Највлијателниот весник во Америка“The Hill” објави колумна со критики за работата на СЈО и Катица Јанева. Во текстот со наслов „Тоа што го зборуваш треба и да го правиш“, авторот Адам Ерели, поранешeн амбасадор на САД во Кралството Бахреин и заменик - портпарол на Стејт департментот пишува дека Јанева ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.
-Да се биде независен обвинител за Јанева значи да се отпуштат двајца заменици обвинители, кои, наводно, одбиле да ја следат нејзината политичка волја. Тоа претставува закана за граѓаните на Република Македонија или, според локалните извештаи, тоа значи дека таа се обидува да ги поткупи во давање лажни изјави за други официјални претставници. Уште повеќе, таа вработува свои роднини со аргумент дека со тоа го зајакнува нејзиниот тим, што значи дека владата исплаќа плати на членовите на нејзиното семејство. Наместо да постапува според закон Јанева ја претставува корупцијата против која би требало да се бори...
Ова е втора критика упатена кон Јанева која доаѓа од странски експерти. Неодамна претседателот на ГРЕКО, независна, стручна институција при Советот на Европа која следи, мери и дава препораки за борба против корупција и организиран криминал, ги осуди методите на работа на Јанева и нејзиниот тим.
-Не можам ниту јас, ниту ГРЕКО да ја оцениме работата на СЈО, ние во одредени ситуации даваме препораки на државите кога гледаме дека постои простор за подобрување, кога станува збор за контакти меѓу обвинителства, судови и медиуми бидејќи знаеме дека тоа е многу важно. Секако дека контактите и прес-конференциите се неопходни во одредени ситуации поради впечатокот за ситуацијата и треба да се води сметка за тоа кога и колку се одржуваат. Јас знам од искуство, барем обвинителите, оние со кои јас комуницирам, тие не се пресреќни со јавни настани од две причини. Како прво кога ќе се направи истрагата и се подигне обвинение процесот не е готов, туку само што почнал, зборуваше во интервју за ТВ Нова Марин Мрчела, судија и претседател на ГРЕКО групата на држави за борба против корупцијата во Советот на Европа.
Покрај ова, тој додава дека - истрагата по својата природа, се води во една фаза на постапката и не пред очите на јавноста бидејќи на тој начин може да се сокријат доказите и затоа потенцираше дека од овие причини колку повеќе има јавни настани во медиумите на политичарите или на кој било друг каде што се создава впечаток за некоја личност дека е виновна, поголема е можноста таа личност на Европскиот суд за човекови права да го добие случајот поради повреда на презумпцијата на невиност.