Илирика не ми се допаѓаат мене.. Можеби затоа што ги формираа на врвот од пазарот и уделите беа 100 денари сега се 50-60 денари... Нема врска.. И тие можеби ќе бидат добри.
Јас лично не милувам фондови на акции.. Поради една причина... Како мал инвеститор ќе се бара од тебе да платиш дури 5% влезна провизија.. Односно ти ќе уплатиш 1000 евра а ќе ти легнат во фондот 950 евра.
После тоа тие се инвестирани во акции спрема волјата на профотолио менаџерот и природата на фондот... На таа основа менаџерот пробува да оствари принос на средстава на фондоот кој не е гарантиран за акции. Секој месец фондот ќе одзема 2.5% годишно сумата на фондот на депозитна основа. Односно ако фондот располага со 100 милони евра тогаш во текот на годината фондот ќе земе 2.5 милони евра за менаџирањето на фондот. Овие пари фоднот ќе ги земе без разлика каква ќе биде вредноста на уделите на почетокот и крајот на годината... Односно ако фоднот има 100 милони евра на 1 јануари 2016, а има вредност 50 милони на крајот од 2016 фондот ќе си ги земе неговите 2.5% за менаџирање на средствата, тие обично месечно си ги зема. Ти како инвеститор поседуваш одреден дел од фондот, односно одреден број на удели во тие 100 милони евра. Има понудена цена на удел која е и куповна и продажна односно можиш кога сакаш да ги купиш удели по таа цена и да продадеш удели по таа цена (има % провизија за влез/излез).
Е сега.. ако менаџерот оствари 10% пораст на капиталот оваа година... има 100 милони евра во фондот, а цената на 1 удел е 100 денари.. На крајот од годината уделот ќе вреди 110 денари.. Но, нема да вреди 110 денари затоа што менаџерот ќе земи 2.5% односно ќе биде нешто како 107.5 денари вредноста на уделот.. Ти можиш кога сакаш да ги купиш/продадеш уделите по дневната цена на уделот минус провизија за излез. Исто можеш да ги купиш уделите по истата цена плуст провизија за влез.
Акциите не ми се допаѓаат поради провизијата. Провизија за влез/излез, управувачка провизија, надомест за депозитарна банка итн. Односно за да оствариш некој нето принос од 7-8% фондот треба да оствари 10% што е мислам повеќе просечен принос на пазарот на капитал (60 годишен просек е нешто како 8%)
Она што ми е мене поинтересно се паричините фондови кои ги има неколку. Тие се замена за трансакциска во банка... Можеш да видиш секој фонд кај ги инвестира парите но во принцип ги позајмуваат на македонски банки односно ги орочуваат. Имаат само 1% управувачка провизија, се скоро безризични (има риизк од банкарски крах и од девалвација на денарот зависно од изложеност по валути)... Паричните фондови остваруваат приноси од 2%-4% на годишно ниво. Убавината е што можеш денес да ги инвестираш парите, да седат 2 месеци, за тие два месеци уделот ќе расти односно каматата ќе течи и да си ги повлечиш без провизија. Односно инвестицискот хоризонт може да биде и само 3 дена.. Можеш да ги вложиш,чуваш три дена, за тие три дена уделот би требало да проасне и кога ќе го продадеш ќе оствариш некаков принос за тие три дена кој обично е 3% нето на годишно ниво.
Е сега стигнавме до она што најмногу го сакам... КБ Публикум обврзници.. Тој е фонд мислам единствен од ваков карактер кој инвестира во корпоративни и државни обврзници. Парите ги позајмува на компании и влади низ светот, за подетално на кого ги има позајмено види извештаи на фонодот. Фондот не е без ризик, но ризикот е умрен. Односно ризкот таму е од промена на каматните стапки и привремено намалување на вредноста на уделот, и ризикот од неплаќање на долговите односно од банкрот на некој од должниците на фондот. За да го митигираш ризкот од промена на каматните стапки најдобро е да инвестираш фиксна месечна сума во фондот. Исто така битна е просечната рочност на порфтолиот која ме мрзи да ја барам.. Но ако обврзниците на фондот имаат просечна рочност од 5 години, тогаш при непорменети услови ти сигурно ќе оствариш позитивен резултат во тие години односно камата. Додека пак за ризикот од банкрот на некој од должниците мислам дека е значајно намален со оглед на тоа што во секоја влада/комапнија фоднот инвестира максимум 5%-6% од имотот. Така да ако нема системска криза и да банкротира еден должник ти нема да изгубиш многу.
Најпроста калулација кога ја земаш цената на удлот денес и пред четири години и ја подлеиш и коренуваш со 4, кажува дека уделот просчено годишно расти со 6% што е релативно подобро од недвижнина со оглед на ликвидноста и скалабилноста (можеш и со 1000 евра да бидеш инвеститор).. Во врска со провизиите на КБ Публикум би рекол дека имаат влезна провизија за износи под 300.000 денари, но можеш да се договоирш да уплатиш 300.000 во период од 4 години на база на инвестициски план и на тој начин нема да платиш влезна провизија. Друга работа е што излезна провизија има само во првите 6 месеци од уплатат, односно ако ги чуваш повеќе од 6 месеци нема да платиш излезна провизија која изнесува 0.6 проценти.
Во поглед на управувачката провизија исто така се добри. Само 1.5% на годишно ниво и 0.35% на депозитарната банка.
Подетално за фондот тука:
http://www.kbpublikum.com.mk/kb_obvrznici.htm
Ова не е совет за инвестирање, секогаш кога инвестираш консултирај се професионалец, биди свесен за ризиците и носи си ги твоите одлуки сам.