Откако упаднале во заседа, имало борба некое време, па после се симнале копилињата и ги сечеле, ги палеле ги масакрирале нели... тоа трае, треба време за тоа ? За тоа време, каде било тоа последно возило ? Само се свртело назад и ги оставиле тие напред во престрелка ? Зашто не пружале поддршка од позадина ? Друга работа, патрола од хамери и лада нива ? Кој нормален пушта патрола во воена состојба со лада нива бе ? Ај хамерот колку толку има некоја заштита и е воено возило, ама лада нива ??? На чело на патролата обавезно треба тешко оклопно возило со тежок митралез на него... Хермелин, па и БТР ако треба.. а не со картонска лада нива во патрола да одат.
Логично објаснување ? 8мина мртви, 6 повредени, и 2ца живи здрави испаѓа математиката ?
Постојат многу нејасности околу масакрот кај Вејце. На каква задача била испратена патролата и тоа токму на тоа место, до сега одговор никој не дал. Од 16 члена половина загинале и тоа по четворица „Волци“ и четворица полицајци. Се прашува како е можно тројца ранети „Волци“ да бидат пуштени, а командирот на патролата да помине без никакви рани? Нејасно е исто така зошто четвртото полициско возило лада нива заостанало зад вообичаеното договорено растојание меѓу возилата во движење и не навлегло во кривината на смртта. Останува енигма зошто полицајците од ова возило не дејствувале и не им помагале на колегите кои крвавеле и умирале?
Во книгата „Масакрот во Вејце од 2001 година“ од Миливој Костески, татко на загинатиот Игор во масакрот, во неговата книга наведува разни гласини, кои он ги пренесува како размисла и можеби можна варијанта. Додека еден од тешко ранетите лежел на патот и се преправел дека е мртов на крај слушнал разговор на Српски јазик: „
Ајде идемо, доста је било!“ Друга гласина е дека наводно еден час по нападот на патролата, преку радиоврска во командата е јавено: „
Задачата е завршена, дојдете да си ги подигнете труповите“. Во прилог на тоа дека патролата е жртвувана се и следниве два момента: Неколку дена пред масакрот, врховниот командант за специјални намени повлекува триесетина „Волци“, членови на ВМРО-ДПМНЕ за да бидат на сигурно до него, а и да ја чуваат претседателската резиденција на Водно. Втор момент е пројавеното сомневање околу правењето на списокот за патролата, која се знаело дека ќе биде жртвувана. На 27 април 2001 година во 20:30 часот Игор Костески добива повик од неговата мајка. Таа го прашува што е таа врева во позадината. Игор одговара:
„Некои се прават многу паметни, правиме претумбации во смените, некои не сакаат да одат во патрола, болни се, глупости. Нервозен сум, ми иде да прснам!“.
Според очевидецот кој бил ранет со три куршуми и врз кои се извршени три сложени операции, заседата била поставена на добро подготвено место, терористите биле распоредени во форма на потковица па џиповите и хамерите биле засипани со гранати и куршуми буквално од сите страни. Неколкумина од полицајците и војниците што успеале да излезат од возилата, биле покосени и паѓале веднаш крај нив. Тој бил погоден три пати и благодарејќи само на среќата и на оние неколку десетина секунди дури терористите се спуштале кон труповите на македонските бранители, успеал да скокне во провалија и оттаму да се повлече неколку стотина метри подалеку од местото на грозоморниот чин. Кога излегол од провалијата, наишол на средовечен Албанец со мало дете кој нешто работел на една ливада. Му го ставил ножот под грклан, и, благодарејќи на детето, за кое му станало жал, не ги убил на самото место. Само му наредил на Албанецот да го симне до првиот пункт на македонските безбедносни сили.
Подолу Албанецот му предложил да ја земе колата, да го скрие во сеното и така да го извлече до Тетово. Се разбира, тоа било само трик за да биде предаден. Иако со тешки рани, кога видел дека Албанецот не се враќа и дека ќе го предаде, ранетиот продолжил надолу, криејќи се низ шумичките. За своја среќа наишол на полициска патрола која се обидувала да им пружи помош на настраданите кај Вејце. Тој ја негира приказната дека некој Албанец наводно го скрил под сеното и го спасил.
Миле Јаневски - Џингар... он го управувал хамерот. Последните погледи на овие осум маченици вечно да им се појават на сторителите и предавниците.