B
bngj45
Гостин
Дали н алфа тв сликата вие како на аналогна?
Па во основа самите се криви бидејќи одлучија да им даваат таква понова опрема на користење на корисниците, бидејќи не е никаква новост дека речиси никој не го гаси рутерот ноќе кога спие или кога нема никој дома преку ден, а рутерот ем троши струја без потреба во тој период, ем антената си работи исто така без потреба, а бидејќи во овој конкретен случај станува збор за внатрешна антена, прашање на време е додека истата се прегрее и почне да емитува послаб безжичен сигнал, се до денот кога ќе цркне и ќе престане во целост да емитува безжичен сигнал.Е за ова не знаев. Ко така има логика до некаде што му рекле така. :/
Паметно ти рекле, знаат дека толку им држи опремата која ти ја дале на користење.Точно така рекоа. тоа е... а иначе што би рекол Dexter26 јас бев скоро 9 години на тхоме. Никогаш, ама никогаш не сум имал проблем со интернетот или wifi-то.
Така убаво, си идеш у Анхоч си купуваш рутер и толку. Овие само модем ќе ти донесат. После модемот си го поврзуваш со рутерот преку ЛАН кабел и крај на приказната.А како е тоа - сопствен рутер а модем од Вип (пример)? Јас мислев тоа е едно исто.
Мала поправка - на новите корисници и на корисниците кои потпишале нови договори Вип им дава на користење рутер со вграден кабелски модем.Така убаво, си идеш у Анхоч си купуваш рутер и толку. Овие само модем ќе ти донесат. После модемот си го поврзуваш со рутерот преку ЛАН кабел и крај на приказната.
Па воопшто не ни треба да биде вклучена безжичната мрежа на Technicolor рутерот со вграден кабелски модем од Вип, доколку корисникот користи свој втор рутер за безжично мрежно поврзување.Ако ги поврзеш двата рутера,оној што ти си го купил ќе го јавува како wi-fi репетитор и ќе имаш прекини во интернетот.Рутерот(модемот од вип) и оној што ти ќе си го поврзеш на wan port некако прават конфликт.Тука мислам за Technicolor модем- рутерот.Јас го имав овој проблем и го решив така што го исклучив без жичниот сигнал на модем рутерот од Вип.Сега ја имам брзината од 50 мб/ с а пред тоа кога зрачеа и двата со мојот добивав максимум 10 мб/ с.
Sent from my MI NOTE LTE using Tapatalk
Да, во Primary Network треба да одбереш Disabled и да кликнеш на Apply најдоле.Каде се исклучува безжичниот сигнал од техниколор-от, во primary network? Мене ми е таму enabled (не сум сигурен дали прави проблеми), а користам друг рутер за безжично поврзување.
Од каде оваа информација?Ај нека им е со среќа на сегашните корисници и на идните корисници на кабелската телевизија и на кабелскиот Интернет на Вип во Радишани, Вип почнал да пушта оптички кабли за да им бидат постабилни дигиталната кабелска телевизија и кабелскиот Интернет.
Се разбира, оптичките кабли ќе одат директно до кабелските централи на Вип, а не директно до самите корисници како што е во случајот со оптичките телекомуникациски линии на Македонски Телеком, а од кабелските централи на Вип, корисниците ќе продолжат како и досега да ги користат кабелската телевизија и кабелскиот Интернет од Вип преку коаксијален кабел со истата опрема како и досега. Освен ако мигрираат кон некој појак пакет, и доколку услов за користење на тој појак пакет е користење на понова опрема, се разбира.
Но како и да е, секаде каде што Вип има поставено оптички кабли, кабелскиот сигнал е многу постабилен и со многу подобри брзини.