Излез од кризата би имало ако Груевски и Заев со компанија се тргнат од политика, заедно со Ахмети и Тачи со компанија.
Кога ќе се тргнат овие, ќе се смират тензиите, нема да има веќе притисоци од овој степен, нема да има омраза како што има сега, ќе се смири реториката, пошто нови лица би дошле на чело на партиите на кои не ќе има кај да им се фатат од спротивната партија.
Не разбирам, Заев сакаше со пенкало, на избори да го сруши Груевски, имаше сега шанса, и граѓаните не се согласија Груевски да замине.
Не верувам дека Дпмне направила поголем криминал на овие избори од тоа што правел Дуи .... но сепак албанците на Дуи му дадоа само 86.000 гласа, од 153.000 колку ги имаше на последните избори.
Ако стварно македонците се огорчени, разочарани, незадоволни, угнетени од владеењето на Груевски, ќе гласаа многу поинаку.
Не знам како на македонците им звучи тоа што денес Заев го зборуваше, но тој нема право да му се закани велејќи му дека тој не смее да состави нова Влада.
Груевски освои 51 пратеник и законски он има право да проба формирање Влада.
Точно е дека граѓаните одбраа Опозиција, пошто Сдсм + Вмро за Македонија + Трет блок + Левица имаат над 30.000 гласа повеќе од партијата на Власт, Вмро Дпмне ... меѓутоа не слушам дека Заев ги спомнува нив, иако и тие мали партии учестуваваа во обидот да се сруши Груевски.
Заев треба да ги собере лидерите на овие партии и тогаш да излезе пред медиуми и да каже, еве ние баравме гласови пред граѓаните плукајќи по Груевски, и граѓаните ни дадоа 30.000 гласа повеќе него на Груевски.
Оваа власт мора да биде поразена убедливо, а не со трошките од помалите партии.
Милошевиќ беше принуден на избори исто како сега Груевски, само што тогаш србите на опозицијата му дадоа 64% доверба, а Милошевиќ само 13% ... е вака се руши режим.,