Sungerot Bob
Живеј го животот
- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 32.391
- Поени од реакции
- 36.508
Веќе два дена поминаа од кога започна шоуво, ама гледам никој не отворил тема
,,Кастинг талент шоу" е Македонско шоу чија цел е да се изберат најдобар женски и машки пејач кои ќе го изведат мјузиклот ,,Тајно моја" во чест на Тоше Проески, чие финале ќе се одржи на денот на роденденот на Тоше, 25 јануари.
Освен тоа што во ова шоу ќе се избираат најдобар машки и женски вокал, ќе се бара од нив да покажат и актерски способности, поточно она што ќе го отпеат ќе треба и да го одиграат. Целта на ова шоу е да се пронајдат и направат нови Македонски музички ѕвезди.
Шоуто е од типот на ,,Идол" и ,,Икс Фактор", а (ќе) се одржува во Македонска Опера и Балет. Жирито е составено од Игор Џамбазов, Сара Мејс и директорот на МОБ, Игор Дурловски. Шоуто е организирано од страна на МОБ во копродукција со 3D продукција. До сега се пријавиле 500 кандидати, а шоуто започна на 28 ноември и ќе се емитува секој ден на Канал 5 со почеток во 21:30 часот.
Јас искрено сум среќен што конечно на нашиве телевизии има Македонско талент шоу и што оние што знаат да пејат ќе имаат шанса да се докажат и покажат во својата држава. Иначе до сега ги гледав и двете епизоди од аудициите и морам да кажам дека ми се свиѓа шоуво, а и стварно строги критериуми имаат. Ми се свиѓа тоа што имаат вложено во сцена, осветлување, озвучување, организација и камера.
Ваше мислење?

Последно уредено: