Дали е возможно да се има доволно ”добра” причина за да се побара утеха кај друг партнер?
- Верувај понекогаш има и премногу добра причина за тоа да се случи.
Колку треба да е љубовта со партнeрот (не)интензивна за да се одлучиме на овој чекор?
- Зошто да не биде интезивна? Дали таа треба да не си го сака својот маж за да оди и да има секс со друг? Едноставно некои работи љубовта не може да ги задоволи ни кај мажите ни кај жените.
““ Да да јас си го сакам својот маж, и никогаш не би го напуштила но тој секогаш е презафатен, некако ме одбива, додека мојот “посетител“ тие 60 минути целосно ми се посветува““
Или пак постои некоја внатрешна сила која едноставно не тера ”невиниот флерт” да го реализираме со неверство?
- Може секогаш да остане само на флерт се додека не ве прелаже оној другиот. Не би рекол дека е внатрешна сила туку Оганот, желбата за убавини и мераци.
Дали треба да се плашиме од неверство?
- Кога би зборел за себе, јас воопшто не се плашам од тоа, бидеќи знам колку можам да задоволам и да, знам да се фалам за тоа. Треба да се плашат оние кои знаат која им е маната поради кога се предизвикани сите неверства.
И дали би го изневериле партнерот доколу дознеате дека ве изневерил со друг?
- Не, би ја напуштил. Не вреди да се потам поради такво нешто.