Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.161
- Поени од реакции
- 3.398
Тоа јас го имам зборено со друштво (пошто политика беше забранета на форумов) уште пред неколку години, можда и после изборите 2011. Левица не е толку моќна и нема толку финансии да прави кампања и се' тоа. Од друга страна имаат одлични говорници, млади луѓе со голем интелект. Мислам дека бидејќи добија над 1% од гласовите, сега ќе имаат државно финансирање (мислам дека така идеше тоа), можеби тоа ќе смени нешто. И не би рекол дека за неуспехот на Левица е крива СДСМ, туку граѓаните се доста поларизирани, затоа што така се водеа кампањите. ДПМНЕ водеа кампања против СДСМ, СДСМ водеше кампања против ДПМНЕ. Да беше понормално време (не време кога треба да се симне Груевски и фамилијата од власт) и партиите да беа ослободени од олигарсите кои ги имаат на двете страни, сигурен сум дека Левица ќе имаше барем 2-3 пратеници.
Партиите заработуваат по 1-2 евра од секој глас, Левица со тие пари нема да може да ги покрие трошоците само за кондури.
За да успее некоја партија, мора да има членови кој ќе работат на терен, овие малите немаат ништо и затоа зимаат многу малку гласови.
Џабе им е од тоа што растурале по телевизии, кога речиси никој не ги слуша/гледа,
како што можев да видам на Левица слаба им беше пропагандата дури и на интернет или ја вршеле пропагандата во некој затворен круг, без присуство на нови луѓе.
На терен кога се работи, можеш да агитираш нови гласачи, да ветуваш во 4 очи, со што многу полесно може да се излаже некој неопределен да гласа за тебе.