Premier League - Season 2016/2017

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога реков јас трагедија е што Пеп го паркираше на клупа Стоунс.. :(

Санчез заслужува 10 милиони фунти или колку и да бара од Арсенал ама на Озил треба да му ја пуштат утакмицава и еден куп други и да го преселат на минималец.
 
Озил е мадафакинг стар бој знаеш ли колку лајкови и фанови има на твитер и фејзбук заслужува се што ќе побара на терен е мање битно да се игра..
 
Кога ќе се седне да се преговара со Озил нареден пат за договорот,треба само да се пуштат инсерти од утакмицава...Лесно е со Сандерленд,Хал,Свонси да се даде гол/асистенција...кај си на битните утакмици бе пријателе??
 
Нека си потпишат уште сега за четврто и нека одат сите на одмор до јули. Едино на Санчез ако ептен му се игра, може да се пресели на другата страна од Лондон уште зимава, да не чекаме до лето.
 
Санчез е класа за сите останати од Арсенал,и според мене е во топ 5 во Премиер лига кој што сака нека рече...
 
Евертон и Сити биле во лоша форма, им фалеле играчи, нема гајле, тука е одма клубот кој воскреснува утепани тимови, оживува туѓи сезони, секогаш кога ти треба, тие се тука. (y)
 
Вака кога го гледам Арсенал ептен немоќен колку мака ми паѓа само што му скинаа три бода на Јунајтед, тие конкуренти за титула, малу морген!!
 
Второ полувреме личеа на Јеовил што би рекле. :D Искрено јас очекував да почнат киксовите на Арсенал, според играта ја играат најлошата сезона, само што овој пат ја имат среќата на своја страна како никогаш до сега.
Тие што викаа дека баш сега Арсенал може да ги помине Баерн стварно се излажале. Баерн е под свое ниво годинава ама па овие се пет метри под земја спред пристапот и играта во утакмиците. Лестер имаат поголеми шанси да ги поминат Севиља отколку Арсенал Баерн.

Четврто место ќе биде премија за нив годинава, Тотенхем се тука негде со нив, а Јунајтед почна да влегува во ритам.
 
Секако ќе го фаниме четвртото место, сега ќе почнеме со серија добри резултати, имаме на хартија лесни натпревари, ќе се доближиме пак до првото место, па таман ќе си испаднеме од Баерн, ќе дојдат тешките гостувања во март, април и мај и оп четврти (или трети зависи од конкурентите).

Сум го гледал тој филм, многу години по ред.
 
Кога Озил ке ти прати Friend Request.

qJ359AD.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom