Француската е добра
Intermittent fasting е доста флексибилна, а најдобра диета е ако научите што треба да јадете, колку треба да јадете, физичка активност и
самоконтрола.
Јо-јо ефектот кај диетите не е само кај диетите со гладување, овошни денови и не знам какви денови, туку се јавува уште повеќе кај „сезонски вежбачи“, најбитен е калорискиот внес и периодот на внес на истите тие калории, може да јаде човек "чиста храна“ и пак да се направи бише ако не е запазен калорискиот внес и ако нема самоконтрола за количината што ја внесува.
Сега скоро имав прилика да му пишувам план за исхрана на човек што бил физички активен во еден од потешките спортови околу 8 години, со пауза од 2 години човекот беше направен баце со стомак од пред кооперација, а сепак се зачудив за навиките што ги има, благо речиси и да не каснува, а од месо јаде само пилешко и риба, целата таа тежина ја има накрцано поради што нема контрола во јадењето, јаде кога треба и не треба и истата количина на храна што ја јадел додека тренирал по 2часа секојдневно.