е најдобрата тема на форум за годинава, не може некој да ме убеди поинаку. Фала ти што направи ваков концепт каде формиравме виртуелен кино клуб кој може да се пофали дека е поатрактивен од сите обиди кај нас, дали во живо или на интернет. (а сум учествувал во кино дебати и не се мерат со квалитетот на членовите овде)
Благодарност човеку, твоето дело на форумов е :cuc:

Жал ми е што годинава мислев дека ќе сум поактивен, а не бев, но се надевам дека во 2017 ќе се поправам. А сепак, мислев дека колку толку ќе бидам предвидлив за предлогот за филм, што се изненадив кога видов дека не сум :icon_mrgr:

Морам да кажам дека темата, исто така, е главен „виновник“ за листите во Мувиспотинг каде сум искрено изненаден од тоа колку многу филмови се гледаат и колкав е интересот пред се за гледање квалитетни филмови.
Кога ќе видам на пример колку филмови изгледал Џонтра, кој и сам рече дека пред скоро почнал да гледа, знам дека овде се прави нешто добро. :) Најважна е енергијата која ја пренесуваме и се надевам ќе остане така и следната година!

Што се однесува до мојот предлог, одбрав еден филм за кој сум напишал рецензија на форумов во 2011 година. Го даваа на тв тогаш (мислам на телма) и случајно го фатив.

http://www.imdb.com/title/tt0496319/

Го одбирам затоа што филмот е пред се, едноставен малечок филм. Понекогаш ми е мака што ние како кинематографија не можеме да понудиме ниту ваков филм, мака ми е што се уште ја немаме поминато бариерата на тоа што е квалитетна приказна и секогаш големите приказни ги поврзуваме со епски битки и илјада сетови и не ни е гајле за индивидуалецот туку за приказната. Секогаш е заради некоја приказна а сите приказни се веќе раскажани.

Филмот е авторски филм на Ethan Hawke кој го направил според неговата автобиографска книга, а авторски филмови како овој, особено амерички, се малку реткост :)

Филмот е цело време во движење, изобилува со дијалози, природен е и не е претенциозен. Мене тоа ми е важно за крај на ова година, да не биде нешто претенциозно, да биде - обично и со доза на љубов. Ни повеќе ни помалку :)

Филмот никој од моите пријатели на letterboxd не го обележал како гледан :)

Филмот има многу убава музика.

Филмот би сакал да беше мој и мислам нема поважна причина од тоа. :)

Се надевам ќе уживате во филмот и ќе ве „испровоцира“ доволно за да напишете коментар на темата.
Јас ќе го репризирам вечерва за да ми биде свеж.

p.s. Има еден двдрип на rutracker, кој е 1.73 гб, кога ќе го спуштете подесете англиско аудио (снимката не е нај, али тоа е... :D )
превод имате овде https://www.podnapisi.net/subtitles/en-the-hottest-state-2006/Yiwg




:angel:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.842
Поени од реакции
36.889
@wot , фала многу за насловот, мислев дека нема да мора да спомнам, ама сепак ќе мора - те молам едитирај го :P - Film Club 2016 (The Hottest State: 19.12 - 01.01)

А за @Хоуп :love:, овојпат да не заборавам да кажам - Letterboxd листата update-увана, листата на членови, исто така.

@џимеј , фала ти многу за убавите зборови. Поцрвенев во лицето ко во сцена со убиство во филм на Тарантино. :sramezliv:

И јас сакам да ви се извинам што не можевме да најдеме ништо подобро од DVDRip од филмов, но тоа е што е. Ако некој не може да се снајде со торентот, нека пише во приватна порака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom