Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Тоа јас го имам зборено со друштво (пошто политика беше забранета на форумов) уште пред неколку години, можда и после изборите 2011. Левица не е толку моќна и нема толку финансии да прави кампања и се' тоа. Од друга страна имаат одлични говорници, млади луѓе со голем интелект. Мислам дека бидејќи добија над 1% од гласовите, сега ќе имаат државно финансирање (мислам дека така идеше тоа), можеби тоа ќе смени нешто. И не би рекол дека за неуспехот на Левица е крива СДСМ, туку граѓаните се доста поларизирани, затоа што така се водеа кампањите. ДПМНЕ водеа кампања против СДСМ, СДСМ водеше кампања против ДПМНЕ. Да беше понормално време (не време кога треба да се симне Груевски и фамилијата од власт) и партиите да беа ослободени од олигарсите кои ги имаат на двете страни, сигурен сум дека Левица ќе имаше барем 2-3 пратеници.
Партиите заработуваат по 1-2 евра од секој глас, Левица со тие пари нема да може да ги покрие трошоците само за кондури.

За да успее некоја партија, мора да има членови кој ќе работат на терен, овие малите немаат ништо и затоа зимаат многу малку гласови.
Џабе им е од тоа што растурале по телевизии, кога речиси никој не ги слуша/гледа,
како што можев да видам на Левица слаба им беше пропагандата дури и на интернет или ја вршеле пропагандата во некој затворен круг, без присуство на нови луѓе.

На терен кога се работи, можеш да агитираш нови гласачи, да ветуваш во 4 очи, со што многу полесно може да се излаже некој неопределен да гласа за тебе.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ок чисто ме интересира,што е смешно? Не за друго туку да пробам нашава ситуација да ја вклопам со општата ситуација во западното општество.
Не не, ич не е смешно на еден транспарент да викаш Трамп те сакаме а на трансот 5 сантима позади да викаш Бејли да те нема од Македонија. Еве Трамп уште неседнат во фотеља ќе го види транспарентов и магично со еден потег ќе го тргне и Бејли од тука и ќе им пише на ДИК да ги отфрлат сите приговори, ќе ги избрише бомбите од нашата меморија и така натака. Пак ќе кажам, многу е жално што мислиме дека сме фактор некаков во светската геополитика или па дека нешто ќе се смени во политиката на САД спрема Македонија сега откако е Трамп претседател наместо Обама.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318

Републиканците ги сметаме за поблиски до Македонија заради причината што администрацијата на Буш не призна под уставно име...

Но нејсе, во глобала се сложувам со тебе, но морам да нагласам дека поларизацијата во западното општество е пресликана и кај нас. Во кампањата во САД, ДПМНЕ се поистоветуваше со Трамп, додека СДСМ се поистоветуваше со Хилари. Секако све тоа беше неофицијално, но став на повеќето симпатизери беше вака пресликан. Доколку успее Трамп да дојде на власт и ги исече фондациите на Сорос (како што најави), тоа и тоа како ќе се одрази врз дел од структурата што на овие избори беше дел од кампањата на СДСМ. А тоа значи најмалку индиректно ќе влијае врз исходот на политичката струтктуираност во Македонија.

Јас искрено не би го сметал тоа за смешно доколку сум симпатизер на СДСМ.

Дека е тоа така ме потврдува денешната изјава на Грујо против Бејли. Најостра што досега сме ја виделе од Македонски политичар...
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Ни фалат добри оратори во Собранието, поентата на пратеникот е токму тоа, а не да биде лоботомиран стискач на копчиња. Има пратеници кои се два, три мандата во парламентот а не можеш да им направиш ни десетминутно јутуб видео со сите нивни говори.
Кај нас треба да се намали бројот на пратеници на макимум 50, ама кој да лапа по 20 илјади евра за транспортни трошоци годишно(n)
Не не, ич не е смешно на еден транспарент да викаш Трамп те сакаме а на трансот 5 сантима позади да викаш Бејли да те нема од Македонија. Еве Трамп уште неседнат во фотеља ќе го види транспарентов и магично со еден потег ќе го тргне и Бејли од тука и ќе им пише на ДИК да ги отфрлат сите приговори, ќе ги избрише бомбите од нашата меморија и така натака. Пак ќе кажам, многу е жално што мислиме дека сме фактор некаков во светската геополитика или па дека нешто ќе се смени во политиката на САД спрема Македонија сега откако е Трамп претседател наместо Обама.
Зошто да е смешно, Бејли и Трамп не се од иста партија нема ништо лошо во тоа.

А кој и да биде амбасадор кај нас има да се изнаужива, секогаш ќе има 4 поглавари кој со задоволство ќе му го пушат.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Републиканците ги сметаме за поблиски до Македонија заради причината што администрацијата на Буш не призна под уставно име...

Но нејсе, во глобала се сложувам со тебе, но морам да нагласам дека поларизацијата во западното општество е пресликана и кај нас. Во кампањата во САД, ДПМНЕ се поистоветуваше со Трамп, додека СДСМ се поистоветуваше со Хилари. Секако све тоа беше неофицијално, но став на повеќето симпатизери беше вака пресликан. Доколку успее Трамп да дојде на власт и ги исече фондациите на Сорос (како што најави), тоа и тоа како ќе се одрази врз дел од структурата што на овие избори беше дел од кампањата на СДСМ. А тоа значи најмалку индиректно ќе влијае врз исходот на политичката струтктуираност во Македонија.

Јас искрено не би го сметал тоа за смешно доколку сум симпатизер на СДСМ.
Вака значи, како прво не знам каде виде дека сум симпатизер на СДСМ. Јас сум само против режимот, милион пати имам пишано по форумов дека има многу работи кај СДСМ што не ми се допаѓаат, дека заедно со оваа гарнитура на министри на ВМРО треба да си одат во ќелија и еден куп СДСМ фаци, но не планирам истото да го пишувам и сега.

Како второ, нормално е ти да резонираш вака и сфаќам што сакаш да ми кажеш. Ама сакаш да ме убедиш дека рандом ликовине што протестираат пред ДИК вака размислуваат? И демек ако Трамп дојде одма Бејли ќе лета? Па кога веќе вадиш транспарент дека го сакаш Трамп, треба да знаеш дека САД не менува амбасадор туку така лесно како што прават одредени банана држави како нашава. Тоа е затоа што политиката на САД горе доле е иста и ќе остане иста низ годините, поготово за слепо црево како Македонија, нормално ако не почне да лее нафта во Св. Николе.

Трето, за ова се смеевме низ годиниве ;)

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Републиканците ги сметаме за поблиски до Македонија заради причината што администрацијата на Буш не призна под уставно име...

Но нејсе, во глобала се сложувам со тебе, но морам да нагласам дека поларизацијата во западното општество е пресликана и кај нас. Во кампањата во САД, ДПМНЕ се поистоветуваше со Трамп, додека СДСМ се поистоветуваше со Хилари. Секако све тоа беше неофицијално, но став на повеќето симпатизери беше вака пресликан. Доколку успее Трамп да дојде на власт и ги исече фондациите на Сорос (како што најави), тоа и тоа како ќе се одрази врз дел од структурата што на овие избори беше дел од кампањата на СДСМ. А тоа значи најмалку индиректно ќе влијае врз исходот на политичката струтктуираност во Македонија.

Јас искрено не би го сметал тоа за смешно доколку сум симпатизер на СДСМ.

Дека е тоа така ме потврдува денешната изјава на Грујо против Бејли. Најостра што досега сме ја виделе од Македонски политичар...
Како тоа ДПМНЕ се поистоветуваше со Трамп, кога партијата плаќаше за средба со Хилари ?

Реалноста вели дека македонските политичари го немаат екслузивното право да критикуваат политики и амбасадори на САД. Груевски почнува да наликува на Милошевиќ со вакви потези.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Вака значи, како прво не знам каде виде дека сум симпатизер на СДСМ. Јас сум само против режимот, милион пати имам пишано по форумов дека има многу работи кај СДСМ што не ми се допаѓаат, дека заедно со оваа гарнитура на министри на ВМРО треба да си одат во ќелија и еден куп СДСМ фаци, но не планирам истото да го пишувам и сега.

Како второ, нормално е ти да резонираш вака и сфаќам што сакаш да ми кажеш. Ама сакаш да ме убедиш дека рандом ликовине што протестираат пред ДИК вака размислуваат? И демек ако Трамп дојде одма Бејли ќе лета? Па кога веќе вадиш транспарент дека го сакаш Трамп, треба да знаеш дека САД не менува амбасадор туку така лесно како што прават одредени банана држави како нашава. Тоа е затоа што политиката на САД горе доле е иста и ќе остане иста низ годините, поготово за слепо црево како Македонија, нормално ако не почне да лее нафта во Св. Николе.

Трето, за ова се смеевме низ годиниве ;)

Никој нема да оди во затвор, само шоуто ќе продолжи со други улоги.

И да знаеш дека кога се менува Цреп у УСА се менува и комплет администрацијата, а тоа дека ќе има некаква голема промена во регионот тешко, ама ај ќе видиме.[DOUBLEPOST=1481985122][/DOUBLEPOST]
Како тоа ДПМНЕ се поистоветуваше со Трамп, кога партијата плаќаше за средба со Хилари ?
Плаќаше оти сите мислеа дека ќе победи:P
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Вака значи, како прво не знам каде виде дека сум симпатизер на СДСМ. Јас сум само против режимот, милион пати имам пишано по форумов дека има многу работи кај СДСМ што не ми се допаѓаат, дека заедно со оваа гарнитура на министри на ВМРО треба да си одат во ќелија и еден куп СДСМ фаци, но не планирам истото да го пишувам и сега.
Во Македонија веќе 25 години се гласа против, наместо да се гласа за, тоа најголемиот проблем. Тоа што си против ДПМНЕ, значи дека си симпатизер на онаа партија која си ја гласала.

Како второ, нормално е ти да резонираш вака и сфаќам што сакаш да ми кажеш. Ама сакаш да ме убедиш дека рандом ликовине што протестираат пред ДИК вака размислуваат? И демек ако Трамп дојде одма Бејли ќе лета? Па кога веќе вадиш транспарент дека го сакаш Трамп, треба да знаеш дека САД не менува амбасадор туку така лесно како што прават одредени банана држави како нашава. Тоа е затоа што политиката на САД горе доле е иста и ќе остане иста низ годините, поготово за слепо црево како Македонија, нормално ако не почне да лее нафта во Св. Николе.
Нормално е дека рандом ликовите што го носат транспарентот не размислуваат вака, но очигледно е дека некој размислува и тоа го пресликува врз своите членови, за да им се прави притисок на оние што размислуваат од другата страна. Што се однесува до Бејли, амбасадорското место зависи од администрацијата, така да нормално е да се очекува да се смени амбасадорот, па и во нашата, како што викаш, банана држава.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Плаќаше оти сите мислеа дека ќе победи:P
Тоа ми е јасно, но кажи им на тие што не разбираат зошто преку ноќ се смени реториката и почнаа да се крстат во Трамп како спасител.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Како тоа ДПМНЕ се поистоветуваше со Трамп, кога партијата плаќаше за средба со Хилари ?

Реалноста вели дека македонските политичари го немаат екслузивното право да критикуваат политики и амбасадори на САД. Груевски почнува да наликува на Милошевиќ со вакви потези.
Ако го имаш во предвид популизмот на Грујо, тој овој потег не го направи без да има грб.... Влогот е премногу висок во овој момент да си игра Милошевиќ.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.527
Поени од реакции
22.180
Ни фалат добри оратори во Собранието, поентата на пратеникот е токму тоа, а не да биде лоботомиран стискач на копчиња. Има пратеници кои се два, три мандата во парламентот а не можеш да им направиш ни десетминутно јутуб видео со сите нивни говори.
Не баш. На крај зборувањето во парламентот во денешно време и со сегашниве парламенти (не само во Македонија) е само шминка. Пратеничката работа се дешава на друго место. Мене побитно ми е пратеникот да е совесен, да има интелектуален капацитет, да има врска со темите кои се работат во парламентарните комисии. На 10то место можеби и ми е важно дали е добар говорник ама побитни се другите работи. Во идеален случај добар пратеник е и добар говорник ама за жал во последните 20 години имаме повеќе добри оратори место добри пратеници.

Иначе да, ија го гледам проблемот со стискачите на копчиња ама тоа е ради слабите пратенички способности а не поради слабите ораториски способности.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Во Македонија веќе 25 години се гласа против, наместо да се гласа за, тоа најголемиот проблем. Тоа што си против ДПМНЕ, значи дека си симпатизер на онаа партија која си ја гласала.

Нормално е дека рандом ликовите што го носат транспарентот не размислуваат вака, но очигледно е дека некој размислува и тоа го пресликува врз своите членови, за да им се прави притисок на оние што размислуваат од другата страна. Што се однесува до Бејли, амбасадорското место зависи од администрацијата, така да нормално е да се очекува да се смени амбасадорот, па и во нашата, како што викаш, банана држава.
Ама другар се во ред тоа, но пред ДИК имаш луѓе што имаат прешкртан Сорос, фала ти Доналд Трамп и Бејли надвор од Македонија. Не ти личи ли ова на шизофренија и како може овој збир на транспаренти да не е смешен? И ајде да тргнеме настрана, како може да викаш We love you Donald Trump а ликот може уште прв ден да му текне да не бомбардира? Оние со песнана барем видоа аир па ја направија. Настрана што платното за транспарент им е здрпано, како по обичај нормално за овој режим, дури ни протест не знаат да организираат без крадење. Не знам но според мој начин на размислување ова е за греота.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Него дечки сеа ми текна, вака со транспарентиве нема ли Путин да се лути? Толку ли од љубовта спрема човекот што беше сигурно дека ќе не избави од лукавиот?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Ама другар се во ред тоа, но пред ДИК имаш луѓе што имаат прешкртан Сорос, фала ти Доналд Трамп и Бејли надвор од Македонија. Не ти личи ли ова на шизофренија и како може овој збир на транспаренти да не е смешен? И ајде да тргнеме настрана, како може да викаш We love you Donald Trump а ликот може уште прв ден да му текне да не бомбардира? Оние со песнана барем видоа аир па ја направија. Настрана што платното за транспарент им е здрпано, како по обичај нормално за овој режим, дури ни протест не знаат да организираат без крадење. Не знам но според мој начин на размислување ова е за греота.
Вака, на никој сам и без дозвола не му текнало да иде со транспаренти, најмалку на приврзаници на ДПМНЕ, тоа нека ти е јасно. Можеби тебе ти личи на шизофренија, но позади тоа има добро разработено сценарио. Не ги потценувај ДПМНЕ, ниту вољата на нивните симпатизери
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom