Кога сме веќе кај Тоти...навистина ги одбил ама зошто мислиш дека во денешно време ќе се случеше истото..зарем мислиш дека Рома како клуб ќе одолеше на големите понуди на Реал Мадрид а знаеји дека треба во салдото да излези во плус?..можеби Тоти како играч ќе ги одбиеше но сигурен сум дека Рома како клуб ќе издејствуваа самите за трансфер бидејќи ќе му понудеа сума што не се одбива и пак ќе дојдеа до некое решение..плус Реал Мадрид како што е влијателен клуб во секое поле ќе се обидеше на сите можни начини да го доведи ..можеби во 2004-05-06 тие сезони неможеа ама сега верувај финансиската ситуација на Рома не е дотолку стабилна да одбива големи суми без разлика за кој играч се работи..значи јас пишев дека Реал никој не ги одбива во денешно време а не пред 10-15 години..од 2009 па наваму реално кој сакаат играч го носат и што сакаат прават на трансфер пазарот(освен за Барселона и Атлетико Мадрид).
Како што напишав,нека имаат распад систем сезона како во 2013 не Икарди..има Перишич и Банега во пакет да ни ги купат
Ти знаеш ли Рома во каква финансиска ситуација беше тоа време?? Знаеш ли дека на тимот му претеше опасност да биде префрлен во понизок ранг ради сите долгови кои ги имаа тоа време, долгови кои на крај испаднаа толку големи што Росела Сенси не само што го изгуби тимот туку и дел од нејзината нафтена компанија Италпетроли. Овие долгови на Рома што сега ги имат овие газди, не се ни близу од оние од 2003/04 година кои се зголемија над 300мил евра.
Во денешно време Рома се справува со долговите со продажба на битни играчи како Ламела, Бенатија, Маркињос, Пјанич итн...
Зошто мислам дека и во денешно време ќе се случеше истото??
Па ќе се случеше истото ради оние причини кои ти ги посочив од страна на играчот(во претходниот пост), а што се однесува до управата и американците, истото ќе се случеше бидејќи не се во толку голема криза како што беше Сенси на времето(ти пишав погоре што и како, голема разлика).Се справуваат со финансиите со продажба на битни играчи, но не и на Тоти верувај. Тие и ден денес имаат големи профити од Тоти(на негови 40 години), како пример, дресот на Тоти е најпродаван во Италија за месец Септември, а замисли доколку сега бил во својот прајм колку само поголеми профити би имале и со оваа екипа и јак Тоти каква би изгледала Рома. За разлика од Сенси овие американците знаат да прават бизнист и би извлекле огромни пари од Тоти. И трета причина, стравот од нереди во градот и тоа што ќе си замерат со пола Рим и ќе бидат принудени да го продадат клубот, бидејќи овиа фанови на Рома за едни огради не одат на Олимпико, а доколку би дошло до продажба на Тоти незнам што би се случило.
И мислам дека имаш грешка констатација дека во денешно време Реал никој не ги одбива. За мене, Реал полесно ќе купи играч од Барса и од Атлетико, одколку да го купи Тоти од Рома во денешно време. Кога веќе правиш паралели, како тоа ми велиш дека во денешно време Реал никој не ги одбива освен Барса и Атлетико за разлика од порано, кога порано Реал успеаја да го купат Фиго од Барса. Автоматски тој Реал од тогаш испаѓа поголема аждаја на трансфер пазарот, одколку овој денешниот Реал, а ти тврдиш спротивно.
Забегавме многу од темата, јас ти објаснив зошто мислам дека Тоти и во денешно време би останал. Ти го мислиш спротивното, секој со свои аргументи, ма да јас да набројав неколку кои ги побиваат твојте во однос на финансиите на сегашна Рома и истата од пред 10-15 години.
Во однос на дискусијата за Икарди ти кажав дека се слагам со тебе. Нормално е во дискусија муабетите да се развлечат, но Џонтра и Стефан примерот со Тоти треба да го заборават, без разлика на времето дали сега или пред 15 години, ниту е Икарди Тоти, ниту е во ситуација да игра за клубот од градот во кој е роден и кој го подржувал од мал, ниту ми изгледа на таква личност да го направи тоа што Тоти го стори и најважно од се, сеуште не е ни близу на ѕвезда како што е бил Тоти па Реал да се тепа за него и од Мадрид да викаат најголемо разочарување ни е што не го купивме Икарди ова лето од Интер, а пробавме со сите сили и бевме одбиени од двете страни, тоа се смешки
