Македонски специјални единици (полициски и воени)

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
A dokazhano e koj gi predade ima sudska presuda.
Aman be od politika.
Ova e deviz od tipot toj e peder
!
Pa neka se brani. Namseto toj shto kleveti da dokazhuva.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Најкрвавиот и најбрутален масакр во поновата историја на Република Македонија се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.

Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невиениот масакр.
Откако упаднале во заседа, имало борба некое време, па после се симнале копилињата и ги сечеле, ги палеле ги масакрирале нели... тоа трае, треба време за тоа ? За тоа време, каде било тоа последно возило ? Само се свртело назад и ги оставиле тие напред во престрелка ? Зашто не пружале поддршка од позадина ? Друга работа, патрола од хамери и лада нива ? Кој нормален пушта патрола во воена состојба со лада нива бе ? Ај хамерот колку толку има некоја заштита и е воено возило, ама лада нива ??? На чело на патролата обавезно треба тешко оклопно возило со тежок митралез на него... Хермелин, па и БТР ако треба.. а не со картонска лада нива во патрола да одат.

Логично објаснување ? 8мина мртви, 6 повредени, и 2ца живи здрави испаѓа математиката ?
 
Последно уредено:

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263

Постојат многу нејасности околу масакрот кај Вејце. На каква задача била испратена патролата и тоа токму на тоа место, до сега одговор никој не дал. Од 16 члена половина загинале и тоа по четворица „Волци“ и четворица полицајци. Се прашува како е можно тројца ранети „Волци“ да бидат пуштени, а командирот на патролата да помине без никакви рани? Нејасно е исто така зошто четвртото полициско возило лада нива заостанало зад вообичаеното договорено растојание меѓу возилата во движење и не навлегло во кривината на смртта. Останува енигма зошто полицајците од ова возило не дејствувале и не им помагале на колегите кои крвавеле и умирале?

Во книгата „Масакрот во Вејце од 2001 година“ од Миливој Костески, татко на загинатиот Игор во масакрот, во неговата книга наведува разни гласини, кои он ги пренесува како размисла и можеби можна варијанта. Додека еден од тешко ранетите лежел на патот и се преправел дека е мртов на крај слушнал разговор на Српски јазик: „Ајде идемо, доста је било!“ Друга гласина е дека наводно еден час по нападот на патролата, преку радиоврска во командата е јавено: „Задачата е завршена, дојдете да си ги подигнете труповите“. Во прилог на тоа дека патролата е жртвувана се и следниве два момента: Неколку дена пред масакрот, врховниот командант за специјални намени повлекува триесетина „Волци“, членови на ВМРО-ДПМНЕ за да бидат на сигурно до него, а и да ја чуваат претседателската резиденција на Водно. Втор момент е пројавеното сомневање околу правењето на списокот за патролата, која се знаело дека ќе биде жртвувана. На 27 април 2001 година во 20:30 часот Игор Костески добива повик од неговата мајка. Таа го прашува што е таа врева во позадината. Игор одговара: „Некои се прават многу паметни, правиме претумбации во смените, некои не сакаат да одат во патрола, болни се, глупости. Нервозен сум, ми иде да прснам!“.

Според очевидецот кој бил ранет со три куршуми и врз кои се извршени три сложени операции, заседата била поставена на добро подготвено место, терористите биле распоредени во форма на потковица па џиповите и хамерите биле засипани со гранати и куршуми буквално од сите страни. Неколкумина од полицајците и војниците што успеале да излезат од возилата, биле покосени и паѓале веднаш крај нив. Тој бил погоден три пати и благодарејќи само на среќата и на оние неколку десетина секунди дури терористите се спуштале кон труповите на македонските бранители, успеал да скокне во провалија и оттаму да се повлече неколку стотина метри подалеку од местото на грозоморниот чин. Кога излегол од провалијата, наишол на средовечен Албанец со мало дете кој нешто работел на една ливада. Му го ставил ножот под грклан, и, благодарејќи на детето, за кое му станало жал, не ги убил на самото место. Само му наредил на Албанецот да го симне до првиот пункт на македонските безбедносни сили.

Подолу Албанецот му предложил да ја земе колата, да го скрие во сеното и така да го извлече до Тетово. Се разбира, тоа било само трик за да биде предаден. Иако со тешки рани, кога видел дека Албанецот не се враќа и дека ќе го предаде, ранетиот продолжил надолу, криејќи се низ шумичките. За своја среќа наишол на полициска патрола која се обидувала да им пружи помош на настраданите кај Вејце. Тој ја негира приказната дека некој Албанец наводно го скрил под сеното и го спасил.

Миле Јаневски - Џингар... он го управувал хамерот. Последните погледи на овие осум маченици вечно да им се појават на сторителите и предавниците.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
Ахмети во интервју за Фокус на прашањето ''Зошто вашите го сторија овој грозоморен чин'' кажал:
"Одговорот на ова прашање треба да го дадат луѓето кои издале наредба војниците и полицајците да навлезат на овој терен, а добро знаеле дека тука се наоѓа ОНА. Нашите припадници имаа само една наредба: да интервенираат само тогаш кога нивниот живот е во опасност". А на прашањето што е со касапењето по убивањето, Ахмети одговара: "Ништо од ова не е вистина. И јас сакам овој случај да се расветли. Многу мани-пулации се направени со Вејце.Според сите информации кои јас ги имам, битката се водела трупа на трупа,
гради во гради, тело врз тело. Се нашле во една кривина и не можеле веќе да побегнат едни од други".
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
tocen e tekstot i bratoto na predavnikot na patrolata kaj Vejce e kandidat za pratenik i precedatel na Dpmne vo tetovo sve patrioti

Patrolata bese predadena nemase nikakva borba toa se filmovi na ahmeti pred javnosta tie bea nacekani vo zaseda od site strani i kukavicki ubieni maskrirani i zapaleni...da bese borba nemase da bidat ubieni i so tolkavi zrtvi...
Ke vi postavam ovaa nedela i razgovor so eden od preziveanite...ke vi se pojasni nekoi raboti poveke
 
• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
@Panter 01 Обавезно да го споделиш тука или во инбокс.
Иначе кога се читаат сите овие работи, тогаш и јасно станува оти Илче го рекол тоа што го рекол:

Дали веќе сфаќал(е) дека се предадени?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Последните погледи на овие осум маченици вечно да им се појават на сторителите и предавниците.
И на тие што ги гласаат, и на тие што не им е гајле за ништо. Сите тие се предавници.
 
Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
''Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња, ’ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака.“
Дечки да не знаете каде може да се купи книгата објавена од семејството на Игор?

images.jpg
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
Hamerot edniot e upravuvan od Igor kosteski toj sto e svten.... a ne zapaleniot. Svatile ama kasno mnogu brzo se desavalo zatoa i toa go rekol ILCE.... ke vi napisam ovde ovaa nedela samo neka pominat izborive
Knigata ja nema za zal da se kupi taa na slikata no
ovaa moze da se kupi vo tabernakul skopje ako se uste ja ima 400 den e 2016-09-12 11.45.55.jpg
 
• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Hamerot edniot e upravuvan od Igor kosteski toj sto e svten.... a ne zapaleniot. Svatile ama kasno mnogu brzo se desavalo zatoa i toa go rekol ILCE.... ke vi napisam ovde ovaa nedela samo neka pominat izborive
Knigata ja nema za zal da se kupi taa na slikata no
ovaa moze da se kupi vo tabernakul skopje ako se uste ja ima 400 den e
Според тоа што го знам, Илче прв барал помош а по не знам кое време го кажал тоа горе на сликата дека НЕМА ПОТРЕБА ДА ДОАЃААТ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНАТ ЗА МАКЕДОНИЈА... мене ме интересира колку било временското растојание... чим можел одма да јави значи дека бил во втората Лада нива... и предпоставувам лично дека мора да имало барем мал отпор, бидејќи пак се јавувал. Од она што го пишува на нет, некој тврдат дека војниците и полицајците од последните возила давале помош, па дури и убиеле некој терорист. Други извори како горе па тврдат дека немало никаков отпор од нив. Срамота што ден денес нема официјална верзија што точно се случи кај тоа пусто Вејце...
 
Ех, и жално е што нема кој да ни ја каже вистината. Има повеќе верзии па сега ти погодувај што е точно, а што не е
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
normalno deka ima nogu verzii,nekoj i ja znae tocnata vistina, no nema nikogas da ja doznae javnosta
zalno e se sto se slucuva vo mkd no toa e
 
Kajgana Shop

На врв Bottom