Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Прашање:
Дали е вистина дека трудни жени несмеат да вадат заб? Имам еден за вадење, ми отекува и ме боли излегува и крв од него плус тоа е шуплив, маж ми запнал не смееле трудни жени на забар да одат, и не ми дава да отидам ќе фанам сама ќе го извадам со клешта.
ау да прашам, ова осетлива тема е и ќе ти кажам :/
 
ај прашај, 6ти месец сум иначе, а читав негде дека не е препорачливо во првото тромесечие само. Сега не би требало да има проблем, ама неможе да му се докаже.
Исто едниот од двата предни ми осеќаше на ладно и газирано, викам чекај калциум шумливи таблети да си земам, одма во аптека прашуваше дали смееле трудни жени калциум да пијат, таа па аптекарката му вика со консултација од доктор, и толку му требаше, на лево круг и правец низ врата, по негово тоа значело дека не смее. :facepalm:
 
Ми треба еден совет од вас. Дали на 17 години е дозволено да се вадат нервите од 6ката или тоа нема врска со возраста и ме интересира дали процесот е болен?
 
На 17 години веќе имаш трајни заби, така да можеш да го вадиш живецот/пулпата. Процесот не е болен ако забарот добро го умртвил живецот. Ако не штеди на тоа лекот за умртвување живец, нема зошто да те боли. Е сега додека го вади живецот нормално е во моменти да те заболи, но тоа не е некоја страшна болка, се трпи.
 
Нерви може да се вадат во било кој период, нема забрани.
На 17 години веќе имаш трајни заби, така да можеш да го вадиш живецот/пулпата. Процесот не е болен ако забарот добро го умртвил живецот. Ако не штеди на тоа лекот за умртвување живец, нема зошто да те боли. Е сега додека го вади живецот нормално е во моменти да те заболи, но тоа не е некоја страшна болка, се трпи.
Забарот не може да штеди на лекот, затоа што буквално доволно е да се стави лек во количина на врв на игла (тоа е стандардна количина на лек)
 
вади ич не боли, јас ја вадев сега брзо, со анестезија и ништо не осетив. е сега кога местев мост таму кога ме стругаа и со 2 анестезии ме болеше, али пак се трпеше.

Ми треба еден совет од вас. Дали на 17 години е дозволено да се вадат нервите од 6ката или тоа нема врска со возраста и ме интересира дали процесот е болен?
 
Сакам да ми препорачате добра ординација за протези (за двете вилици) кои ќе можат на рати да се отплаќаат. Благодарам однапред.
 
Imas na drzavna klinika na rati , mislam na evropski univerzitet , ima vo pzu Margita Smileva ordinacija na vodno pobaraj ima web site,od iskustvo, a bi trebalo i po drugi privatni ordinacii
 
Ми треба еден совет од вас. Дали на 17 години е дозволено да се вадат нервите од 6ката или тоа нема врска со возраста и ме интересира дали процесот е болен?

Не да те заплашувам ама мене вадењето нерв ми беше кошмар. Не знам кој кажа дека лек се ставало, јас на еден заб го ваѓав нервот кај дури три различни заболекари и никој не ми стави лек. Со иглата бараа прво каде е нервот па после го ваѓаа. Не е воопшто пријатно.
 
Лекот се става пред тоа за да се умртви нервот, нема шанси лек да не ти ставиле така на жив нерв да ти брца со игла не да би било непријатно, хорор искуство би било.
 
Првиот пат докторот не го извадил цел нерв, преостанатите два пати на живо беше пошто двете докторки после него не можеа да ги лоцираат поинаку остатоците-така сфатив. Затоа викам дека кошмар ми беше.
 
Фала ви многу. Во среда одам да поправам друг заб па ќе прашам дали нервор ми го умртвиле. Ќе побарам и анастезија да се стави затоа што болка на заб не можам да трпам.
 
Ако добро е умртвен живецот јас не гледам зошто би ти ставиле анестезија. Мене ми ставија лек за умртвување на живецот кој ми стоеше во забот една недела и потоа без анестезија ми го извадија. Имаше некои минимални болки, но тоа и да не се рачуна во болка. Како и да е, пиши што си направил:)
 
Не ми спомнаа дека ми ставија лек за умртвување, но утре ќе одам за друг заб па ќе прашам и за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom