Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Нека ни се падне Баерн ако ни се паѓа веќе некоја од елитниве екипи.И они се несфатени ко нас сезонава може ќе имаме шанси.
 
ПСЖ сакам да ни се падне, немаме играно со нив. Баерн и Реал во никој случај, кој кур екстра тежок противник пред се по име уште во 1/8 финале.
 
Зизу несакал да се падни со нас во осминафиналето... знае човекот кој е слепото црево за Реал Мадрид :icon_mrgr:
 
Можеби Јувентус не ја прикажува таа игра од минатите сезони,и реално највеќе чкрипи во средината,во делот на поврзувањето на нападот со средината.Aли медиумиве ептен на пик го фатија Миралем,ко он да е крив за целата игра на Јуве.Не игра на иста позиција нит може физички да го замени Погба или Видал.Марота тука мораше да донесе уште еден играч кој ќе биде моторот во средината како што беше Видал и Погба кој играа добро и во напад и во одбрана.

Точно е дека Пјанич потрфли на некои натрпевари како и сите играчи на Јуве,али за играч што е "надвор" од форма има доста добра статистика.Како ли ќе игра кога ќе "влезе" во форма :D
Pjanic's season by numbers:

17 Games
5 Goals
6 Assists
43 Chances Created
17 Interceptions
12 Tackles won of 15
Goal/Assist per 118 mins
 
Што е ова што читам, скоро и готови да се трансферите на Кеси и Калдара од Аталанта... за Кеси ќе сме плателе одприлика 20 милиони, додека за вториов 12 милиони. Се на се околу 33/34 милиони со се бонусите за двајцава.
Не ги пратам многу Аталанта сезонава и покрај добрите резултати што ги прават, али чим Марота решил во Декември да ги обезбеди двајцата играчи, ондак пеки... ќе ги видиме на лето што знаат :). Сега е многу важно да го вратиме Лирола од Сасуоло, дека не иде само со Лихтштајнер да тераме цело време на десната бековска позиција.

Витсел по се изгледа нема да доаѓа зимава, али затоа му го открија планот на Марота како да го донесе на лето :icon_mrgr:

 
Абе утре дерби играме мајката, што ви е.

Се очекува 4-3-1-2 формација, со Пјанич позади Игуаин и Манџукич. Киелини, Ругани, Лихштајнер и Сандро во одбрана, средина со Маркизио, Кедира и најверојатно Стураро.

Главен судија на мечот Џанлука Роки, кој го судеше дербито во декември 2012 кога Глик доби црвен во првото полувреме, Пирло промаши пенал, а во второто 3-0 го добивме мечот со двата гола на Маркизио и еден на Џовинко.
 
Еј, Џовинко бе хаха. Што прави тоа дете, игра ли уште?


Игра во Торонто во недела према понеделник игра финале против Сиетл.

Него дојдов за утре утакмицата , дерби а овде штама што е ова . Бојкотирате ради Деви што го нема или ради изборите утре :oeoeoe::oeoeoe:.
 
Еј, Џовинко бе хаха. Што прави тоа дете, игра ли уште?
Си гази миџетот во Торонто,се истури од голови давање во МЛС :D

Нема што да се каже за дербиво утре,со комшикиве последниве години имаме добар скор,али градско дерби е ништо не се знае.
15284006_1202051016549498_1344026502671053254_n.jpg
 
Само да не се повреди некој, а за резултатот со касапиве ич не се секирам.
 
Ќе напаѓаш, ќе правиш шанси и ќе дојде мртвиов бубуљичав Белоти и со бубуљицата на слепоочница ќе ти даде гол:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom