Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Сто посто немаат никого пуштено со шишиња алкохол.
На извесни личности со пиштол ги пуштаја, за кило ракија не се прајт проблем.:D:D
 
А ти да ми кажеш кој ги претресува куферите Визз или некој друг?
Аеродромска контрола. Виз немат никаква врска со куфери, рачни багажи и слично..
 
Само да јавам дека средив со чекирањето и не кажувам како за и други да се мачат како мене. Да се јавуваат на Контакт центар и да плаќаат по 40-50ден/мин разговори за да осетите на своја кожа што значи смрдена авио компанија.

Се јавувам за откажување на лет-

Хелоу одбери број 1 за англиски јазик...џабе стискаш 1 додека не помине редот и на рускиот јазик до број 10...поминала минута...ОК

Одбирам 1 ми се јавува љубезен тип од англиско говорно подрачје,зема податоци се за една минута...таман да потврдам откажување на лет СЕ ГАСИ ЛИНИЈАТА!!!

Од тогаш 3 пати ми пуштаат приспивна музика по 2 минути после одбраниот број 1 за англиски јазик...

Препорака- бегајте што подалеку од овие смрдливци,иако би платиле повеќе за самото патување,вакви идиотштини ме вадат од кожа!
 
Здраво дечки. Имам едно прашање на кое што на сите можни места каде што прашав добив различен одговор, па еве ќе се обидам и тука. Првпат ќе летам, па поради ниската цена го избрав визер. Поради тоа што се работи за само 3 дена, избрав да не плаќам за голем кабински багаж, туку да внесам само мал кабински багаж за кој што не се доплаќа ништо. Бидејќи ќе патувам во пар, а поради тоа што цените на храната во копенхаген се прилично високи, ми дојде идеа едниот ранец да го наполниме со облека а вториот ранец да го наполниме со храна. Меѓутоа, визер нема е-маил за контакт, туку само скапа телефонска линија, па бев приморан да најдам одговор дали е дозволено да се внесе толку храна во авионот. Прашував по разни форуми, прашував по туристички агенции, прашував по другари но од сите добив различен одговор. Најчест одговор што го добив е дека може да се внесе храна во количина колку што нормален човек може да изеде за времетраење на летот (на пр 2-3 кроасана). Вториот најчест одговор беше дека е целосно забрането внес на храна, освен храна за бебиња. Третиот одговор кој што го добивав е дека не постои ограничување, и дека може да се внесе и цел ранец со храна. Дали некој од вас пробал да внесе некое сигнификантно количество на храна горе во кабина со него (не збориме за чекиран багаж, туку само за кабински)? Доколку да, кој е лимитот, секако доколку има лимит. Ве молам споделете искуства
Јас имам летано со Виз и со Рајан со храна во кабинскиот багаж. Неколку сендвичи, неколку чоколади, чоколадни лижавчиња и macaroons колачиња кои и ги купив како поклон на сестра ми, не ми правеа проблем.
Првиот пат кога летав со Виз не знаев за правилата и имав швепс мало шишенце со мене, него ми го фрлија.
 
Сигурно од Визз не ти го фрлиле шишето
 
За кабинскиот багаж со сигурност можам да ти кажам дека не смееш да носиш течност повеќе од 100мл (парфем , паста за заби, гел за туширање, гел за коса, дезодоранси) сега во јуни летав за австрија и за англија, ми го земаја кутивчето со гел за коса и рексона спреј за под мишки. Еден до мене имаше 5-6 конзерви гулаш сите му ги земаа читаат колку мл течност има во конзервата. Ова сето беше пред нападот у истанбул. Сега мислам дека се уште построги. Купив шише вино на македонскиот фришоп пред полетување и у минхен на аеродромот 10 мин го проверуваа шишето мереа колку тежи дали е стандардно и дали е според етикетата. Моја препорака ти е воопшто храна да не носиш во кабински багаж. туку во регуларен багаж. Но сепак јас летав со редовни линии( туркиш аирлинс, аустриан и БЕ2) не со визаир.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Само да јавам дека средив со чекирањето и не кажувам како за и други да се мачат како мене. Да се јавуваат на Контакт центар и да плаќаат по 40-50ден/мин разговори за да осетите на своја кожа што значи смрдена авио компанија.
Го имам истиот проблем како тебе, за одење ми бараше виза внесов хххх или незнам што и се чекираше без проблем, сега за враќање ми ја дава истата грешка како тебе и неможе да се чекира.

Дали и некој друг го има/л истиов проблем и како го решивте ?
 
Оди на https://book.wizzair.com/en-GB/FlightSearch - тоа е старата страница, не бара да внесеш број за виза.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom