Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Р

~~РубинРед~~

Гостин
Знаев дека ќе наидам на вакви постови. Ма човекот е толку добар и смирен,мадаф од кафе насабајле у двор (живееме у ист двор) немало повеќе. Девојкаму и те КАКО ЗНАЕ,затоа и го повлече малку назад. Тој вели дека нашето пријателство ке продолжи,дека ме цени многу и не сака да ме загуби како пријател,истото го сакам и јас,ама до оној момент додека ке можам да се преправам. Неделата ке помине,па и месецот,ако ова се засили,јас сум го ебала ежот вгрб!

И тоа шо излегол да глеаме фидбал не укажува дека -отишол јабана-,далеку од тоа..во претходните врски и јас ја имав слодобата и партнерите. Никогаш не сум кажала -не сакам да дружиш со оваа-,се додека знам дека дружи,верувам дека нема шо да крие. Ако почне да крие значи му одговарало да се седне на 2 стола. Ама овај не крие,искрен е и со мене и со неа,се знае девојката си ја сака,мене ме поштува ко пријател и тоа е. Никој не е повреден,а ке биде ако си ја отворам устата. И јас мислам дека знае,се ставив себеси у ептен гадна ситуација.

Ако му кажам отворено,а знам дека нема да ја остави девојката поради мене,само ќе му оставам аманет еден ден кога нема да му оди добро(зошто и тој ден е неизбежен) да помислува -шта би било кад би било- ако ми врател на чувствата. Важно ми е тоа што успевам да го насмеам,кога се смее се смее од срце. Се смее додека не му заѕвони телефонот,тогаш јас станувам со една фаца-убица,погледнувам у земја и си влегувам дома.

А за секс,бубрег вадам не му е до секс! Нема знак никаков дека сака физички да ме има,муабетот е искрен и длабок,да не гледате од страна ке помислите дека се знаеме со години. Како ме прегрна на врата не ми се брише од пред очи. Ептен сум губре,ама ке му кажам индиректно. Кога ке се врати ке му кажам. Сум била цел мој живот во ситуација на неговата девојка,било грозно,сега еднаш да бидам од другава страна,викаат дека лошкиве наоѓаат повеке среќа у живот. Ај да видиме!

А тоа за кармата...да..еден ден ке си ја голтам сопствената карма,со сите е така,ама барем да знам дека вредело и полесно ке се носа
Ма човекот е толку добар,толку е мил и нежен со мене бла бла бла,Понесена најозбилно,колку години имаш?ако си под 18 години разбирам,наивна си,ама ако си над 18 години пак ке кажам навистина незрело однесување гледам од твоја страна...И јас еднаш одамна се излажав за добрината на една личност ама ми се удри од глава кога сФатив дека имам погрешено.Незнам колку години има од тогаш.
Сакам да кажам,малку го познаваш,односно никогаш нема да знаеш што крие тој,што има во душата,и што тој воопшто мисли за тебе.Можеби пред тебе се прави ангел за да те придобие,ама всушност е гад во душата.
Знаела девојка му?не би играла на таа карта јас.Ама тоа е пак твое мислење,нема да се мешам.
И самата си знаеш најдобро,самата си кажа точно,нема да ја остави девојката заради тебе,а ти овде можеш да останеш сама,дури и без пријател.
Јас ставам рака во оган дека ти си само навикната на неговото присуство,и дека ти е само мил,нотинг елс,дека си само импресионирана од него.
Кажи му,повели,ама немој да кукаш ако останеш без пријател.Почекај малку,види како ке оди неговата врска понатаму.Па тогаш донесувај одлуки.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Македонка,разбирам,имаш фрустрација,ама не смееш да ме нарекуваш пијавица. Секому буквално може даму се случи истово,и ако ме читаше убаво ке видеше дека уште пред да ме утеши,одкако замина на ден два јас осетив дека не ја бива,дека не го гледам како пријател туку како повеќе. Нема ништо да расипам,верувам,ако е цврсто. Плус,он повеќе нема да прашува наивни прашања -зошто не зборуваш ко порано=...-да не ти згрешив негде- итн..
Девојче убаво ти викаат. Зошто да им ја расипуваш врската? Тој ако те сака тебе нема да има друга нели? Ако ти му кажеш дека го сакаш, а тој остане со неа, многу е логично дека таа ќе му забрани да се дружи со тебе. И пак ќе речам, тој ако те сака тебе, сам ќе и раскине на девојката, нема од тебе да чека.

--- надополнето ---

Мразам лицемерие,било од култура било од корист,не можам да му правам лице повеќе и кога ке ме праша шо ми е,а претходно ме одбил за кафе,да му кажам ништо бе,онака тапа ден на факс..ова е трета недела како го познавам,а ке помине без него пошто денес се врати во провинција.
Леле бре. Не го лажеш дека имаш вонбрачен син. Постои нешто што се вика бела лага и треба понекогаш да ја употребиш. Јас сум многу искрена, имам дечко и сакам да ја темелам врската со него на искреност. Ама понекогаш ако ме праша како си, а мене ме мрзи да му кажувам дека сум лошо, едноставно му велам океј е. И тоа не го сметам за лага.

--- надополнето ---

Може ли мене некој да ми помогне ? Совет некаков... Се наоѓам во безизлезна ситуација и подобро да умрам. Имам дечко, долго време сме заедно ама треба да се вериме во најскоро време. Јас никогаш не сум чувствувала нешто за него а нема ни да почувствувам. Толку време се трудев ама џабе. Не знам како дозволив да дојде до тука работава. Дечково е единствен. Многу згоден, паметен, мирен, скромен и ептен ми оди по ќејфот а јас го газам. Колку пати сум создала ситуација за да се скараме и да ме откачи ама не. За нас сите знаат и сите очекуваат да се вериме. Сега ептен е незгодно и непријатно да го откачам, не знам како да го откачам. А и мислам дека ако ја испуштам оваа прилика, сигурна сум дека ваква веќе нема да имам. Ама не го сакам, не го поднесувам ни секунда, не ми доаѓа од душата. Не поднесувам ни да ми се доближи, мразам кога ми се јавува и треба да се видиме. Неопишлива антипатија. Многу добро знам да глумам, ама се чудам како не можам да одглумам љубов ? Стварно не знам како да го оставам, ќе го повредам. И доста повредував се околу мене, подобро јас жртва да бидам.
6 месеци. Ве молам дајте некој совет што да правам да продолжам или не ?
Од кога бе 6 месеца врска се смета за долга врска? И кои се тие што очекуваат да се верите? Боже сачувај, раскини му чим не го сакаш и готово. Кога го читав првиов пост мислев дека идете 10 години.

--- надополнето ---

врската ке ја расипам ако она веке одамна пред мене била гнила. Никогаш не му се напикав,никогаш не флертував,не сте свесни колку лошо морам да се однесувам само да не дадам до знаење која дубина сум ја зафатила.
Врската ако била гнила сама ќе прекинела, нема да чека на тебе.

И нешто не ми е јасно. Сите ти даваат ист совет на форумов ама ти упорно не па не. Ако толку си решила да му кажеш, кажи. Ама да знаеш дека не си добра личност и дека ќе ти се врати некогаш.

--- надополнето ---

Е сега мислев и вака,чим она се исплашила од мене,после 3-4 години врска гледа закана во мене,тогаш кај и е нејзе самодовербата,каде и е нејзе цената,каде им е сега врската?
Немој ти да се секираш за нејзината самодоверба. Луѓе идат по 10 години па заради некоја како тебе нападна ќе се деси некоја глупост. Нема врска должината на врската.

Еј, јас се ставам на место на девојка му. Па да знам што сакаш да направиш бе ќе те истепам! Заеби самодоверба.
 
Член од
30 март 2011
Мислења
117
Поени од реакции
12
зарем веруваш во пријателство помеѓу машко и женско ?? според мене тоа никогаш не било , а нема ни да биде...:toe:
Постои пријателство меѓу машко и женско но под еден услов, мора девојката да е ептен грда или типот да е ептен грд во друг случај кад тад ке биде нешто:)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ве молам ставете се на мое место. Јас цело време се обидувам да почувствувам нешто кон него. Не сакам да го оставам, зашто после цел живот ќе го барам идеалниот, а со овој е се во ред, мислам дека е принцот на бел коњ, се само љубов нема.
А чекај, како ја замислуваш љубовта? Не сакаш да те гушка? Да те бакнува? Не ти трепери срцето пред да го видиш или?

--- надополнето ---

Кога ја читам CinderellaA, добивам впечаток дека Неџла се регистрирала на форумов и ни го раскажува животот со Џем.
Ацид се издаде дека гледа Лисјата :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ептен сум губре,ама ке му кажам индиректно. Кога ке се врати ке му кажам. Сум била цел мој живот во ситуација на неговата девојка,било грозно,сега еднаш да бидам од другава страна,викаат дека лошкиве наоѓаат повеке среќа у живот. Ај да видиме!
Оф леле греота си, те жалам. Епа зошто бараше совети тука? За да те поддржи некој во намерата?

А тоа за кармата...да..еден ден ке си ја голтам сопствената карма,со сите е така,ама барем да знам дека вредело и полесно ке се носа
Сега мислиш дека вреди. За некој месец ќе се чудиш на паметот.

--- надополнето ---

Важно ми е тоа што успевам да го насмеам,кога се смее се смее од срце.
И ова треба нешто да значи? Што човекот се смее? Па да плаче треба?
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Постои пријателство меѓу машко и женско но под еден услов, мора девојката да е ептен грда или типот да е ептен грд во друг случај кад тад ке биде нешто:)
i taka da e koha togas na emotivna baza ce se grabnat :pipi:,
 
Член од
30 март 2011
Мислења
117
Поени од реакции
12
Неодамна запознав човек каков што не верував дека постои на балканот. Сеуште бев во завршна фаза од претходната врска,во која многу го сакав партнерот но тој не можеше да остане со некој кој му ги откри лагите,иако му ги простив,и затоа ме остави. Во таа пресвртница,се најде новиов,ендемичниот вид..од некаков безобразен очај го споделив своето горко искуство со новиот,покажувајки уствари каква будала сум била јас во веќе завршената врска,тој беше сведок на целата драма и моето патење една недела по раскинувањето. Пред да се случи моето раскинување,во муабет тој ми кажа дека со неговата долгогодишна девојка е многу искрен,и дека темелот на таа врска (не се од исто место) е токму искреноста,кажувањето отворено се еден на друг..се познаваше по него дека ни еден збор не е лажен,се отвори за многу длабоки теми кои допираа до фамилија и трауми од детство. Сето тоа беше фино,додека го слушав си викав еј доабар човек стварно,би требало такви да има повеќе во мојот живот.

После неколку дена се враќа човекот дома. Останувам тотално сама со себе 2-3 дена,простор за муабет со себе колку сакаш. И у тој муабет случајно се факам себеси како мислам на него,како ми недостига,како сакам да му идам на кафе,како може да си ја сака девојкаму (која е стварно физички непривлечна) си велам,кога ке дојде,ми фали како разговараше со мене,како ме третираше,како ВООПШТО не се трудеше да биде природен а испаѓаше толку спонтан,свој,смирен во духот. Врсници сме,никогаш не сум мислела дека мој врсник може да има таква зрелост во постапките и размислувањето. По природа сум отворена,мислам дека бев у премногу. Темпераментна сум и гласовита,тотален контраст на него. Пред едела дена речиси, само шо се врати он во Скопјево.го викнав кај мене како шо ни беше адет да пиеме кафе да промуабетиме,и тој богати љубим ми пишува дека неговата женска мисли дека има нешто мегу нас,како што мислеле сите други и дека на него воопшто не му е гајле како другите мислат идејки се знае самиот,но поради девојкаму мора да се одттргне малку,кафе пиењето ке остане секако..но седењето навечер гледање филмови и крати играње неповратно замина во историјата.

Добро си викам,и ја да сум на нејзино место бетер ке реагирам. На фамозниот први го попив финналиот удар од веке бившиот партнер,и целата во солзи и со липање отидов кај него. Прегратката што ми ја даде на прагот ме уништи. Топла,искрена,силна,ветувачка..иако сеуште липав од деградацијата,додека седеше до мене и ми викаше да се смирам не знаев во тој момент зошто мие тешко,заради тоа што го изгубив,или заради тоа што никогаш не можам да го имам (него).


Истата вечер одкако си заминав од кај него му напишав порака во која му се заблагодарив што беше до мене,што ме ислиша,му посакав добра нок и завршив со зборовите дека ако имало нешто убаво од таа вечер,е барем тоа што ме прегрнал,и дека сум свесна дека е тоа максимум и последно што ке добијам од него. Немаше повратен фидбек,затоа што телефонот ми е крш. Утрото кога пиевме кафе ми спомна дека ми вратил на пораката "таму некои глупости пишувал",и тоа беше се.

Што е сега тоа шо ни ги е*е кокошките а не е петел?
Мислам дека се сврзав премногу,не ми успева да го извадам од глава,не знам како и на кој начин да му кажам дека ми е преубаво во негова близина,дека ме разбира,дека ме смирува,комплетно одговара на се што сум барала,ме тера да се чувствувам вредна,сватена,женствена...И има девојка!

ДАЛИ ДА МУ КАЖАМ ЗОШТО ГО ИЗБЕГНУВАВ ДЕНОВИВЕ?
ДАЛИ ДА МУ КАЖАМ КАКО МЕ ТЕРА ДА СЕ ОСЕЌАМ?
ДАЛИ ДА МУ КАЖАМ ДЕКА МИСЛАМ ДЕКА СЕ ВЉУБИВ(и тоа преку ноќ)?



Абе вие девојките стварно сте лесни бе ,една вечер и неколку топли збора и човек може да ве вози како сака,аман дај малце спустисе и порасни и биди благодарна што не те искорстил...бидејки и тоа заслужуваш кога така леташ одма филмовите ахх тој е човекот на мојот живот аххх ми фали ахх кафето како ке го пијам ахх ова ахх она ,дај малче молимте поштедине...смирисе и цепај даље ...
п.с ништо не му кажувај џабе се тешиш ако сакал да биде со тебе ке ти кажел или ке раскинел остај го на мира нека тера со девојката што ја има...
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
110
Поени од реакции
63
Ми треба помош,или некој совет,а најмногу би ми помогнало некој од искуство ако ми одговори.
23год сум имам 5 годишна врска,девојчето е прва лига таква каква од стално што сум мечтаел да имам покрај мене.Врска како врска со убави моменти со проблеми со се,али засега ништо сериозно.Но имам една мана...сум имал чести излети настрана.Проблемот е во тоа што со таа што сум бил последниот пат,веќе 4 месеци се гледаме.Таа сега си фати дечко,не и сметаше да продолжиме да се гледаме но почнав да чуствувам љубомора(и претходно чуствував но овој пат некако сериозно).Одлучив да ставам крај,но ете веќе неколку дена ми е тешко,претешко на душата немам никаков мир,мислите ми се кaј неа,голема грутка чуствувам на грлото,не знам како да си помогнам.Не доаѓа во предвид да раскинам со девојка ми,но не знам што да превземам во врска со тоа што во моментот го осеќам.
 

Suvopi4est

The One & Only
Член од
4 февруари 2011
Мислења
148
Поени од реакции
18
Еххеееј ! дечко да ризикуваш 5 годишна врска за што сакаш само 1 вечер да ја легнеш ( го имам и ја тоа искусено) али ја ја одјебувам и си терам со девојками ... Немој да ти шета газот пошто сепак 23 год си уште некоја година со девојкати може ке се земете ... а бившата одјеби само! поздрав.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Да кукло, освен да му кажеш и да пробаш да го задржиш. Да го освоиш. Ничиј краен резултат не треба да те тангира, само ти си битна, ти и твојата среќа. Остај што те гледаат како некоја зwoбница овде, компарираат со некоја сапунска серија или некоја негативка од лисјата паѓаат. Таков е меналитетот.

Еднаш се живее, а на крајот на денот си самата ти битна, ако се грижиш за некои трети никогаш нема да си среќна. Најсикрен пост од мене. Секое добро. Се надевам ќе те прифати.
Ебати феминистот изопачен, ебати.
Оти го лажеш народот бе, не живееме у осамдесет и другој.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
@Понесена:
Секогаш сум за искреност и затоа мислам дека треба да му кажеш што точно чувствуваш. НО:
1. Добро преиспитај се и добро преиспитај ги своите чувства. Сепак си излегла од врска, што може да биде гадно и да те доведе во ситуација да не можеш реално да ги процениш нештата. Ако си сигурна во тоа што го чувствуваш, кажи му.
2. Ако искрено ја сака девојка му, ќе остане со неа, а тебе ти останува да се повлечеш, да прифатиш дека типот не ти припаѓа тебе и исчезнеш од нивните животи. Се друго ќе биде себично и нема да донесе ништо добро.
БТЊ, јас таа што ја сакам ја сметам за свој најдобар пријател и баш со неа идам да глеам фудбал. За друга, ниту имам потреба, ниту намера.
3. Ако типот сака било што со тебе, значи дека цурата живее во лагата што тој и ја сервира (дека ја сака), па дури и да се случи нивната врска да биде уништена, виновен ќе биде само тој а не ти. И најдобро ќе биде таа да сфати сега, а не подоцна или уште полошо, никогаш. Од друга страна, ако не е искрен со неа, нема да биде ни со тебе.
4. Секако постои и можност типот да е само збунет, да ја сака и неа, но и да чувствува нешто кон тебе. Во тој случај подобро е да се повлечеш. Сепак, тоа што го имаат изградено е штета да се сруши заради вашето, кое воопшто не е сигурно дека ќе успее. Во спротивно, никој нема да биде на чисто со своите емоции, па ќе страдате сите тројца.
5. Е сега, ти спомна дека си била поубава од типот, и самиот ти признал дека има проблем во комуникацијата со убави девојки. Мене ова ми мириса дека типот само сака да опне нешо "згодно" на страна, па нема друг начин освен патетики и лаги. Добро внимавај да не му го овозможиш ова, бидејќи ќе бидеш соучесник во неговата подла игра, а ќе страдате и ти и девојка му.
Земи ги во предвид и постовите на Силен и RockNRolla. Толку од мене, размисли си убаво и се надевам ќе донесеш правилна одлука.

@CinderellaA:
Јасно е како ден што треба да направиш. ДА СТАВИШ КРАЈ! Јас би одел дотаму што би ја кажал целата вистина, со цел да ми биде уште потешко и да ја платам грешката сега (за да не ја плаќам понатаму цел живот). Јасно е и дека си мноooогу себична ("Eдинствена причина што сум со него е што ми дојде ко 1 на 10 и што боље нема да најдам") и дека не те боли к.. за него. И јасно ми е дека мислиш дека не си виновна, но за жал, вината е само твоја. Нормално, не можеш да бираш кого ќе ти сака срцето и никој не може да те обвини за тоа. Но, ТИ си дозволила работата да отиде дури и до веридба, а сега си спремна да дозволиш да оди и подалеку од тоа. Верувај, нема да можеш долго да глумиш, а кога работите ќе излезат на виделина, цената ќе биде многу поголема од сегашната. Затоа стави КРАЈ веднаш, ако не за него, направи го тоа за себе. Во моментов, ти не го заслужуваш, но (САМО) со искреност, можно е во иднина да се смени тоа, може и ќе наидеш на разбирање од негова страна, а тоа може да биде причина и да го засакаш.
Сакав многу погрубо да ти ги кажам работиве, ама се трудам да не лечам фрустрации на форум. Anyway, do the right thing и со среќа. ;)

@Sandak
Пријателе, совет се бара пред да ги заебеш работите. Anyway, расчисти со себе по кој пат сакаш да одиш, дали по девојка ти ("прва лига таква каква од стално што сум мечтаел да имам покрај мене") или по дрољата шо си фатила дечко ама не и смета да се гледате. Не може и таму и таму. Ако случајно се решиш за девојка ти, обавезно кажи и ја вистината, па нека реши она дали ја заслужуваш или не. И да те шутне, бар ќе си ја имаш дрољава као утеха (што мене ама баш ништо не би ми значело).

Ех, не за џабе реков
најголемиот дел од луѓето не знаат што сакаат, а останатите често забораваат.
секад добрите го добиваат џганот, а џганот добрите.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Неодамна запознав човек каков што не верував дека постои на балканот. Сеуште бев во завршна фаза од претходната врска,во која многу го сакав партнерот но тој не можеше да остане со некој кој му ги откри лагите,иако му ги простив,и затоа ме остави. Во таа пресвртница,се најде новиов,ендемичниот вид..од некаков безобразен очај го споделив своето горко искуство со новиот,покажувајки уствари каква будала сум била јас во веќе завршената врска,тој беше сведок на целата драма и моето патење една недела по раскинувањето. Пред да се случи моето раскинување,во муабет тој ми кажа дека со неговата долгогодишна девојка е многу искрен,и дека темелот на таа врска (не се од исто место) е токму искреноста,кажувањето отворено се еден на друг..се познаваше по него дека ни еден збор не е лажен,се отвори за многу длабоки теми кои допираа до фамилија и трауми од детство. Сето тоа беше фино,додека го слушав си викав еј доабар човек стварно,би требало такви да има повеќе во мојот живот.

После неколку дена се враќа човекот дома. Останувам тотално сама со себе 2-3 дена,простор за муабет со себе колку сакаш. И у тој муабет случајно се факам себеси како мислам на него,како ми недостига,како сакам да му идам на кафе,како може да си ја сака девојкаму (која е стварно физички непривлечна) си велам,кога ке дојде,ми фали како разговараше со мене,како ме третираше,како ВООПШТО не се трудеше да биде природен а испаѓаше толку спонтан,свој,смирен во духот. Врсници сме,никогаш не сум мислела дека мој врсник може да има таква зрелост во постапките и размислувањето. По природа сум отворена,мислам дека бев у премногу. Темпераментна сум и гласовита,тотален контраст на него. Пред едела дена речиси, само шо се врати он во Скопјево.го викнав кај мене како шо ни беше адет да пиеме кафе да промуабетиме,и тој богати љубим ми пишува дека неговата женска мисли дека има нешто мегу нас,како што мислеле сите други и дека на него воопшто не му е гајле како другите мислат идејки се знае самиот,но поради девојкаму мора да се одттргне малку,кафе пиењето ке остане секако..но седењето навечер гледање филмови и крати играње неповратно замина во историјата.

Добро си викам,и ја да сум на нејзино место бетер ке реагирам. На фамозниот први го попив финналиот удар од веке бившиот партнер,и целата во солзи и со липање отидов кај него. Прегратката што ми ја даде на прагот ме уништи. Топла,искрена,силна,ветувачка..иако сеуште липав од деградацијата,додека седеше до мене и ми викаше да се смирам не знаев во тој момент зошто мие тешко,заради тоа што го изгубив,или заради тоа што никогаш не можам да го имам (него).


Истата вечер одкако си заминав од кај него му напишав порака во која му се заблагодарив што беше до мене,што ме ислиша,му посакав добра нок и завршив со зборовите дека ако имало нешто убаво од таа вечер,е барем тоа што ме прегрнал,и дека сум свесна дека е тоа максимум и последно што ке добијам од него. Немаше повратен фидбек,затоа што телефонот ми е крш. Утрото кога пиевме кафе ми спомна дека ми вратил на пораката "таму некои глупости пишувал",и тоа беше се.

Што е сега тоа шо ни ги е*е кокошките а не е петел?
Мислам дека се сврзав премногу,не ми успева да го извадам од глава,не знам како и на кој начин да му кажам дека ми е преубаво во негова близина,дека ме разбира,дека ме смирува,комплетно одговара на се што сум барала,ме тера да се чувствувам вредна,сватена,женствена...И има девојка!

ДАЛИ ДА МУ КАЖАМ ЗОШТО ГО ИЗБЕГНУВАВ ДЕНОВИВЕ?
ДАЛИ ДА МУ КАЖАМ КАКО МЕ ТЕРА ДА СЕ ОСЕЌАМ?
ДАЛИ ДА МУ КАЖАМ ДЕКА МИСЛАМ ДЕКА СЕ ВЉУБИВ(и тоа преку ноќ)?
Ако дечкото е паметен како што кажуваш, тој сигурно знае дека ти се допаѓа. Ако го знае тоа, не е толку добар како што мислиш. Повеќе е лицемер, кој нема проблем со тоа да си игра со туѓите чувства и не би ти простил доколку му дадеш шанса.
Е сега, проблемот е кај тебе, не кај него. На страна сите осуди кои ги прочита тука, дај убаво посвети му се на мојов пост. Прво, дали знаеш дека луѓето не се исти во дружење и во врска? Дали знаеш дека најдобрите пријатели може да бидат најлоши партнери? Помисли на тоа.
Друго, сигурно си слушнала за феноменот трансфер на чувства т.е. како човекот може да се заљуби во било кого кој добро ќе го сослуша и ќе му се најде во непријатни моменти. Ако да, си помислила дека можеби токму тоа ти се случува и тебе? Јас сум сигурна дека се работи за тоа и затоа ќе те посоветувам како сите претходно, да не му признаваш ништо. Да беше поинаква ситуација ќе размислев, но сега сум сигурна. И сама кажа дека си имала болно раскинување со некој што си го сакала. Според приказната, мене ми изгледа дека ти сеуште го немаш преболено претходниот, па токму затоа мислам дека не го сакаш вистински овој новиов. Сега имаш друг дечко до тебе, па нормално е и физички да те привлекува, само затоа што потсвесно ти годи да бидеш привлечна и на друг. Тоа што поминувате многу време заедно, тебе ти дава друг негативен ефект. Ти му се отвараш, тој ти се отвара и изгледа најискрено на свет, што е тотално спротивно од претходниот дечко, па затоа уште повеќе те привлекува. Но бидејќи ја знае твојата ситуација, не си помислила дека токму затоа пред тебе прикажува несекојдневна искреност? Не дозволувај да бидеш повредена уште еднаш во толку краток период. Ако му кажеш што чувствуваш за него, ќе направиш голем хаос во твојот живот. Дружи се со него но не преземај ништо прва. Не оставај и тој да го прави тоа, се` додека има девојка. Не губиш ништо и никогаш. Тој ако не те сака, џабе ќе му кажеш. Ако те сака, ќе си реши што треба со девојката, па ќе ти се обрати потоа тебе. За сето тоа треба време. Не брзај, премалку го знаеш за да донесуваш заклучоци дека е најсовршената прилика за која ќе се каеш ако не ја грабнеш. Значи од друг аспект и од мене имаш едно големо НЕ. :)

Може ли мене некој да ми помогне ? Совет некаков... Се наоѓам во безизлезна ситуација и подобро да умрам. Имам дечко, долго време сме заедно ама треба да се вериме во најскоро време. Јас никогаш не сум чувствувала нешто за него а нема ни да почувствувам. Толку време се трудев ама џабе. Не знам како дозволив да дојде до тука работава. Дечково е единствен. Многу згоден, паметен, мирен, скромен и ептен ми оди по ќејфот а јас го газам. Колку пати сум создала ситуација за да се скараме и да ме откачи ама не. За нас сите знаат и сите очекуваат да се вериме. Сега ептен е незгодно и непријатно да го откачам, не знам како да го откачам. А и мислам дека ако ја испуштам оваа прилика, сигурна сум дека ваква веќе нема да имам. Ама не го сакам, не го поднесувам ни секунда, не ми доаѓа од душата. Не поднесувам ни да ми се доближи, мразам кога ми се јавува и треба да се видиме. Неопишлива антипатија. Многу добро знам да глумам, ама се чудам како не можам да одглумам љубов ? Стварно не знам како да го оставам, ќе го повредам. И доста повредував се околу мене, подобро јас жртва да бидам.
Знаеш што е безизлезна ситуација? Пример, додека се возиш со авион над некој океан откажуваат сите мотори, тој паѓа а ти немаш излез како да преживееш. Ај да беше копно, ама океан е...:)
Ова твоево ич не е безизлезно. Имаш 6 месечна врска со дечко кој не те привлекува и се мислиш како да го оставиш? Или па, имаш 22 години и мислиш дека подобра прилика нема да најдеш? Кај со тој памет бе девојко! Најдобра прилика во сечиј живот е да се најде некој од кого секој ден ќе ни се превртуваат пеперутки во стомак, од чиј поглед ќе поцрвенуваме и во чие присуство ќе сакаме да сме 24/7. Твојот опис за најдобра прилика е смешен. Не те вреѓам, само ти кажувам директно колку погрешни сфаќања имаш. За некои работи си мала, а за некои си таман. Требаше до сега да знаеш дека твојот живот не го живее никој друг и затоа треба да правиш како што мислиш дека е најдобро за тебе. Требаше да знаеш и дека ќе знаеш дека си пред веридба тогаш кога ти ќе го посакаш тоа, а не кога сите се веселат за истото, а ти плачеш како да ти е наметнато. А да, треба да знаеш и дека не живееш во 16 век и дека и безтоа си премногу млада за такви циркузи. Звучам строго затоа што мислам дека само така може да се опамети збунет човек, а искрено ти посакувам се` најдобро.
Фала, пријатно. :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom