Колку години поминавме со антиталенти во напад како Јаховиќ, Костовски, Ивановски Х2, Ристиќ и ред други додека Несторо парче праеше во Хрватска? Дечкото да добиеше шанса порано во репрезентација одамна веќе ќе беше во Италија, една шанса немаше да поигра, као ептен се јаки овие моментално шо ги имаме, па нема место за друг. Абе не се салам, колку циклуси по ред завршуваме последни, а играчи како Шиков, Мојсов што на секоја ебана утакмица имаат по еден кикс се' уште се во тимот? Константно игра дно од фудбал Ванче, мене не ми е јасно како игра толку години во солидни екипи во странство, мислам дека да се трудиш воопшто да играш толку лошо е тешко. 52 утакмици има изиграно човекот за Македонија, па како е можно, Николче Новески има само 12 повеќе...Секој напад нашиве дефанзивци како здрвени, дали двапати исфрлија успешно топка, да ти се одмили фудбалот. Жута со што покажа толку добра игра за во сите 15 утакмици од 2015 досега да биде прва постава? Како? Како е можно да игра толку многу таков камен од играч. Подпросечно секогаш, Попов и на тие години што ги има би го изел со се заби. Десно Ристовски е добар играч според мене и единствен што заслужува да продолжи во одбраната, се' друго е очај. Друга работа, во тимот повикани се тројца стопери, кој од кој се сите, тоа се знае барем. Ама зошто сите прва постава? Кога веќе повикуваш толку малку стопери играј со 4 позади, односно 2 стопери и 2 бекови. Ако веќе играш со 3 стопери повикај 5 стопери во екипата, ете исто како Италија. Па, Шпанија со 2 игра, а уште 2 се на клупа. Поглуп потег, амин. На секоја утакмица најмногу се изложени на картони тие играчи и ти креираш систем каде се тие многу битни и изложени на напади и немаш замена за било кој од нив. Кој ли ќе влезеше вчера ако по некоја случајност добиеше црвен дрвото Шиков, каменот Мојсов или гревот Ристевски. Одма менувај систем, па исто како за џабе да бил муабетот во соблекувална, а не дека не е џабе вака...
Алиоски како го ограничи вчера човече, лев бек го става со добиен жолт картон, а човекот е најбрз играч што го гледам во дресот на репрезентацијата со години. Најбрзиот наш играч кој е во страшна голгетерска форма во Лугано ќе беше најдобро оружје за контранападите вчера, тренерот го стави во одбрана. Имаме тим за да бидеме 3то место во групава и со добра транзиција на младите за некоја година да се бориме за европско пошто кој стаса веќе игра таму и ако нема напредок и сега не знам кога би имало воопшто. До крај на квалификацииве нека бараат стопери, нека го пробаат Зајков во првата репрезентација, Велковски мислам дека е подобро дефанзивно во средина да игра, Грнчаров мора да се врати, кој било само да не ги гледам повеќе овие дрва што играа последниве неколку години. Покрај нив и стоперите на Победа ми изгледаат ко да се Пујол и Малдини. Џабе само пишуваме овде, на следната утакмица сигурно истото, се провлекува ова со години...