Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Препорака за добар избор на рамки/наочари (не за сонце) во Скопје и локација?
На зелено пазарче има еден дуќан за рамки за очила во самото пазарче е кај што се продават патиките.
 
Ај тука да прашам некој кој се разбира оти сум дудук за ова хахаха
купив камери ресивер бла бла и сега со тие камери дојде адаптеров поточно 3 камери ај ако некој знае да ми објасни како да поврзам што како каде треба ве молам
еве слики од адаптерот Прегледај го приврзокот 157240 Прегледај го приврзокот 157242
Малце каснам , касно видов.
Вака сега.
L и N ти е фаза и нула. Значи на него го поврзуваш кабелот што оди во струјата. Нема врска која на која.
Тоа одма до нив ти е уземјување и ако користиш шуко приклучок тогаш можеш да го поврзиш со кабелот што оди во струјата. Таа би ти била зелено жолта жица.
Значи имаш или плава и црна или кафеава или плава, црна( кафеава) и зелено жолта.
Плавата и кафеавата поврзи ги каде што сакаш на L и N но заземјувањето тоест зеленожолтата мораш на тоа што е одма десно до нив. Уредот ке си работи сосем нормално и ако таа жица не е поврзана.
- V ти е маса или минус.
+V ти е плус 12 волти.
Тие ти одат на камерите . Обично скоро на сите имаат џек на кој средното е плус а надворешното е минус и најчесто плусот е со црвена жица а минусот или бела или црна, но за тоа најдобро да си провериш со инстурмент која е која.
V adj ти е за фино подесување на напонот на излез, дали ке биди 11, 5 или 12,5 ( пример ). Со инструмент ке го наместиш да биди онолку колку што треба да биди или во случајот 12 волти.
 
Каде можам да најдам Беровски мед во Скопје?
@gjoko-mkd се разбира во медови, он можеби знае каде можеш да најдеш беровски мед:)

Препорака за добар избор на рамки/наочари (не за сонце) во Скопје и локација?
На Зелен Пазар во оптика Ицо знам дека има голем избор на наочари:)
 
Каде можам да најдам Беровски мед во Скопје?
Не те заборавив, медот е пехчевски домашно производство им е. На колешката родителите го изработуале.
300 денари тегла ја продаваат, ако сакаш кажи ќе споделиме контакт во пп
 
Знак „Пази куче“ во Скопје?
 
Дали некаде во Скопје се продава horse head маска? Нешто како ова:51NhtW9exnL._SX300_.jpg
 
Маици и блузони печатени со Rock и Heavy Metal групи, имаше во Лептокатија (Карпош 3) ама затворена е. Да не знае некој ?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Сигурно прашањево не е за тука ама сигурно има исто така добри дечки кои ќе ми помогнат :D
Не се работи за некој си голем проб.
Некни кладов слика од миблен. Ми се стави сликата во timeline photos.
А сакам да стои во mobile uploads, кога одам на албуми ми ги дава другите што ги имам креирано од зимовања, викенди :) како да напрам да појди сликава во Mobile uploads
фала на сите кои ќе се обидат да ми помогнат
 
Имаше од ПЦ опција да преместуваш слики во други албуми, кликни на сликата и во опциите ќе најдеш.
 
Имаше од ПЦ опција да преместуваш слики во други албуми, кликни на сликата и во опциите ќе најдеш.
Ми ги дава албуми. Креорани од моја страна пред година-две бе го дава албумот кај шо се ' прикачени од моб' проверив од ком.
 
Ми ги дава албуми. Креорани од моја страна пред година-две бе го дава албумот кај шо се ' прикачени од моб' проверив од ком.
Не си ме разбрал, влези во Timeline албумот > отвори ја сликата > под сликата барај Options > Move to other album > го одбираш албумот во кој сакаш да ја префрлиш
 
Не си ме разбрал, влези во Timeline албумот > отвори ја сликата > под сликата барај Options > Move to other album > го одбираш албумот во кој сакаш да ја префрлиш
Те разбирам ама ти не ме разбираш.Одам како што пишуваш погоре. И кај шо има move to other album не го дава Mobile Uploads
 
Те разбирам ама ти не ме разбираш.Одам како што пишуваш погоре. И кај шо има move to other album не го дава Mobile Uploads
Не можеш да преместуваш слики во генеричките албуми како Timeline Photos, Mobile Uploads, Profile Pictures и Cover Photos, можеш само во рачно креираните албуми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom