Орочување пари во банка

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Разгледај инвестициски фондови.. Банките веќе не се тоа што беа.. Некои парични фондови се практично хибридни трансакциски.. некои други фондови пак инвестираат во акции (внинмавај на провизијата), или пак обрврзници.
Може малку подетално околу фондовите?
Го најдов овој на интернет, али не ми е баш јасно како функционираат, дали ги инвестирам парите и имам фиксен процент кој треба да ми го дадат од таму на месечно ниво, пример им давам 1000 евра, колку имам гарантирана заработка на месечно ниво?
Дали може да ги повлечам кога сакам т.е пред да заврши периодот за кој што ги имам орочено?
Ме буни малку она стапка на разик, гледам 5/7 е и за Глобал растечки пазари и за Југоисточна Европа?
Ај ако има некој кој е добро запознаен и работи со инвестициски фондови напишете некој збор:
-дали се исплатат и кој е најисплатлив
-колку е голем ризикот и дали може да ги изгуби човек парите?
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339

Илирика не ми се допаѓаат мене.. Можеби затоа што ги формираа на врвот од пазарот и уделите беа 100 денари сега се 50-60 денари... Нема врска.. И тие можеби ќе бидат добри.

Јас лично не милувам фондови на акции.. Поради една причина... Како мал инвеститор ќе се бара од тебе да платиш дури 5% влезна провизија.. Односно ти ќе уплатиш 1000 евра а ќе ти легнат во фондот 950 евра.

После тоа тие се инвестирани во акции спрема волјата на профотолио менаџерот и природата на фондот... На таа основа менаџерот пробува да оствари принос на средстава на фондоот кој не е гарантиран за акции. Секој месец фондот ќе одзема 2.5% годишно сумата на фондот на депозитна основа. Односно ако фондот располага со 100 милони евра тогаш во текот на годината фондот ќе земе 2.5 милони евра за менаџирањето на фондот. Овие пари фоднот ќе ги земе без разлика каква ќе биде вредноста на уделите на почетокот и крајот на годината... Односно ако фоднот има 100 милони евра на 1 јануари 2016, а има вредност 50 милони на крајот од 2016 фондот ќе си ги земе неговите 2.5% за менаџирање на средствата, тие обично месечно си ги зема. Ти како инвеститор поседуваш одреден дел од фондот, односно одреден број на удели во тие 100 милони евра. Има понудена цена на удел која е и куповна и продажна односно можиш кога сакаш да ги купиш удели по таа цена и да продадеш удели по таа цена (има % провизија за влез/излез).

Е сега.. ако менаџерот оствари 10% пораст на капиталот оваа година... има 100 милони евра во фондот, а цената на 1 удел е 100 денари.. На крајот од годината уделот ќе вреди 110 денари.. Но, нема да вреди 110 денари затоа што менаџерот ќе земи 2.5% односно ќе биде нешто како 107.5 денари вредноста на уделот.. Ти можиш кога сакаш да ги купиш/продадеш уделите по дневната цена на уделот минус провизија за излез. Исто можеш да ги купиш уделите по истата цена плуст провизија за влез.

Акциите не ми се допаѓаат поради провизијата. Провизија за влез/излез, управувачка провизија, надомест за депозитарна банка итн. Односно за да оствариш некој нето принос од 7-8% фондот треба да оствари 10% што е мислам повеќе просечен принос на пазарот на капитал (60 годишен просек е нешто како 8%)

Она што ми е мене поинтересно се паричините фондови кои ги има неколку. Тие се замена за трансакциска во банка... Можеш да видиш секој фонд кај ги инвестира парите но во принцип ги позајмуваат на македонски банки односно ги орочуваат. Имаат само 1% управувачка провизија, се скоро безризични (има риизк од банкарски крах и од девалвација на денарот зависно од изложеност по валути)... Паричните фондови остваруваат приноси од 2%-4% на годишно ниво. Убавината е што можеш денес да ги инвестираш парите, да седат 2 месеци, за тие два месеци уделот ќе расти односно каматата ќе течи и да си ги повлечиш без провизија. Односно инвестицискот хоризонт може да биде и само 3 дена.. Можеш да ги вложиш,чуваш три дена, за тие три дена уделот би требало да проасне и кога ќе го продадеш ќе оствариш некаков принос за тие три дена кој обично е 3% нето на годишно ниво.

Е сега стигнавме до она што најмногу го сакам... КБ Публикум обврзници.. Тој е фонд мислам единствен од ваков карактер кој инвестира во корпоративни и државни обврзници. Парите ги позајмува на компании и влади низ светот, за подетално на кого ги има позајмено види извештаи на фонодот. Фондот не е без ризик, но ризикот е умрен. Односно ризкот таму е од промена на каматните стапки и привремено намалување на вредноста на уделот, и ризикот од неплаќање на долговите односно од банкрот на некој од должниците на фондот. За да го митигираш ризкот од промена на каматните стапки најдобро е да инвестираш фиксна месечна сума во фондот. Исто така битна е просечната рочност на порфтолиот која ме мрзи да ја барам.. Но ако обврзниците на фондот имаат просечна рочност од 5 години, тогаш при непорменети услови ти сигурно ќе оствариш позитивен резултат во тие години односно камата. Додека пак за ризикот од банкрот на некој од должниците мислам дека е значајно намален со оглед на тоа што во секоја влада/комапнија фоднот инвестира максимум 5%-6% од имотот. Така да ако нема системска криза и да банкротира еден должник ти нема да изгубиш многу.

Најпроста калулација кога ја земаш цената на удлот денес и пред четири години и ја подлеиш и коренуваш со 4, кажува дека уделот просчено годишно расти со 6% што е релативно подобро од недвижнина со оглед на ликвидноста и скалабилноста (можеш и со 1000 евра да бидеш инвеститор).. Во врска со провизиите на КБ Публикум би рекол дека имаат влезна провизија за износи под 300.000 денари, но можеш да се договоирш да уплатиш 300.000 во период од 4 години на база на инвестициски план и на тој начин нема да платиш влезна провизија. Друга работа е што излезна провизија има само во првите 6 месеци од уплатат, односно ако ги чуваш повеќе од 6 месеци нема да платиш излезна провизија која изнесува 0.6 проценти.

Во поглед на управувачката провизија исто така се добри. Само 1.5% на годишно ниво и 0.35% на депозитарната банка.

Подетално за фондот тука:http://www.kbpublikum.com.mk/kb_obvrznici.htm

Ова не е совет за инвестирање, секогаш кога инвестираш консултирај се професионалец, биди свесен за ризиците и носи си ги твоите одлуки сам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Ако има некој добро запознаен со КБ Публикум и има некоја минута време, пишете ми во порака имам неколку прашања.
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333

Убаво кажано! За вложување во обврзниците и јас сум заинтересиран, ми изгледа како добра зделка, но ова со паричниот фонд не баш. Причината е тоа што веќе вадам 3.8% од штедење во банка (на 3 год.) па не гледам зошто да вложам за ист процент, а плус ќе скратат нешто за провизија. Предност е флексибилностата, но ако на некој не му се брза да ги вади парите и мојава алтернатива е ок.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
28
Поени од реакции
9
КБ Публикум имаат 10,74% year to date раст. Имав минатата недела детални разговори со нив и најверојатно ќе инвестирам кај нив.

Али да почекаме изборите да поминат најпрво...
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
КБ Публикум имаат 10,74% year to date раст. Имав минатата недела детални разговори со нив и најверојатно ќе инвестирам кај нив.

Али да почекаме изборите да поминат најпрво...
Балансираниот фонд во Публикум бележи над 15% раст од почетокот на 2016 (http://www.kbpublikum.com.mk/FinancialReport.aspx?lang=mk). Ова 10,74% е за обврзниците од основање? Инаку изборите мислам дека не треба да влијаат воопшто на уделите (би влијаеле единствено ако настане криза при што твоите средства би биле инвестирани воглавно во домашна фирма која би била страшно загрозена од кризата). Овој т.н. корпоративен капитализам кадешто им се дава можност на смртниците како нас да земат делче од профитот на големите компании е веќе на високо ниво на Запад, делови од Азија итн., а ние се стремиме натаму (иако сме почетници), па подобро е да бидеме што повеќе вклучени, тоа значи посилни фондови, поголем капитал и поголема можност за успех. Мислам дека брокерите добро си ја вршат работата, па инвестираат во разни пазари со добро проценет ризик и очекувања. Ако се плашиш од инвестирање во балкански фирми, може да си избереш друго портфолио (САД, Азија, Европа, мега компании, ризични африкански фирми...) по твоја желба.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
28
Поени од реакции
9
Извини, сум пропуштил - Публикум обврзници има 10,74% раст. Не разговарав за балансираниот, така да не можам да коментирам за тој.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.096
Поени од реакции
11.483
За тие што би можеле да инвестираат, Фандсмит е сериозно добар фонд, има 2 фондови, еден ГБП друг ЕУР.

https://www.fundsmith.co.uk/fund-factsheet

Оваа година до сега е +28% а од самото почнување во 2010 до денес е +198%
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
28
Поени од реакции
9
Изгледа импресивно... Дали имаш искуство со инвестиции тука или само како сугестија го сподели со нас?
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.096
Поени од реакции
11.483
Изгледа импресивно... Дали имаш искуство со инвестиции тука или само како сугестија го сподели со нас?
Фондов го открив пред 2 години. Од тогаш основната сума ја немам чепнато и каматата ја враќам.

На берза не купувам/продавам. Имам многу малку инвестирано во злато.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099

sto znaci ova?
T Class Acc1.08%£1,000285.89
T Class Inc1.08%£1,000267.70
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
sto znaci ova?
T Class Acc1.08%£1,000285.89
T Class Inc1.08%£1,000267.70
Претпосатуввам тоае годишен трошок односно управувачка провизија... тие се класи на а сметки... 1000 фунти е минмална инвестција... додека тоа другото би требало да биде куповна/продажна цена - нешто ама не го разбирам баш каква цена е таа на крајот...
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
kolku cini da se fatis, a kolku cini da se pustis od oroto kaj ovie fundsmith
toa me interesira
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.096
Поени од реакции
11.483
1.07% годишно е трошокот да се биде во фондот

Нема трошоци за влез ниту за излез

Во инвестирањето губи оној кој пречесто купува/продава, најдобра стратегија е дисплина и долгорочно врзување со еден фонд или чување акција.

За мене најдобра опција е фонд бидејќи некој друг работи за мене :)

Фондов кога јас прв пат го сретнав имаше помалку од 2 милијарди, сега има скоро 9.
 
Двоцифрени бројки секоја година, браво за нив. Овие нашите ем се скапи, ем почетници. А странци може да инвестираат и ако може како го вршиш трансферот? Има и доста американски заеднички фондови од кои се вади добра стапка, но мислам не се отворени за странци
(troweprice.com, vanguard.com).[DOUBLEPOST=1480548812][/DOUBLEPOST]Сега видов дека ја дава и Македонија при регистрирањето. Ај појасни дали може онлајн да се вршат трансакции, купи/продај, додај средства итн. ако е така тоа му доаѓа како brokerage account и е многу поефикасно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom