Никаде во светот Тајна служба не прислушкува Јавно ( со ПИМ мерки), тоа полицијата го прави. Ако не треба да има тајно прислушкување не треба ни Тајна служба. Раководството на Тајната служба дава отчет и одговара ако таа не функционира или ако се пробијат тајните, а не зошто прислушкувале, тоа им е работа.
Всушност сега по ова што се направи испаѓа да се укине и Тајна служба. Ама неќе да е баш така, не може секогаш да се однесуваш отворено, да играш со отворени карти, особено не спрема посилните држави... тоа го плати и покојниот председател..
Друже Тито, си ги згрешил брзините. Во светот не постои ЈАВНО прислушување. Сите информации и постапки кои произлегуваат од предистражна/истражна постапка се ТАЈНИ и со нив менаџира Јавното обвинителство во координација со МВР.
1. УБК е дел од МВР и таа претставува "инструмент" на полицијата што се користи при спроведување на активности поврзани со зачувување на националната безбедност.
2. Нејзината работа е класифицирана и уредена со законска легислатива, што подразбира одреден степен на независност во однос на другите структури во МВР. (Пример, УБК неможе да соработува директно со униформираната полиција, и тоа мора да оди индиректно преку други сектори во МВР)
Ако добро те разбрав, ти највероватно мислиш дека Тајната служба има право во одредена ситуација да делува целосно независно и без никаков мониторинг од судските институции.
Не постои служба во светов, ЦИА, НСА, ФСБ... што делува целосно автономно. Тоа се тактики за да се исклучи ризикот кога некоја акција ќе пропадне, истата да не може да се поврзи со владата или претседателот од каде реално стигнале инструкциите.
Е сега во контекст на тоа што ти го тврдиш, пример:
- Полициски инспектор (во обид да прибере докази) може да побара наредба од суд за претрес, може да изврши преглед на возило/стан/куќа. Може да одземе телефон, може да изврши физички претрес, итн итн.
- Агент од УБК (во обид да прибере докази) може истото да го спроведе - но со користење на ПИ мерки. Тоа автоматски подразбира класификација на сите активности кои се преземени во истрагата. Прислушувањето е секогаш ТАЈНО и како такво спаѓа во доменот на ПИ мерки.
И во двата случаи, судот е тој што дава или не дава зелено светло.
Доколку се работи за контраразузнавачка операција, нормално е таа да има висок степен на класификација. Тоа значи дека УБК во крајно сензитивни околности, може да се повика на својата независност и да се изолира од другите сектори во МВР и агенцијата за разузнавање при АРМ. Најчесто тоа се предмети поврзани со тероризам, (контра)шпионажа, трговија со луѓе итн итн - кај кои постои сомнеж дека учествуваат луѓе од самите безбедносни институции.
И во таков случај - планот на УБК мора да добие амин од надлежниот суд кој има специјално одделение што ги анализира и одобрува таквите активности.
Значи ако ти беше целта да го оправдаш фактот што УБК ставила 5000+ броеви на машината (без судски налог), бидејќи таа е ТАЈНА служба и таа не мора секогаш да се оправдува за нејзините постапки, тогаш грешиш.
Ова што кај нас се случува нема допирна точка со тоа што погоре го пишав за ситуации со специфични околности. УБК има право да ги чува своите оперативни стратегии под карантин, може да се изолира и дистанцира од многу институции, но никако не може да делува независно и надвор од судските филтри.