Греење со пелети

Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Гасот е поскап од пелетите!
Сам пресметај колку ќе те чини еден киловат час енергија од пелети и спореди со цената на струјата и гасот на берзата во Лајпциг.
Не знам врз основа на што пресмета дека гасот би бил најскап енергенс во Македонија.
Во овој текст пишува колку пелети се трошат за една сезона
http://plusinfo.mk/vest/88447/grejnata-sezona-pocna-cenite-kje-gi-smrznat-gragjanite
значи за 2-3 тони ако сметаш на куќа со просечна изолација. Спореди го тоа сега со греење на гас во Македонија. Нормално и со комоцијата и некаков нормален начин на живеење затоа што, ако овие печки работат како оние на дрва, мора да стануваш рано за потпала и да ги отвориш сите врати од домот.
Колку ќе те чини греење со гас месечно за куќа од 60-80 м2 со просечна изолација?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.517

Јас ја поминав зимата 2015/2016 со 80 вреќи пелети од по 15 килограми = 1200 килограми.

Не ме прашувај колку ме чинеа, бидејќи јас ниту ги нарачав, ниту ги платив, туку само ги истоварив и ги кревав по скалите и ги растоварував во и од лифтот - за мене лично најмалку забавниот дел од греењето на пелети, заедно со чистењето на внатрешните цевки на котелот кое го правам еднаш годишно, како и чистењето на надворешните издувни цевки кое го правам еднаш месечно. Секојдневното чистење на каминот и пепелниците во него е најлесниот дел.

За волја на вистината, зимата 2015/2016 не беше премногу студена, во Скопјево немаше ни с од снег, а последен пат го вклучив котелот на пелети некаде кон крајот на април 2016.

Зградата е стара 40 години и нема нова фасада со изолација.

Станот е 90 квадрати, делумно изолиран - во две соби прозорците сеуште се стари, односно не се ПВЦ, во една од тие две соби има луфта од 2 до 3 милиметри кај дрвените прозорци, и истата таа мала луфта придонесува за пониска температура во просторијата во зима, поради што котелот го оставам да работи до полноќ додека не легнат сите на спиење.

Но треба да го земеш во предвид фактот дека во мојот дом не се грееме на печка на пелети, туку на котел на пелети со моќност од 12 киловати, кој е поврзан директно со радијаторите низ станот и ги грее истите.

Кревањето на вреќите и чистењето се неподносливи за мене лично, бидејќи сум единственото машко во домот способно за физичка работа, но кога ќе се потсетам дека околу 300 евра плаќаме за нарачка од 100 вреќи пелети - вообичаено, исклучок беше грејната сезона 2015/2016 кога нарачавме 80 вреќи - целиот физички замор поминува, а задоволството останува.

А останува и топлата вода во бојлерот, кој исто така е поврзан директно со котелот, па трошам помалку струја во зима за греење на водата во бојлерот.

Бидејќи котелот не го местам на премногу високи температури - вообичаено го местам да ја загрева водата во радијаторите помеѓу 50 и 55 степени Целзиусови, потребно е многу време додека котелот ја загрее водата во бојлерот, па затоа морам да го вклучам и самиот бојлер, кој побрзо се загрева бидејќи надворешната обвивка на бојлерот е загреана од котелот, поради што електричниот грејач во бојлерот полесно и побрзо ја загрева водата.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
добри информации, од прва рака. Тоа значи дека во текстот кој го читав, малкуцка повеќе претерале со потрошувачката. Оти 3 тони за 60 м2 како што напишале, можда е еколошки ама не е баш ефтинко. Затоа и ме зачуди од каде гасот поскап од 35-40.000.
 
Ако тие 60 квадрати се грејат со печка на пелети со помала моќност - како на пример 8 киловати, е тогаш да - можно е да има огромна потрошувачка бидејќи печката нема доволна моќност за да загрее толкав простор, а тука се и ѕидовите кои само дополнително го отежнуваат греењето и придонесуваат за поголемата потрошувачка.

Но во стан од 90 квадрати како мојот, каде што просториите ги загреваме преку радијатори поврзани со котел на пелети со моќност од 12 киловати, потрошувачката е сосема оправдлива и прифатлива. На најголеми студови - какви што немавме за време на зимата 2015/2016, котелот работи повеќе од 12 часа деноноќно, при што трошиме 1 ипол до 2 вреќи во едно деноноќие, но во останатите денови, потрошувачката се сведува на половина вреќа или максимум цела вреќа во едно деноноќие.

Знам дека моите нарачуваат пелети од различни фирми каде што на парче ги продаваат вреќите по цена помеѓу 190 денари и 210 денари, но за нарачка на цела пратка од 100 вреќи следува попуст, поради што вообичаено вреќите за една грејна сезона не` чинат околу 300 евра за 100 вреќи, односно 180 денари по вреќа.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не знам врз основа на што пресмета дека гасот би бил најскап енергенс во Македонија.
Во овој текст пишува колку пелети се трошат за една сезона
http://plusinfo.mk/vest/88447/grejnata-sezona-pocna-cenite-kje-gi-smrznat-gragjanite
значи за 2-3 тони ако сметаш на куќа со просечна изолација. Спореди го тоа сега со греење на гас во Македонија. Нормално и со комоцијата и некаков нормален начин на живеење затоа што, ако овие печки работат како оние на дрва, мора да стануваш рано за потпала и да ги отвориш сите врати од домот.
Колку ќе те чини греење со гас месечно за куќа од 60-80 м2 со просечна изолација?
За жал страницата на Макпетрол каде има цен на гасот не работи па неможам да ти докажам
https://www.makpetrol.com.mk/
Затоа верувај ми - гасот е секаде скап. А кога ќе имаме цена на гасот ќе ти докажам
А еве ти сега посреден доказ дека гасот е скап
Куманово одамна има мрежа за гас - но досега се приклучиле само
200 фамилии
И Струмица има мрежа - таму се приклучени 20 фамилии.
И ти сам кога ќе има мрежа во СКОПЈЕ - приклучи се и за неколку месеци ќе се исклучиш, веднаш кога ќе ги видиш сметките
Гасот е секаде скап
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
А еве ти сега посреден доказ дека гасот е скап
Куманово одамна има мрежа за гас - но досега се приклучиле само
200 фамилии
ако мал број се приклучиле во некој град, не значи дека е скап туку дека капацитетот на приклучоци и финансиските можности за приклучоци се тие што се. На нас ни понудија да не приклучат на железарско парно. Поголем дел не дека не сакаа, се изјаснија "не" затоа што им беше прескап приклучокот и инсталациите. И затоа загадувањето продолжува.
Инаку кога се продаваат станови, на цената влијае и ако има централно парно што јасно кажува каков вид греење има предност-далечински.
Гасот е секаде скап
Ако е секаде скап, зошто во другите земји главно користат гас. Зошто не користат дрва или нафта.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
добри информации, од прва рака. Тоа значи дека во текстот кој го читав, малкуцка повеќе претерале со потрошувачката. Оти 3 тони за 60 м2 како што напишале, можда е еколошки ама не е баш ефтинко. Затоа и ме зачуди од каде гасот поскап од 35-40.000.
Колку и да претерале пак е подобро од парно на струја. Минатата зима почна да ми паѓа коса од сметките :) ... така да, кај и да е (ако сакам да не ми испаѓа цела) ќе може да коментирам колку мене ми трши котелот :)
 
Kutivce

Find Pretty Womans in your town for night
Член од
7 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
13
Tи имаш 30 години, а јас имам 63 години. И ти мене ми велиш дека јас сум „ ТРОПНА зеленава...лелеле! “
Ова што ти го тврдиш дека „ Во цел свет е најефтино на гас, освен само во Македонијава “ нема врска со реалноста. Тоа веројатно си го слушнал од нашиве политичари но тоа не е така. Гасот е секаде скапо и племенито гориво.
Eве страница на главната берза за струја, гас и јаглен во Лајпциг
http://www.eex.com/en/
Па можеш секој ден да гледаш колку се цените на струјата и гасот, на големо во Европа.
Пелетите кај нас чинат од 180 до 200 денари за вреќичка од 15 кила.- тоа значи три евра за 15 кила пелети. Тие 15 кила пелети содржат 75 киловат часови енергија
Сам пресметај колку ќе те чини еден киловат час енергија од пелети и спореди со цената на струјата и гасот на берзата во Лајпциг.
А Лајпциг е далеку - ја знеш онаа народната - У Солуна грош сомуна, а до Солуна сто сомуна
Искуството незначи секогаш да се биде во ПРАВО :)
Проста математика (Бољер на плин) едно капање доаѓа 3 денари (Плин) и ти ме убедуваш дека е поскапо во споредба со ПЕЛЕТИ?!?! П.С. Гасот во споредба со струја и сегашниве цени на пелети е најефтино средство за греење. (кој е во можност) :)
А ти ако навиваш за некоја партија што те убедува дека гасот е СКАП...тоа незнам во кој свет живееш :)
П.С. Несакав да навредам, да не се сватиме погрешно
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Искуството незначи секогаш да се биде во ПРАВО :)
Проста математика (Бољер на плин) едно капање доаѓа 3 денари (Плин) и ти ме убедуваш дека е поскапо во споредба со ПЕЛЕТИ?!?! П.С. Гасот во споредба со струја и сегашниве цени на пелети е најефтино средство за греење. (кој е во можност) :)
А ти ако навиваш за некоја партија што те убедува дека гасот е СКАП...тоа незнам во кој свет живееш :)
П.С. Несакав да навредам, да не се сватиме погрешно
Таа твоја проста математика „ едно капање доаѓа 3 денари “ ја прават Зоран Заев и Никола Груевски.
За три денари не можеш да стоплиш бојлер со ништо и никаде.
Оди во Струмица или Куманово и прашај колку плаќаат за плин
А овие „ математичари “ кој сака нека си ги земе дома.[DOUBLEPOST=1475743885][/DOUBLEPOST]
ако мал број се приклучиле во некој град, не значи дека е скап туку дека капацитетот на приклучоци и финансиските можности за приклучоци се тие што се. На нас ни понудија да не приклучат на железарско парно. Поголем дел не дека не сакаа, се изјаснија "не" затоа што им беше прескап приклучокот и инсталациите. И затоа загадувањето продолжува.
Инаку кога се продаваат станови, на цената влијае и ако има централно парно што јасно кажува каков вид греење има предност-далечински.
Ако е секаде скап, зошто во другите земји главно користат гас. Зошто не користат дрва или нафта.
Најефтино греење најчесто е градско парно. Ама парното не мора да работи на гас. Инаку гасот исто загадува како нафтата и јагенот
Кој ти вели „ Ако е секаде скап, зошто во другите земји главно користат гас. Зошто не користат дрва или нафта.“
Кој вели дека сите се греат на гас?
гасот, нафтата и јагленот се смрдливи, валкани, нечисти, одвратни фосилни горива
Во иднина греењето ќе биде вакво, еве пример од Австрија. Ем ефтино, ем чисто...
:http://www.ternitz.gv.at/news.php?id=137
 
Последно уредено:

Kutivce

Find Pretty Womans in your town for night
Член од
7 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
13
Таа твоја проста математика „ едно капање доаѓа 3 денари “ ја прават Зоран Заев и Никола Груевски.
За три денари не можеш да стоплиш бојлер со ништо и никаде.
Оди во Струмица или Куманово и прашај колку плаќаат за плин
А овие „ математичари “ кој сака нека си ги земе дома.
:)Ме насмеа. Имам купено бољер од 6000денари на плин, боца од макпетрол и си крцкам...и едно капење доаѓа 3-3.5ден трошок плин. така да....
Инаку за приклучок на гасоводна мрежа, почетната инвестиција на плин е скапа (радијатори, цевки,....приклучок)
 
B

Bafra

Гостин
Смрт за зони и пајак воз. Веќе ако кажуваш дека Гасот е скап дај барем пресметки некои...
Јасно е дека плаќаме најскап гас во цела Европа 564 долари за 1.000 кубика (ова податок за 2013), + малопродажна маржа ...
Но колку кубика гас би потрошил за да се загрееш :toe:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
:)Ме насмеа. Имам купено бољер од 6000денари на плин, боца од макпетрол и си крцкам...и едно капење доаѓа 3-3.5ден трошок плин. така да....
Инаку за приклучок на гасоводна мрежа, почетната инвестиција на плин е скапа (радијатори, цевки,....приклучок)
Eдно капење 3-3,5 денари - нема шанси
Колку литри плин има боцата и колку пари те чини
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.082
Поени од реакции
23.545
Eдно капење 3-3,5 денари - нема шанси
Колку литри плин има боцата и колку пари те чини
Немам правено математика колку ме кошта со бољерот на плин, но во просек една боца ја трошам за месец, месец и пол. Боцата ја плаќам од макпетрол и последно кога ја заменив ме кошташе 500 денари.
Јас сега засега сум презадоволен со плинскиот проточен бољер. А да боцата мислам дека бери 18 или 20 кг плин. Плинот во боци оди во кг не во литри или јас сум грешка. Искрено немам ни заприметено ама се си мислам дека е во кг.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Смрт за зони и пајак воз. Веќе ако кажуваш дека Гасот е скап дај барем пресметки некои...
Јасно е дека плаќаме најскап гас во цела Европа 564 долари за 1.000 кубика (ова податок за 2013), + малопродажна маржа ...
Но колку кубика гас би потрошил за да се загрееш :toe:
Важи, ама не можам да најдам цена на гасот ниту во Струмица ниту во Куманово
http://strumicagas.mk/index.php/2013-09-26-18-37-55
http://kumanovogas.com.mk/
Ако некој може да најде - нека пише
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Тоа значи не знаеме колку некој потрошил за 1 сезона за гас за просечна изолирана куќа од 60 м2, за да споредиме со другите енергенси.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom