Потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:
- кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
- кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.
Обично мнозинството се пронаоѓа себе си во првиот случај. Индивидуата неможејќи сама да си го пронајде сопствениот идентитет, го присвојува оној на колективот. Во таа ситуација, вредностите на колективот поединецот ги доживува како сопствени, исто е и со успесите и поразите, па и со моралните стандарди.
Најекстремниот случај на асимилација на индентитетот е кога на поединецот за да функционира како човек му стануваат неопходни ограничувањата или забраните на општеството или религијата. Во таа ситуација неговите потсвесни нагони и потреби се манифестираат на сличен начин како и хомофобијата кај латентните хомосексуалци. Кога врзано куче ќе го ослободиш од синџирот после подолго време, тоа по дифолт почнува да трча иако никој не го приморал на тоа. Така и оној што смислата на своето постоење ја гледа само преку дозволи и забрани – оној што мора да биде тепан и врзан за да не излезе од контрола, во ситуација кога ќе му кажат прави што ти е Волја, тоа го гледа како заповед да ги прави токму оние нешта кои ги потиснувал и му биле забранети.
Link