Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

T

Tetro

Гостин
Значи да биде себична и да гледа само она што и одговара на неа?
Типот има убава врска, нема потреба да му се меша.:toe:
Не, не, не. Мислата ми беше дека може да проба со време да го контактира без да има последици. Да си направат муабет тие во четири очи додека е со време.
Да не се одложува многу муабетот а таа да се затреска до крај, па после тоа да се родат кај неа поголеми очекувања од дотичниот господин.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
@Понесена
Според мене, не е убаво да се мешаш во нивната врска. Едноставно, не е хумано. Утре-задутре итоа како кармата ќе те начека, баш кога најмалце ќе ти треба лоша среќа :)
Моментално не се наоѓаш со ситуација во која можеш добро да пресудиш што чувствуваш и што сакаш, па секоја избрзана постапка може во иднина да предизвика лоши последици, во најмала рака да чувствуваш каење. Дај си многу време, исчисти ја главата од сите глупости, и после одлучи што ќе правиш.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Не, не, не. Мислата ми беше дека може да проба со време да го контактира без да има последици. Да си направат муабет тие во четири очи додека е со време.
Да не се одложува многу муабетот а таа да се затреска до крај, па после тоа да се родат кај неа поголеми очекувања од дотичниот господин.
Дечкото е зафатен, а она се заљубила у него пошо и се нашол како рамо за плачење и ги поседувал сите квалитети кои таа ги бара....ама на збор.
Што има да му праи муабет за нејзините чувства кога типот е зафатен? За што да не оддолжуваат?
Таа треба да си расчисти со себе дека нема потреба да се става таму кај шо не и е место. До сеа кога не била со него сигурно не и пораснале рогови, а и не се скратиле мажи па да се залетуе по дотичниот.
 
Понесена

..со виорот..
Член од
4 април 2011
Мислења
8
Поени од реакции
0
Македонка,разбирам,имаш фрустрација,ама не смееш да ме нарекуваш пијавица. Секому буквално може даму се случи истово,и ако ме читаше убаво ке видеше дека уште пред да ме утеши,одкако замина на ден два јас осетив дека не ја бива,дека не го гледам како пријател туку како повеќе. Нема ништо да расипам,верувам,ако е цврсто. Плус,он повеќе нема да прашува наивни прашања -зошто не зборуваш ко порано=...-да не ти згрешив негде- итн..

Го гледам каков е и како пријател,и како партнер,немам долгогодишно пријателство со него а се чувствувам чудно како сиве овие години така мирно не ми било кога мајками ме прегрнувала како што ми е сега. Баш тој тажен и депресивен момент престана да биде таков одкако му напишав порака дека му благодарам шо ме ислуша.

Мразам лицемерие,било од култура било од корист,не можам да му правам лице повеќе и кога ке ме праша шо ми е,а претходно ме одбил за кафе,да му кажам ништо бе,онака тапа ден на факс..ова е трета недела како го познавам,а ке помине без него пошто денес се врати во провинција.

Колку убава врска има само он си знае. Имам време на претек да ја испитам убавината. Мене не ми одговара да му кажам,себеси автоматски се ставам у таа -кучка позиција- у која никогаш не сум била во живот. Не ми одговара и затоа шо не се збуни кутриот,ке се врака назад да види дали ми дал повод,физички сум многу попривлечна од него во една прилика ми кажа дека се плаши да биде со убави девојки на пример како што сум јас,мислам дека ке остане истиот тој,мил и културен и смирен со понашање ама ке ме гледа со други очи,оваа доага кај мене липајки а наредниот ден ме сака?

Колку сум конфузна во себеси,првпат се наоѓам во ваква ситуација,се на се само 3 врски сум имала во живот од кои две пропаднале заради таква како мене..

еден детал кој сега ми светна,двапати пешавчевме у маало до дукан,и од нигде негде се зганџаа мачки и куче. Јас се преплашив,а господинот нежно ми ја префрли рака преку рамо и ја држеше така 10 метра додека не си брцнав у ташна кобајаги телефонот,пошто ми минуваа морници одкако ме гушна. Ситуација 2.се вракаме од кафич кај шо гледавме фубдал,идеме по улица,тема за бебиња,истото нежно префрлување на рака преку рамото..некои исто така 10 метра..е вториот пат веќе знаев дека не е добро тоа шо го осекам.

Пред да ме осудите,да знаете дека МРАЗАМ во што ме претворат овие чувства,уште не сум му кажала а веке лошо се осеќам поради тоа шо се убацувам ко џокер у покер..ама ако не му кажам никогаш нема да си простам себеси,разбран е,зрел е,сигурно одкако ке му кажам отворено ке знае како или да ме тргне од себе,или даме задржи за пријател на дистанца,пошто јас повеќе не го можам тоа..Тешко ми е да глумам,да се преправам,да се однесувам идиотски со него само затоа што не можам да бидам тоа шо сум,да го гушнам и да му кажам оти имам чувства према него шо не можат да се дефинират,а ме излудуват!
 
Член од
5 април 2011
Мислења
14
Поени од реакции
4
Може ли мене некој да ми помогне ? Совет некаков... Се наоѓам во безизлезна ситуација и подобро да умрам. Имам дечко, долго време сме заедно ама треба да се вериме во најскоро време. Јас никогаш не сум чувствувала нешто за него а нема ни да почувствувам. Толку време се трудев ама џабе. Не знам како дозволив да дојде до тука работава. Дечково е единствен. Многу згоден, паметен, мирен, скромен и ептен ми оди по ќејфот а јас го газам. Колку пати сум создала ситуација за да се скараме и да ме откачи ама не. За нас сите знаат и сите очекуваат да се вериме. Сега ептен е незгодно и непријатно да го откачам, не знам како да го откачам. А и мислам дека ако ја испуштам оваа прилика, сигурна сум дека ваква веќе нема да имам. Ама не го сакам, не го поднесувам ни секунда, не ми доаѓа од душата. Не поднесувам ни да ми се доближи, мразам кога ми се јавува и треба да се видиме. Неопишлива антипатија. Многу добро знам да глумам, ама се чудам како не можам да одглумам љубов ? Стварно не знам како да го оставам, ќе го повредам. И доста повредував се околу мене, подобро јас жртва да бидам.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.655

Колку време си со дечково ?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Македонка,разбирам,имаш фрустрација,ама не смееш да ме нарекуваш пијавица.
Ми се гади од такви особи:pov:
Пред едела дена речиси, само шо се врати он во Скопјево.го викнав кај мене како шо ни беше адет да пиеме кафе да промуабетиме,и тој богати љубим ми пишува дека неговата женска мисли дека има нешто мегу нас,како што мислеле сите други и дека на него воопшто не му е гајле како другите мислат идејки се знае самиот,но поради девојкаму мора да се одттргне малку,кафе пиењето ке остане секако..но седењето навечер гледање филмови и крати играње неповратно замина во историјата.

Добро си викам,и ја да сум на нејзино место бетер ке реагирам
Се читаш колку си безобразна и лицемерна?
Значи коа се работи за неговата девојка, ок е...ама ти да си на нејзино место бетер би реагирала :tapp:
Сто стапа по туѓ грб, помалку болат.

Пред да ме осудите,да знаете дека МРАЗАМ во што ме претворат овие чувства,уште не сум му кажала а веке лошо се осеќам поради тоа шо се убацувам ко џокер у покер..
Епа дистанцирај се бе девојче. Кажи му дека имаш обврски, за учење, кафе со пријатели... Олади малку. Не напнувај.

ама ако не му кажам никогаш нема да си простам себеси,разбран е,зрел е,сигурно одкако ке му кажам отворено ке знае како или да ме тргне од себе,или даме задржи за пријател на дистанца,пошто јас повеќе не го можам тоа..
Тешко ми е да глумам,да се преправам,да се однесувам идиотски со него само затоа што не можам да бидам тоа шо сум,да го гушнам и да му кажам оти имам чувства према него шо не можат да се дефинират,а ме излудуват!
Во ситуацијава, молчењето е злато.
Ако навистина ти значи, остави го да биде среќен со таа што ја сака.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.966
Поени од реакции
45.240
Може ли мене некој да ми помогне ?
Девојко, ваквите ко тебе, со ваквиот ( навлезен длабоко во минус ) начин на размислување се причината за моментот Развод, растурени бракови, семејства, пореметено детство и низа други деструктивни нешта што егзистираат во животот а веруј ми, не се пожелни ...

Човек со импотентна амеба у глава може да ти го даде одговорот кој ќе ти ги разреши сите дилеми, а тоа е ставање крај на оваа ' врска ', едноставна работа која нема потреба да ја комплицираш ( иако тоа е карактеристика кај голем број на луѓе ), па уште и прашуваш, човече, се прашуваш за нешто што нема иднина, нешто што не постои и нешто што никогаш нема да постои, тука всушност у некој утопичен свет не треба да има дилема, не треба да има две опции, ова да направам или она да направам ...

Твое е да одлучиш, дали ќе ставиш крај на нешто што всушност и не постои, или ќе ја направиш најголемата грешка во твојот живот од која ќе произлезат низа други енормни проблеми во иднина, размисли малце, што би имало тука поголема тежина во случај кога крајот е неизбежен и е единствена опција која е прашање на време само кога ќе се случи, дали сега, или подоцна.

Дали сега ќе го повредиш, или утре, сеедно, ко што реков, тоа е НЕИЗБЕЖНО, претпоставувам возрасна си чим правиш муабет и за верење, па срамота е да ти црта некој во која ситуација на неизбежното ( крајот ) типот повеќе ќе пати, а и ти аналогно на фактот што размислуваш за верење а под дифолт тука доаѓа и семејство ( со твојот стил на размислување и одовлекување на крајот и до таму ќе стигнеш ) и триста други пропратни работи. :smir:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
@ Понесена како најпрвин сакам да ти кажам дека те разбирам потполно што си се обратила пошто во тешки моменти и не можеш да размислиш подобро кој чекор да го направиш и еве си побарала совет од поискусен човек кој ти помогнал.
Но запрашај се подобро,дали си сигурна дека го сакаш или само си навикната на неговото присуство?зошто ако не си сигурна не прави ништо,не превземај чекори за да му кажеш што всушност се случува со тебе.Зошто аско навистина не го чуствуваш тоа,може да се случи и да расипеш врска за која велиш дека неговата девојка не е привлечна ама еве тој ја сака,и +да си изгубиш пријател кој утре ке ти е потребен а нема да го имаш.
Од друга страна можеби и не се чуствува срекно во врската тој ама еве со нејзе е.Тука ти не можеш ништо.
Да беше сингл би ти советувала да му признаеш,ама вака и да ти кажам да му признаеш можеш да расипеш врска како што веке напоменав.
Само разговарај со него и прашај го каква е неговата врска,дали ја сака,па од неговото објаснување ке приметиш дали имаш шанси со него или не.

@Синдерела
Добро си се сетила да се обратиш некому за овој проблем.
Ke ти поставам неколку прашања.
1:Како би се чуствувала доколку ти си на неговото место и нeкој така да ти прави тебе
-Внимавај што ке одговориш и како ке продолжиш понатаму пошто тоа може да ти се врати како бумеранг подоцна
2:Зошто воопшто си била во врска со него а не го сакаш па и плус си се верила?
-Бракот не е обична работа и да се разделиш со него кога ти текне тебе,зошто не го сакаш.Бракот е за цел живот,утре може ке имате деца а тебе ке ти текне да се разведеш зошто не можеш да го трпиш неговото присуство,така и децата ке ги повредиш,не само него.
3:Велиш дека нема да имаш друга шанса,а мислиш ли дека е подобро да лажеш некого дека го сакаш само затоа што нема да имаш шанса да најдеш друг сопатник?
Are you serious?
Не биди себична,не го лажи човекот и реши ја таа работа,незгодно и било да го откачи,а тебе не ти е што го лажеш?
Се извинувам доколку бев груба,не сакам да ти се мешам во твоите одлуки,ама размисли најпрвин дали би стапила во брак под вакви околности?
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.655
6 месеци. Ве молам дајте некој совет што да правам да продолжам или не ?
6 месеци си била со некого и си глумела нешто што не си ?
-Срамно, жално, подмолно. Тоа имам ја да ти кажам.

Другото, ете Syn фино ти објаснил, прочитај го и размисли до каде мислиш да тераш.
 
Понесена

..со виорот..
Член од
4 април 2011
Мислења
8
Поени од реакции
0
врската ке ја расипам ако она веке одамна пред мене била гнила. Никогаш не му се напикав,никогаш не флертував,не сте свесни колку лошо морам да се однесувам само да не дадам до знаење која дубина сум ја зафатила.

Македонка,ке те замолам да престанеш да реплицираш,повеќе не те читам и не ти дообјаснувам. Ја сватив девојка му,ТОА САКАВ ДА КАЖАМ,ЈА СВАТИВ ДЕВОЈКА МУ ЗАТОА ШТО И ЈАС И РЕАГИРАЛА ИСТО,и испоштував се што таа индиректно ми порача,мене,како на пријателка на нејзиниот дечко. Е сега мислев и вака,чим она се исплашила од мене,после 3-4 години врска гледа закана во мене,тогаш кај и е нејзе самодовербата,каде и е нејзе цената,каде им е сега врската? Господинот се чувствуваше добро во мое друштво,напоменувам,уште пред крахот на мојата врска почнав да го гледам чудно. Не е ова потреба да се биде со некој за да не се биде сама,затоа што има многу со кои БИ МОЖЕЛА ДА БИДАМ,ама очајно делува сето тоа рипање,свесна сум,милион пати ти објаснив дека ич ама ич не ми е лесно оти сум трета,и имам најголеми шанси да се избрукам во оваа ситуација повеќе од било кога у живот!

Според тоа како јас го доживувам како човек,имам две опции,да му кажам што чувствувам и да се повлечам зошто ке биде идиотски да прекинам контакт со беден изговор а и јаске се осекам мизерно. И втората, да му НАПИШАМ евентуално што чувствувам и да му кажам дека сум свесна за неговата врска и љубов према неа,и дека ке го поштувам секоја негова желба,било да биде тоа дистанца или пак пријателство,шо никад не би функционирало ОК откако би му кажала. У секој случај морам да му кажам,не сум тип шо држи вакви работи за себе,подобро мие да ме отера тој лично,отколку сама јас без да видам сум имала ли сепак и најмала шанса.

п.с. живееме у ист двор ебате! ИСТ ДВОР!
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
@Понесена
Нормално е дека сакаш да ги споделиш емоциите со типот кон кого ти се насочени.
Ако му ги признаеш, можеби нема да влијаеш катастрофално на врската, можеби и никако нема да влијаеш... но, и него ќе го збуниш. Ќе го ставиш во многу чудна, непријатна положба, а сето тоа ќе биде беспотребно. Твојот товар ќе му го префрлиш нему.
Подобро е да се дистанцираш некое време и да измислиш оправдување. Со тоа ќе си создадеш превенција од понатамошни борби со себеси (доколку твоите чувства за типот се поради тоа што во овој период си многу слаба), а ако е the one, секако во иднина ќе ти бидат побистри работите и ќе донесеш подобри одлуки.
Почекај да видиш дали во твојата ситуација важи народната: „Секое чудо за три дена“.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
14
Поени од реакции
4
Девојко, ваквите ко тебе, со ваквиот ( навлезен длабоко во минус ) начин на размислување се причината за моментот Развод, растурени бракови, семејства, пореметено детство и низа други деструктивни нешта што егзистираат во животот а веруј ми, не се пожелни ...

Човек со импотентна амеба у глава може да ти го даде одговорот кој ќе ти ги разреши сите дилеми, а тоа е ставање крај на оваа ' врска ', едноставна работа која нема потреба да ја комплицираш ( иако тоа е карактеристика кај голем број на луѓе ), па уште и прашуваш, човече, се прашуваш за нешто што нема иднина, нешто што не постои и нешто што никогаш нема да постои, тука всушност у некој утопичен свет не треба да има дилема, не треба да има две опции, ова да направам или она да направам ...

Твое е да одлучиш, дали ќе ставиш крај на нешто што всушност и не постои, или ќе ја направиш најголемата грешка во твојот живот од која ќе произлезат низа други енормни проблеми во иднина, размисли малце, што би имало тука поголема тежина во случај кога крајот е неизбежен и е единствена опција која е прашање на време само кога ќе се случи, дали сега, или подоцна.

Дали сега ќе го повредиш, или утре, сеедно, ко што реков, тоа е НЕИЗБЕЖНО, претпоставувам возрасна си чим правиш муабет и за верење, па срамота е да ти црта некој во која ситуација на неизбежното ( крајот ) типот повеќе ќе пати, а и ти аналогно на фактот што размислуваш за верење а под дифолт тука доаѓа и семејство ( со твојот стил на размислување и одовлекување на крајот и до таму ќе стигнеш ) и триста други пропратни работи. :smir:
Ве молам ставете се на мое место. Јас цело време се обидувам да почувствувам нешто кон него. Не сакам да го оставам, зашто после цел живот ќе го барам идеалниот, а со овој е се во ред, мислам дека е принцот на бел коњ, се само љубов нема. Ако овој дечко го испуштам, знам само дека полош ќе најдам никако подобар. Иначе 22 години имам а тој 24.

--- надополнето ---

6 месеци си била со некого и си глумела нешто што не си ?
-Срамно, жално, подмолно. Тоа имам ја да ти кажам.

Другото, ете Syn фино ти објаснил, прочитај го и размисли до каде мислиш да тераш.
Не сум глумела. Се трудам да го засакам.

--- надополнето ---

@Синдерела
Добро си се сетила да се обратиш некому за овој проблем.
Ke ти поставам неколку прашања.
1:Како би се чуствувала доколку ти си на неговото место и нeкој така да ти прави тебе
-Внимавај што ке одговориш и како ке продолжиш понатаму пошто тоа може да ти се врати како бумеранг подоцна
2:Зошто воопшто си била во врска со него а не го сакаш па и плус си се верила?
-Бракот не е обична работа и да се разделиш со него кога ти текне тебе,зошто не го сакаш.Бракот е за цел живот,утре може ке имате деца а тебе ке ти текне да се разведеш зошто не можеш да го трпиш неговото присуство,така и децата ке ги повредиш,не само него.
3:Велиш дека нема да имаш друга шанса,а мислиш ли дека е подобро да лажеш некого дека го сакаш само затоа што нема да имаш шанса да најдеш друг сопатник?
Are you serious?
Не биди себична,не го лажи човекот и реши ја таа работа,незгодно и било да го откачи,а тебе не ти е што го лажеш?
Се извинувам доколку бев груба,не сакам да ти се мешам во твоите одлуки,ама размисли најпрвин дали би стапила во брак под вакви околности?
1. Некој ова да ми го прави мене признавам нормално ќе се чувствувам лошо а и не ќе можам да најдам причина зошто да е со мене кога не може да ме поднесе.
2.Единствената причина што почнав со него е таа што оваа прилика ми дојде ко кец на десетка. Не можам да најдам зборови да објаснам какво е ова момче, сон на секоја девојка. Не сум се верила туку пред веридба сум. И ужасно од моја страна кога сите се радуваат и спремаат за веридбата (а јас плачам, плачам по цели ноќи), јас како гром од ведро небо да кажам дека раскинувам. Ќе испаднам неодговорна, детинеста и кој знае што ќе си помислат дека најдов друг, дека сакам друг а тоа не е точно.
3.Ќе најдам друг сопатник ама никогаш како овој. Згоден, интелигентен, полн со разбирање, премногу ме сака, ме почитува, се ми оди по ќејфот, секогаш е тука ако ми затреба нешто, се би направил за мене. Друштвен, позитивен... Стварно не можам да го опишам од толку што е прекрасно детево. Проблемот е тој што јас не поднесувам да сум со него, да сме блиски... Нема никаква причина и стварно не можам да ја оправдам мојава антипатија спрема него. Едноставно не ми доаѓа од душата :(((((((((((((((((((((((((
 
Kajgana Shop

На врв Bottom