Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ќе биде најинтересната недела во Скопје,рај за лопови,ништо нема да функционира,поготово ако во тоа финале биде дел англиска екипа,а знаеме нивните навивачки идаат илјадници на гостување..
Баш ме интересира како ќе оди процесот на продавање карти, дали истите ќе ги снема во рок од 4 и пол секунди поради Х причини.
 
Togas uefa ke gi prodava kartite, a ne ffm.
Во секој случај некоја наша продажна мрежа треба да има услуга да продава карти. Барем така мислам, не знам како ќе биде, шо курац да играат во Скопје кога добар дел Македонци не би имале шанса да го проследат мечот во живо.
 
Кога ќе го прочитам она "nemavme sreKja" ми се сере искрено. Не, не е до среќа. До незнаење е. Голманот ако уопште може да се нарече голман личеше на детето у мало што поима нема од фудбал и го ставаат да брани колку да се каже пошо негова е топката.
Одбраната како кондом со поминат рок, дупка до дупка...................
Криво ми е за Пандев човекот сам ја држи цела игра а со репрезентација нема да направи ништо пред пензија.
 
Баш ме интересира како ќе оди процесот на продавање карти, дали истите ќе ги снема во рок од 4 и пол секунди поради Х причини.
Тoa гратис си иде,се знае како ќе иде процедурата зад головите ќе бидат за гостинските навивачки исток запад по 5000 собирааат,северна ќе биде цела за партнерите на УЕФА,Газпром и остала багра,а Јужна ќе биде за неутралците,ние не спаѓаме у нив така да,а да и ќе се начукаат цени на картите по 100-150 па и 200 евра ако не и поскапо што секој Македонец со длабок џеб ќе си дозволи ние останатите како и досеа на ТВ.
 
Добро како мислат овие да организираат Супер куп. Па на секоја утакмица на која има над 10 000 луѓе цел собраќај во тој дел е блокиран, паркинг дали има за 100 коли и луѓето морат да се снаоѓаат. Јас дури кај Финки најдов место, чиста среќа што вчера беше недела иначе дабетер ќе беше. Автобуска линија до таму нема, а како што знам ни кога има утакмици ништо не организираат.
За организацијата при влез немам зборови, бев 8:25 пред источна, а влегов 8:50. Тоа обезбедувањето повеќе гужва прават отколку што припомагаат.

Гледам од другава страна на Вардар има место за паркинг, ама никогаш не сум бил натака. Може да се паркира таму?

За се што имаш напишано се сложувам, но за болдов никако. Јас кога би бил задолжен за организирање на натпреваров верувај дека не би влегол на стадион па и на раце да одиш од Финки до Градски. :) Истото важи и за сите оние кои не се влезени на трибина на некои 30-40 минути пред почетокот на утакмицата. Јас на сите позначајни утакмици РКВ (лш), ФКВ (европските) или репрезентација влегувам на стадион/сала 40мин-1час пред почетокот на натпреварот без никакви гужви, турканици и слично. Вчера најкасно во 19:40 бев влезен на стадион без ни минута да се задржам на врата.
 
Едно време немавме напаѓачи ни за лек,ама имавме гранитна одбрана за наши услови.Цврсти дуел играчи,играчи во права смисла на зборот што заслужуваа да играат за репрезентација.

Денеска имаме напаѓачи,ама имаме дупка одбрана полна со играчи што не заслужуваат да играат за репрезентација.

Во времето на тие првите бевме и 46 место на светската фудбалска листа,а денеска...
 
За се што имаш напишано се сложувам, но за болдов никако. Јас кога би бил задолжен за организирање на натпреваров верувај дека не би влегол на стадион па и на раце да одиш од Финки до Градски. :) Истото важи и за сите оние не се влезени на трибина на некои 30-40 минути пред почетокот на утакмицата. Јас на сите позначајни утакмици РКВ (лш), ФКВ (европските) или репрезентација влегувам на стадион/сала 40мин-1час пред почетокот на натпреварот без никакви гужви, турканици и слично. Вчера најкасно во 19:40 бев влезен на стадион без ни минута да се задржам на врата.
Сакаат до 20:30 да седат у кафанче и да влезат сите одма пред да почне утакмицата ама така не може, па уште и урлаат "ајде побрзо" "пуштај бе ќе почне" и слично.

Ја би им ги искинал картите одма.
 
Баталете го бре "балетскиов ансамбл при ФФМ" ајде утре да им дадеме подршка на децава со Шкотска. Повеќе публика да има од вчера со Италија. Да видат залижаниве истетовирани недоносени манекени како се гине за овој свет дрес.
 
Јас влегов негде 8 часот, немаше никаков проблем, за 5 минути не пуштија, без многу чекање :)
 
Добро како мислат овие да организираат Супер куп. Па на секоја утакмица на која има над 10 000 луѓе цел собраќај во тој дел е блокиран, паркинг дали има за 100 коли и луѓето морат да се снаоѓаат. Јас дури кај Финки најдов место, чиста среќа што вчера беше недела иначе дабетер ќе беше. Автобуска линија до таму нема, а како што знам ни кога има утакмици ништо не организираат.
За организацијата при влез немам зборови, бев 8:25 пред источна, а влегов 8:50. Тоа обезбедувањето повеќе гужва прават отколку што припомагаат.

Гледам од другава страна на Вардар има место за паркинг, ама никогаш не сум бил натака. Може да се паркира таму?
Кога само 3 врати по 2ца беа за претрес тоа е... биди среќен и тогаш што си влегол следен пат дојди во 8:40 можеби ке влезеш одма...
 
Абе како треба да се продужи со 3-5-2, не се заебавајте! Моментално репрезентацијава има идеја како да игра, се гледа дека акциите и шансите не се случајни. За тоа браво за Мрме. Ама па формацијава е ужас! Добро пиша некој погоре, ние не можеме двајца штопери да најдеме, не пак со три ќе играме.
За да играш со тројца штопери треба истите да бидат добро уиграни. Италија игра со три штопери благодарејќи на Јуве, зошто сите тројца заедно играат по 50+ утакмици у сезона. Затоа и добро им функционира таквата одбрана. Не можеш да играш со тројца штопери кои имаат по два тренинзи заедно у 3-4 месеци. Тоа и се виде у овие три утакмици. Никаква координација, апсолутно една голема НУЛА! Еден излага на офсајд, вториот спие, третиот не знае што треба да прае. Секоја длабока топка беше 100% шанса за противникот. Првиот гол со Израел падна баш поради таа неуиграност.
И капак на све ова, тие три штопери се факинг Шиков, Мојсов и Кирче. Страва комбинација! Кога го извади Шиков против Израел, одбраната беше многу подобра.

Според мене мора да проба нешто друго. Или 4-3-3, или 4-2-3-1.
- Алексовски -
- Ристовски - Велковски - Зајков - Ристески -
- Хасани - Спировски -
- Алиоски - Пандев - Трајковски -
- Несторовски -​
Ова е најдоброто што го имамо моментално.
 
Значи исто мислење. океј да не можеш заради нешто да дојдеш порано ама 80% си дремат у кафанче играат к... се заебаваат и дизаат галама и прават гужва после[DOUBLEPOST=1476133287][/DOUBLEPOST]

Ибраими кога ќе се врати да игра? И вие што го пратите Вардар што мислите за Глишиќ?
 
Последно уредено:

Не знам, ама Агим моментално у никој случај не треба да биде прва постава. Падна баеѓи у форма, плус отиде да игра у Казакстан. Сите што моментално играат се подобра опција од него. Алиоски, Трајковски па и Бесарт.

Глишиќ ретко игра и за Вардар. После повредата е катастрофа, не е материјал за репрезентација.
 
И вие што го пратите Вардар што мислите за Глишиќ?

Моментално е најверојатно најслабиот лев бек, послаб и од Жута. За тоа колку е лош после повредата доволно говори фактот што при отсуство на Попов него местото му го зема Љамче и не само што му го зема местото него не му ни дозволува да припари до терен, а Љамче е Љамче...просечен бек дури и за првенство како нашево. Инаку ако не беше таа повреда која што го одалечи од терените неколку месеци убеден сум дека Даре ќе беше топ решение за левата бековска позиција во наредните 5-6 години. Првата полусезона во Вардар кога се врати од Грузија му беше МАЕСТРАЛНА. Модерен бек е дечкото, пробивност, брзина, осет за фудбал и центаршут каков што ретко кој има. Уште му ги памтам утакмиците против Металург и Тетекс во Ѓорче каде што во едно полувреме игра буквално на метро од тебе зошто трибината е скоро до аут линија...секој центаршут да е потенцијална опасност за гол и постојано трчање напред-назад е нешто кое што ретко кој бек македонец го може.

п.с Формација со 3 штопери е невозможно да игра Македонија од еднсотавна причина што ниту имаме 3 квалитетни штопери, ниту имаме бекови за таква формација кои што можат да трчаат 90 минути напред-назад.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom