Без навреда, сум приметил дека многу емотивно гледаш на некои работи, нешто за што нема место во професионален спорт т.е нивото кон кое се стреми МЗТ. Клоф, играч со добри бројки во јаки лиги, Европско првество во дресот на МЗТ има изиграно ~40 минути и ти веќе го прогласуваш за дрво? Не постои т.е не е возможно играч да потпише и после 4 натпревари да гази. Премногу е тешко да се вклопиш во филозофијата и системот што варира од клуб/тренер, да не правам муабет за уигрување и разбирање со останатите 11 луѓе. Синовец ако давал 15 поени со Работнички не треба да се величи и да се мисли дека со негов потпис магично ќе се решат проблемите дека никаков апгрејд не е на ниеден од постоечките играчи. Проблемот е многу подлабок, до принципот на работа е сигурно, недисциплина и вакво дивеење треба да исконтролира тренерот дека секој играч може да игра индијански и неодговорно. Разликата меѓу добар и лош тренер се гледа по таа линија.
A на кое ниво се стреми МЗТ ? кои им се целите ? Final 4 во АБА ???
Со вакви игри и ваква стратегија и политика титулата и купот во МК се под знак прашање .
Да им се дало шанса и време ? ? Која шанса и колку време ?
Требало да се почека , да се уиграле , да се прилагоделе . - До кога ? Имаа подготвителни натпревари ,
Играа супер куп , играа турнир во Кавадарци , играа во Сараево , Играа во Грција , одиграа повеќе
од 15 утакмици до сега .
Ако почекаат уште малку и ако побрзо не превземат конкретни мерки и промени отиде сезоната ,
Треба на време да се дејствува - ако не отиде возот .
Синовец не го величам него го почитувам како играч бидејки реалност е дека човекот
допринесе во претходните сезони колку- толку за МЗТ и просекот му беше одличен.
На темата Рајковиќ не коментирам бидејки мојот став за него повеќе пати го кажав ,
типот едноставно не не го бива , на МЗТ воопшто не му требаше ваква екскурзија со него .
Поздрав