Неопходно или изнудено?
Слатко и посакувано или неодговорно и повредливо - неверството секогаш било и ке биде најиритирачка тема за дискусија кај секој човек независно од возраста , зрелоста (како посебен елемент), полот (мажите како посебна категорија) и сексуалната определеност
Сведоци сме дека може да се случи и се случува во било која врска - кратка или долга, во било кое време, на било кое место и во различни форми, но единственото нешто кое секогаш не измачува и не прави судии за однесувањето на личностите кои се неверни во врската се ”причините” од кои воопшто некоја особа се решава да го превземе чекорот на вршење прељуба.
Никогаш не сум сфаќала како може забранетото да е послатко. Демек не може и без тие компликации да се живее убаво и слатко? Особено кога станува збор за неверството. Аман, навистина не го разбирам тоа. Кога е човек во врска треба да си биде само со таа особа со која е во врска. Ако нема љубов, ако нешто не штима, слободно може да се прекине врската, а не да се посегнува по друга особа. Тоа дека забрането е послатко според мене е само тешење, за да тие што изневериле да се чувствуваат подобро, да им се смали грижата на совест. Не го оправдувам неверството, особено не од аспект дека така е послатко. Не се согласувам.
Дали е возможно да се има доволно ”добра” причина за да се побара утеха кај друг партнер?
Не. Ниедна причина не е доволно добра за да се изврши неверство. Ама ниедна. Ако нема љубов, ако нема разбирање или некои слични икс фактори заради кои врската не е како што треба, тогаш постои фер и чесно раскинување. Со неверството се работи позади грб, кукавично и себично, затоа што се гледа само за свој добар провод, а не се мисли на чувствата на другиот кои ќе бидат повредени, заради некоја глупава авантура.
Колку треба да е љубовта со партнeрот (не)интензивна за да се одлучиме на овој чекор?
Не знам. Јас само знам дека никогаш не би се одлучила на таков чекор. Никогаш. Како и да е, според мене, доколку се случи неверство, тоа е затоа што нема љубов. Или барем не доволно за да се оддолее на едно обично искушение.
или пак постои некоја внатрешна сила која едноставно не тера ”невиниот флерт” да го реализираме со неверство? Дали треба да се плашиме од неверство?
Ма какви внатрешни сили, какви бакрачи. Тоа е недоволно силен карактер според мене. Човек којшто не знае како да се справи со врската или своите чувства, па бара некоја таканаречена утеха .Не се плашам од неверство. Јас сум со мирна душа и знам дека никогаш не би изневерила. НИКОГАШ! За мене телесното задоволство е под духовното. И никогаш нема заради една вечер мување да ја упропастам врската, да го упропастам она што сме го граделе во врската. А и не се плашам да бидам изневерена. Мислам во смисол дека јас имам доверба, а ако некој сака да ми докаже дека не ме сака на најкукавички начин, нека ме изневери и да знам да си го избришам засекогаш од мојот живот, па колку и да болело.
И дали би го изневериле партнерот доколу дознеате дека ве изневерил со друг?
Не, никогаш! Ако дознаам дека ме изневерил, раскинувам во истата секунда, ќе му речам простено ти е, се вртам и си одам и нема да сакам никогаш повеќе да го видам.