Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
@Shawn Spencer - сериозно ли само 4/10 за The Hours на Далдри? Аууу. Те молам кажи ми дека несаќајки ти клизнал маусот и случајно си кликнал па ти се укочил компјутерот или си снемал интернет па не си можел да смениш.

Why, oh whyyyyy? :place:
 
Ме утепа вчера, 110 минути ко цел век да траеше. Досаден ми беше од почеток до крај, не ме допре, едноставно ми беше сеедно дали ќе се самоубијат или ќе живеат. Едино малиот ми беше одличен. Прелошо обработена или вклучена во филмот Mrs. Dalloway на Вирџинија Вулф. Инаку пофалби за оние што ја маскирале Николчето, иста Вирџинија, не можев да поверувам дека Никол ја игра. Еве не знам и јас погледнав од 15 души, ја и еден амер сме му ставиле 2ки. Башка нејќам ко класични дела се префрлаат во модерни филмови. :)
 
Аууу, колку не си во право за ова. Прва работа - филмот не е правен според „Госпоѓа Даловеј“ на Вулф, туку според истоимениот роман „Часови“ на Мајкл Канингам. Станува збор за филм во филм за филмот направен според роман за роман во романот, или како и да го формулираш ова. Мене ми беше мнооооогу јак концептот, го имам репризирано повеќе пати. Три жени, три времиња: едната пишува роман, втората го чита, третата го живее. И има мноооогу уште да се зборува, да се анализира, зошто и вака навидум обична и „досадна“ драма е подложна на триста толкувања. Најди време да го ѕирнеш уште еднаш кога ќе бидеш посконцентриран. Не верувам дека ова тебе може да не ти се допадне.
 
Абе океј, го прочитав и јас тоа дека е според Часови, али што знам не ми легна. Може зашто морав да го гледам и ми беше обврска/задача, па автоматски ми беше одвратен зашто нејќам кога нешто сум приморан. Ќе му се навратам некогаш и негде сигурно, исто како на Лебедот. :D
 
The Eyes of my Mother - може стварно не е хорор, ама тогаш е најстрашната, најпсихопатската и најужасната драма што некогаш е снимена. Ти доаѓа да повратиш во секој момент. The Witch гомна да јаде!

А кога сме кај психопатите - португалските психопати се веројатно број 1 психопати. :pov:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Секогаш кога го гледам крајот на една од епизодите на труе детектив(не ми текнува која беше а не мислам нели нормално да се правам рудар у 21-15) сум она wow ама првото чуство си е онака најако си седиш си гледаш и наеднаш се издигнуваш од некоја лејзи положба се исправуваш онака скроз ококруваш очи онака широко (од типот на црвенкапа коа го прашува волкот а зошто имаш толку големи очи за да можам подобро да те видам) и да продолжам со мислата и сфаќаш дека си сведок на нешто многу добро што не го глеаш секој ден и викаш ија ова се запишува у историјата Така и тука следува оној друг дел и си викаш а чеј бе пер тебе ова ти се свиѓа а Викторија ја заборави А и си викаш да бе а тоа беа 6 минути а ова 2саати и кусур М и ми текна на уше една стварЧИЦА Son of Saul и тука ќе згрешев пошо мислев дека беше сниман у еден здив али грешка The film was shot on 35 mm film in 28 days in Budafok, Budapest.
И шо е финатава со овие говори шо ги држиш на темава у последно време мислиш Обама си?

True Detective - Six minute single take tracking shot - no edits, no cuts - Who Goes There

УЖИВАЈТЕ.

и да само првата сезона ја имам изгледано.
 
Се жалеле родители, многу мрачен бил трејлерот за Cars 3 и можно е некој да умре :ROFLMAO:

The Red Turtle

Анимираниов филм заедно со Hardcore Henry се можда најмоќните ствари кои ги изгледав оваа година и кои ме оставија со подотворена уста. Врска немаат еден со друг содржински, зборам само за впечатоците. Инаку е реалистичен анимиран/цртан филм, еден од најпоетските и најфилозофските кои ги имам гледано. Филм кој пред се ве тера да си поставувате прашања, но и филм кој во себе ги има вткаено емоциите кои се будат кога си го гледате животот од страна. Нема да пишувам ништо околу настаните, пошто не сакам да ви го расипам. Само ќе го поставам можеби најважното прашање, кое не би ви препорачал да го читате ако го немате гледано филмот:

Дали животот поминат на островот беше метафора која пробува секојдневниот живот на човекот да го сведе на едно фундаментално ниво, мапирајќи ги само оние точки кои го прават животот живот, според поимањето на човековата свест за тоа што е навистина важно за секој од нас, која е смислата, кој е драјвот кој не тера секој од нас да продолжиме да живееме и да пробаме да ја поплниме или да и дадеме смисла на материјалната празнина во која од нигде никаде се појавивме? Или е тажна приказна за еден очаен и осамен човек кој остатокот од животот го помина во илузија?

10 од 10
Со се' се слагам Змеј. Врвна поезија. Филмов ме погоди во центар со васко ефтов. Од одма ме вшмукна и не ме пушти до крај. Да не зборам за кадрите, за анимацијата, за саундтракот... Знаеле Студио Гибли од кого бараат да им напраи филм, првиот аниматор за нив што не е Јапонец. Холанѓанецов Де Вит 9 години поминал у праење на филмов, и се забележува сета љубов и посветеност. :cuc:
што и да е одговорот, функционира и резонира перфектно. Јас мислам дека е комбинација од двете. Откако ја убива желката почнува илузијата и метафората, почнува да замислува/сфаќа дека и на пуст остров би бил апсолутно среќен, со семејство во кое владее љубов, и со храна доволно за да го прехрани... И има ли нешто поубаво од тоа. Нормално ќе има и по некоја лоша работа, што на сите ни се случува, ама тоа е составен дел, во филмов преставено преку цунамито. Желката кога му го кршеше сплавот е како порака за сите нас, полека, кај сте се залетале безглаво. Толку малку треба за да не мора да си го поставуваме прашањето: "која е смислата, која е поентата"
Така некако си го сфатив.. како и да е, уживав најмногу од било кој филм од годинава. Ремек дело во секоја смисла.
 
Последно уредено од модератор:
Arrival (y) Еден од подобрите филмови годинава дефинитивно. За мој вкус најдобар филм на режисеров до сега. Со секој филм се подобар станува, немам сомневање дека и (крајно непотребното) продолжението на Блејд Ранер ќе биде напнато како и филмов.
 
Мене скроз безвезе ми беше Arrival, очекував некоја поголема разврска. Најдобро нешто беше кога
прв пат влегоа во леталото, музиката врв.
 
Музиката на Jóhann Jóhannsson :place::place:
Почетната и крајната нумера се на Max Richter на кој свршував од The Leftovers минатата година ова време.
Иначе има неколку емотивни моменти, за момент ме потсети на Interstellar.
Си ми го читал долгото и опширно review на LB.
И јас го гледав вечерва
Евреј до евреј бе.
Не се гледа филмов во вторник.
Евреи.

Чекајте малку, ја го глеав со бесплатна карта од роденден :DDDDDD
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom