Сосема спонтано летово завршив во пола градови од Македонија.
Сосема спонтано во ист викенд бев во Кочани, Велес, Битола, Свети Николе и Струмица (и тоа со воз).
Сосема спонтано завршив во Демир Хисар и за прв пат во животов се возев со веспа (мрзам мотори).
Сосема спонтано бев во Битола пет пати.
Сосема спонтано ги повлекувам сите лоши зборови кажани за Охрид.
Сосема спонтано посетив четири манифестации од селски тип, Пивофест во Прилеп, Етнофест во Берово, Пастрмајлијада во Штип и Пиволенд (присуство на сите денови).
Сосема спонтано завршив во дискотека во Кочани и се заљубив во Амадеус Бенд.
Сосема спонтано им бев на концерт во Привилиџ и сосема спонтано го знаев текстот на сите песни што ги испеаа.
Сосема спонтано се помочав во гаќи кога видов дека ќе пеат на Виноскоп.
Сосема спонтано испив десеткратно повеќе алкохол од цел живот претходно.
Мајка ми го сумираше летово со една реченица, "толку глупости не си направил од 13 години".
Се сврте животниот круг, ми беше потребно вакво лето, али од друга и не баш
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Една година ми треба да спијам за да ја надокнадам несоницата.
Никогаш да не се повтори...