Македонска фудбалска репрезентација

Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
На одбранана јас можам да им ги изместам кичмите и со петица да му дадам гол на марсовецон.
Сепак се има надеж, чистка на ростерот и селекторскиот табор со прекомандување на неколку младинци може да се состави солидна репрезентација.
But then again, македонштината...
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.490
Поени од реакции
10.246
Жив срам за Италија за ова што дозволи да им се направи.

Од нашите сум задоволен,нема што да се правиме улави у главата.Секогаш против големи репрезентации сме премотивирани и знаеме да вадиме изненадувачки резултати.Денес за малку не извадивме таков,но во секој случај задоволителна игра.
Подолу од ова што сме сега реално и неможеме,а имаме подлога за многу подобри денови,само треба добра работа.
Несторовски е стварно гол играч,златно момче барем за мак услови. :D
 
Ф

Флеш

Гостин
пред да има било каков контакт со Турција.. на тоа мислев.. знам дека играше на ЕП
Да имаше,и тоа редовно.Ффм ги контактираше неговите но овој одби.Имаше понуда и од Турција,но и нив исто,зошто настојуваше за Данска.Иначе мајка му е етничка македонка-муслиманка(Торбеш) а татко Турчин.Ффм има мрежа луѓе за да бараат нашинци.Но зошто сме со послабо реноме,не одбиваат,ако не успеат,ние
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.373
Поени од реакции
5.465
Единствена светла точка во овие 3 утакмици е тоа што БАРЕМ ИГРАМЕ ФУДБАЛ ! За разлика од претходните циклуси каде бевме комедија, сега напредокот во играта е очигледен...
Со Израел пред 3 дена, повеќе удари, повеќе шанси за гол, на крај промашен пенал, не заслуживме пораз. Еве сега со една моќна Италија да имаш скоро исто удари во рамки на гол, па да свртиш резултат, тешко на кој му успеало тоа, па да имаш дури и шанса за 3:1. Па кога се повлековме беше јасно и се чекаше моментот кога ќе дај гол Италија, последните 20 минути фудбал играа само тие...
Незнам зошто од игра го извади Хасани, па еве на две утакмици е еден од најдобрите на теренот, ако не и најдобар играч заедно со Нестор, исто добар беше и Алиоски (можеби денес изигра послабо за разлика од со Израел ама сепак беше борбен и бркаше по теренот цело време и си изигра солидно).

1. Спировски пак ќе кажам е смешен играч, џабе некој го величат толку и му ја креваат цената, прав балетан е, за шо игра во репрезентација треба да му го дрка на Самсоненко и Седло шо е во Вардар и од таму земен за репка, штета шо Вардар нема подобар играч во средината па му игра тој, допрва ќе видат каков мисир имаат во тимот :)
Првиот гол е по негова вина, видете само како му избега Белоти токму него, Белоти му избега како СРЕДНОШКОЛЕЦ ОД ПИСМЕНА РАБОТА ПО МАКДОНСКИ :D и фино лепо си даде гол....

2. Леонард Жута, овај незнам во кој филм живеј, со тие косите, стегачот на коса и зел уште број 3, си мисли Фелипе Луис е :pos: Промаја имаме од левата страна, никаква корист немаме од него....

3. Богатинов - На овај ТЕЗГА НА ПАЗАР НЕ МУ ДАВАМ, НЕ ПАК НАРАКВИЦИ ДА БРАНИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА :facepalm:
Пет (5) голмани имаме моментално шо се подобри од него и овај шупакот го зел Богатинов :ban:


П.С. ЛАЖНИ ТИ СЕ ШИКОВ СОЛЗИТЕЕЕЕ, СОЛЗИТЕЕЕЕ СОЛЗИТЕЕЕЕ :pos::pos:
На крај "демек" плачам :D Каков труп, можеби плачи оти е НАЈСЛАБ ШТОПЕР, заедно со сограѓанинот Дачот Мојсо :D Златни Новески и Митревск, после нив се друго е историја !
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.872
Поени од реакции
67.433
Штета, требаше да ги дозакопаме со 2-те шанси што ги имавме на 2-1, Мојсов со глава кога не успеа да погоди. Откако направија двојна измена италијаните, ни се биде крајот, со пети шанси ни правеа.

Штета, сурови 3 порази, од Албанија во 89-та, пеналот против Израел, и сега утакмицава. Македонија по толку време е одлична во напад, ама позади ни се шетаат. Алиовски 2 пати лоши исфрли со глава, и вториот пат и ни дадоа гол.

Иначе, класа потег од страна на Буфон спрема публиката.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Почнаа ептен лабаво жабарите, си поведоа од глуп гол кај шо петерецот празен ни остана и само му остана на Белоти да ја закова и нормално нема промашај кај него ама после кога ја свртевме следеше делириум и највеќе ми е криво шо имавме шанси за 3-1 ама нишо, нејќеше да влезе за на крај да биде јасно дека ќе ни ја свртат, ни висеше голот ептен.

Џиџи на почеток на второ доби аплауз од цел стадион, им аплаудираше и на сите трибини, класа голема е, штета што му се ближи крајот.
На крај и му улетаа неколку луѓе од трибини, се изгушка со сите и тоа е тоа.

Интересна утакмица испадна на крај, немав вакви очекувања ама ако продолжат вака сигурно ќе одам почесто на стадион.

Жута не сакам да го видам уше еднаш у тим, најнеталентиран играч, дно најголемо, којзнае како игра. Можда мајка му пуши право добро.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.717
Поени од реакции
22.864
Ваква атмосфера на Градски немало одамна. На репрезентативен меч можеби и никогаш не било вака жестоко на трибините (пошо на Вардар-Бате и натпреварите на Шкендија пред некој месец не знам како беше).
Врв беше на запад една легенда шо се дереше цело второ полувреме по Буфон на цел глас ЏИЏИИИИ :pos:

За натпреварот немам што да додадам од тоа што е кажано. Секој пат е иста песна. Или ќе играме лошо и ќе изгубиме, или ќе играме добро и пак ќе изгубиме.

И дај нека го вратат Един Нурединовски, човекот е Оливер Кан за внукот на Ѕинго, Богатинов.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.675
Поени од реакции
14.558
Само не го хејтате Алиоски за утакмицава, ДРВОТО од селектор го врати да игра лев факинг бек откако поведовме!!! Седев на јужна, човекот во второ беше ставен да игра одбрана или евентуално ако се укаже простор позади нивните бекови (а не се укажа). Исто како Робен или Ди Мариа да ги ставиш да ти играат одбрана - не бива таа работа, го ограничи скроз. Пу да ти ебам селекторот мутав!!!!!!
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.858
Поени од реакции
5.708
Само не го хејтате Алиоски за утакмицава, ДРВОТО од селектор го врати да игра лев факинг бек откако поведовме!!! Седев на јужна, човекот во второ беше ставен да игра одбрана или евентуално ако се укаже простор позади нивните бекови (а не се укажа). Исто како Робен или Ди Мариа да ги ставиш да ти играат одбрана - не бива таа работа, го ограничи скроз. Пу да ти ебам селекторот мутав!!!!!!
и јас тоа го заприметив... исто така изјави дечкото дека и да не се пожалеле на повреда Несторовски и Хасани сепак ќе ги повлечел од игра и двајцата зашо имал резултат кој шо требало да го брани... па повлечи го капетанот ортак... зашо да ги повлечеш единствените двајца шо претставуваат опасност по голот на Џиџи.. а дечкото на гол aко не е вонбрачно дете од Ѕинго јас глава сечам :pos:
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Keski srekata sto ja nemavme od ovie 2 utakmici da se prenese kaj mladincite vo vtornik..
За тоа ќе ни биде потребно склопување на коцките и од останатите мечеви т.е. резултатите мора да се склопат совршено за да постигниме задоволувачки резултат, сепак најважно е да победиме, тоа е единствената задача што ја имаме и е веројатно во наши раце.
Ги гледав табелите, посебно таа со рангирање на второпласираните од секоја група, има 9 такви репрезентации од кои 4 ќе одат во бараж за европското првенство.
Ева како стојат работите :

upload_2016-10-10_2-5-3.png


1. Австрија сигурно оди во бараж.
2. Хрватска или Шпанија сигурно одат во бараж и се пред Македонија.

Значи преостануваат уште 2 места, а за нив во реална игра се Белгија, Србија, Норвешка, Израел, Македонија.

3. Србија мора да изгуби против Словенија дома (6.50 квота)
4. Норвешка треба да киксне против Казакстан на гости(2.38 квота)
5. Израел треба да киксне против Албанија, дома и тоа денес (10.10.2016 во 16 часот) - 2.50 квота
6. Македонија мора да победи барем 2 разлика за да биде пред Белгија.
7. Ако успее да победи со 2 или повеќе разлика, а истовремено завршат во наша корист барем 2 од 3 услови со реден број 3,4,5 тогаш Македонија со победа од 2 разлика и победа на Исланд оди во бараж. Било каква победа и кикс на Исланд не води директно на европското првенство.
Кога можеше А репрезентацијата да изгуби бодови на сите мечеви во последните минути, веројатно некаде мора да пукне.
Нека ни е со среќа, па да се надеваме на пристојна посетеност на градски, нека денешниот меч биде пример за таа бројка, а резултатот далеку подобар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom