Гуглај hyperkaliemia.
Ти ги сфаќам добрите намери и дека се' што споделуваш е за да помогнеш, но не се сите луѓе исти. Тоа што тебе ти помогнало не значи дека секому ќе помогне, ниту дека истиот симптом може да се третира на ист начин.
Некому може да му се создаде навистина голем проблем ако зема претерани количини на било кои минерали или витамини кои не му се потребни, или пак ако тие имаат интеракција со некој лек или суплемент што веќе го земаат. Да, теоретски тие ги имаат тие својства, но праксата е многу различна од теоријата и една кројка не одговара за сите.
Секако се надевам дека сите членови овде ги земаат советите со резерва (како и на секој друг форум со „интернет експерти“) и дека пред да почне со било какви додатоци, лекови, тревки, зачини, што и да е, се консултираат со посериозно, образувано медицинско лице.
Генералниот консензус на форумите не е соодветен за споредба во секоја ситуација, негирање на суплементација со магнезизум на пример, е можна само ако иднвидуата има проблеми (сериозни) со бубрези, и во некои ЕКСТРЕМНО ретки случаи за се друго е екстремно безбедна, па така play safe, и претараното пазење за можни сајд ефекти кога членот секако има ОСЕТНО полоши симпотоми се во најмала рака извадени од контекст. Луѓеви дневно конзумираат - внесуваат далеку далеку по опасни работи од било кој минерал/витамин.
Она што го споделувам ми е доста добра истражено, применето кај доста луѓе меѓу кои и јас лично - и екстремно безбедно, тоа што НЕКОЈ негде можеби ќе има проблем со конзумација на било каков суплемент - билка, сноси ризик ДАЛЕКУ помал од било која супстанца која модерната медицина официјално ја препорачува, па така наместо да се криткуваат препораките за есенцијални витамини и минерали кои имаат екстремна мала шанса за несакани ефекти, и се многу поволни - почнете од анагелтиците, PPI антибиотици, кортико - таму барајте го проблемот.
За крај, преголема доза на калиум - дисбаланс, т.е. опасноста од истата е исто така малце претерана, некој треба да земе над 30 таблети + за да постигне некој потенцијален дисабланс. На било кој продукт, прецизно се наведени препорачаните дози, кои повторно јас ни еднаш не ги насочив како ниски, него препорачав да се држат до препорачаните кога се работи за магнезиум/калиум, она што го препорачувам во поголеми дози е витамин ц, не магнезиум, не калиум....
За крај, тоа што кај мене работи кај другите не, точно, но секогаш се почнува од некоја основа и вообичаени аспекти кои се неретко причинители за одредени симптоми.