Ковачев е најдобриот играл на Пелистер во есенскиот дел од ПМФЛ.
Одма после него е Тошевски, па трет Лукас.
Неам видено онаква пожртвуваност и стабилност во ниеден играч на Пелистер предходно, со чест на исклучоци, ама Ковачев е ѕверотиња и е далеку пред сите.
Не памтам еден лош натпревар да имаше ова сезона а и сезоната 2012 ко дојде првпат во Пелистер. Да беа барем 50% од играчите на негово ниво, ќе бевме многу постабилна екипа.
Одлична полусезона имавме и честитки до сите играчи, безразлика кој колку допринел за ваков резултат. Влегваме 3то пласирани во пролетниот дел и како полуфиналисти со релативно лесен противник и шанса да се пласираме во финале.
Жал ми е само, шо битолчаните од натпревар во натпревар се во надолна линија и за жал во пролетниот дел тешко дека ќе добијат шанса кај Шенсои.
Сеа едни добри припреми надвор од државата со неколку нови играчи и добри контролни натпревари, за да можи Шенсои да ја наштима екипата како треба.