S
silmarillion
Гостин
Ладната пот низ дланките на иреал се осеќа во неговите постови. Свесен дека ако падне еден може да повлече домино ефект и синот/ќерката да останат без партиската работа. Како ќе им објасни дека треба квалитет за да успееш во животот? Уште сега ги гледа купиштата насобрани сметки за струја вода кабловска...извршителите чекаат доле како гладни хиени. Знае дека нема одмор на Халкидики веќе, ќе мора од пензија да дели за месечни трошоци на најблиските. Но дали има надеж од оваа очајна ситуација? Дали со 143 нелогични постови во рок од 24 часа ќе успее барем малку да влијае на перцепцијата на читателите и дискутантите на Кајгана? Спремен да прифати се но понуди се помалце, скоро и да нема. Решава да оди до крај, се одлогирува од форум, влага во својата пезетка и се упатува кон полициската станица во Карпош. Ќе ја превзима вината на себе. Името на организацијата не смее да се извалка и со тоа да се доведе во прашање егзистенцијалниот момент на најблиските вработени по партиски клуч. Спремен е да отиде и до Серава на одлучна конфронтација со аскерот за да докаже нивна вмешаност, но полека, со ред.