После претставата од синоќа, на секого во Македонија кој има барем малку интелигенција и самопочит му е јасно зошто Гвујо, Миле, Гордето и началникот мора да завршат во затвор, и зошто Филип, Илче, Антонио, Влатко и слични креатури и безрбетници мора да бидат засекогаш избришани од политичката сцена на Македонија. Се фатија за власта и не ја даваат. Лажат, крадат, подмитуваат, пушат, ама власта не ја пуштаат. Сакаат да преживеат по секоја цена, како бубашваби после нуклеарна експлозија.
Онаков ужас ретко се гледа. Атмосфера како во Ноќта на живите мртовци, хипокризија како кај Дискретниот шарм на буоржуазијата на Буњел, злоба која не можеш да ја најдеш ниту кај Мртвите души на Гогољ.
Јад, беда и мизерија. 10 години узурпација на власта, и перверзија на се што е добро и убаво. Да цркнат, сите до еден.