- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Види, реков и погоре дека вложување во реалниот сектор носи многу ризици! Еден од нив е и минливоста на коњуктурата, те заситување на малиот и не многу солвентен пазар. Да, тоа може да се случи, во бизнис како што спомнав погоре џим-теретана нели... што поради голема конкуренција што поради заситување... арноо ама не гледам дека нешто им фали на спортскиот центар што е во гимназијата Георги Димитров, или уште помалку му фали на Форца центарот кој не да работи туку ‘‘растура‘‘... Е сега тоа се инвестиции со 6 цифри, ОК постои здружување, ортаклук или учество со удел... што кај нас многу малку функционира, а метод на кој се темели скоро целата економија во најразвиените земји!А што кога тој помодарски бизнис ќе издиши?
Има луѓе што прават пари на кои им симнувам капа секако... ретки но сепак ги има! И тоа не само во трендовски или помодарски бизниси... На пример со увоз од сеуште евтината Кина. Гледам поминувајки (преку излози) бидејки таму гравитирам, на Рампа продавници специјализирани продажба на чевли. Една од нив ’’Ексцес’’ ми се чини се вика (чудно и невкусно име) ама кога и да поминам има по 5-6-10 странки внатре, буквално и претпладне и навечер, а да напоменам тоа дека во цца 70-80 квадрати во смена по 4 продавачки... растураат ми се чини и уште десетина дуќани према центар како се оди завршувајки со оној карши ФЗОМ или што би рекле завод за социјално... чиј газда на 2-3 такви продавници вози како имам чуено X5 BMW возило секоја чест... наизглед едноставна шема: увезува од Кина со контејнери чевли кои ги плаќа 2-3$ (2-3 пара) кило а ги продава овде по +1000 Денари...
Или пример трет. Во Црна гора (која бтв има поголема просечна плата од нас цца 480 Еур) или во Грција (каде просечната плата тоне но сеуште е близу 900 Еур) лично се уверив во споменатите држави продавници ‘‘парче за 1Eur‘‘.... она Базаро систем нели се и сешто за домаќинство нешто козметика, галантерија гифт дребулии... и тн.... Овдека продавници не се за 1 Евро, туку се за 1,6 Еур, те ‘‘парче за 100 Денари‘‘ ... ама во 90% истите дребулии како кај споменатите. Е сега ако можат тие побогати да продаваат и профитираат со ‘‘комад евро‘‘ можеш да замислиш колкава е печалката ‘‘се за 1,60 Евра‘‘
повторно кинеска роба, повторно полни продавниците со луѓе кои купуваат свашта нешто можеби и што не им треба а евтино!
Пример 4....или 5. Увоз и продажба на блиндор врати. Повторно од Кина! Токму онакви какви што нудат Проспера или Мега... по 14-15,000.... контејнерски (на големо) франко Кина се разбира наб, цена по врата е цели 35-40$.... освен споменатите поголеми, постојат и неколку помали кои исто така работат добро...
Истата шема може да профункционира многу успешно и во сверата на климатизација и греење каде што и нема многу голема конкуренција.... и тн и тн и тн.
Не гледам дека овие бизниси се трендовски помодарски или нешто што поминува бргу! Врата ти треба сега и секогаш,, чевли такуѓере... и тн.
Е сега логички се наметнува прашањето зошто не се обидам... па некој се обидува, јас гледаш што вели членот погоре сепак не сум во цветот на младоста и немам многу време за бизнис ниту за втора шанса... но како реков ете некој се обидува!
Да, многу бизниси издишуваат, од овие или оние причини... но штедењето во банка е дефинитивно ИЗДИШАНА ДО БЕСВЕСТ ОПЦИЈА да не речам инвестиција... таму нема и на што да се надеваш... освен стравови предизвикани од несигурната политичка ситуација која недај Боже може да донесат некое грчко сценарио и исплата од влоговите со кафено лажиче или Кипарски сценарио (данок на влоговите од САМО 30%).... секако ризик од девалвација исто така стои! Така да таму работава е издишана до бескрај!
Последно уредено: